Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 5-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 21.02.2018 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 10 точка 8; член 29 став 3 и член 70 став 7 од Законот за здравственото осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009, 50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 16/2013, 91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 112/2014, 113/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 98/2015, 129/2015, 150/2015, 154/2015, 192/2015, 217/2015, 27/2016, 37/2016, 120/2016, 142/2016 и 171/2017).
Реферат У.бр.45/2017

2. – Член 28 став 1 во делот: „Барањето за извршување на извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 eвра задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис, освен во случаите кога доверител при извршувањето е Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице”;
– член 34 став 8 во делот :„Предност во рангирањето има оној кандидат со подолг работен стаж стекнат кај извршител, нотар, адвокат, во правосудни органи и органи на државна управа од областа на правосудство и финансии.“
– член 86 став 1 во делот: „Приговорот на извршно дејствие во предметите по извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 евра задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис, освен во случаите кога како странка во извршувањето се јавуваат Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице“;
– член 87 став 1 во делот: „Жалбата против решението донесено по приговор на извршно дејствие во предметите по извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 евра задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис освен во случаите кога жалбата ја поднесува извршителот кој преземал извршни дејствија, или кога како странка при извршувањето се јавуваат Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице, и
– член 218 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/2016 и 142/2016).
Реферат У.бр.46/2017

3. – Член 2 став 1 во дел: „и исполнет нормиран учинок“ и ставовите 2, 3 и 4; член 4 став 1; член 7-б ставови 1 и 3 од Законот за минимална плата во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија бр.11/2012, 30/2014, 180/2014, 81/2015, 129/2015 и 132/2017), и
– член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.132/2017).
Реферат У.бр.133/2017

4. Член 112 став 2 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015).
Реферат У.бр.139/2017

5. – Одлука бр. 08-4160/28 од 22.03.2017 година за поништување на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план „Голем ринг-Јужен дел-Запад“-Општина Центар-Скопје, бр.07-5569/18 од 18.07.2012 година, донесена од Советот на Општина Центар и Решение бр.09-4160/29 од 22.03.2017 година за објавување на означената одлука, донесено од градоначалникот на Општина Центар („Службен гласник на општина Центар“ бр.6/2017);
– Одлука бр.08-4160/30 од 22.03.2017 година за поништување на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план „Централно зеленило покрај реката Вардар-Јужен дел“-Општина Центар-Скопје бр.07-6530/12 од 13.09.2012 година донесена од Советот на Општина Центар-Скопје и Решението бр.09-4160/31 од 22.03.2017 година за објавување на означената одлука донесено од градоначалникот на Општина Центар („Службен гласник на општина Центар“ бр.6/2017);
– Одлука бр.08-4160/32 од 22.03.2017 година за поништување на Одлуката за донесување на изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за „Централно градско подрачје на Град Скопје-Мал ринг” Општина Центар-Скопје број 07-9816/8 од 21.12.2012 година, донесена од Советот на Општина Центар-Скопје и Решението број 09-4160/33 од 22.03.2017 година за објавување на означената одлука, донесено од градоначалникот на Општина Центар („Службен гласник на општина Центар“ бр.6/2017) и
– Одлука бр.08-4160/34 од 22.03.2017 година за поништување на Одлуката за донесување на изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план „Голем ринг – Јужен дел – Исток“ – Општина Центар – Скопје донесена од Советот на Општина Центар, број 07-2780/18 од 05.04.2012 година, донесена од Советот на Општина Центар – Скопје и Решението бр.09-4160/35 од 22.03.2017 година за објавување на
означената одлука, донесено од Градоначалникот на Општина Центар („Службен гласник на општина Центар“ бр.6/2017).
Реферат У.бр.42/2017

6. Член 2 став 1 точка 1 алинеи 1 и 2 и член 2 став 1 точка 2 алинеи 1 и 2 од Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈПКД „МАВРОВО“ од Маврови Анови, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие на 06.12.2010 година, бр. 0202-957 од 06.12.2010 година.
Реферат У.бр.142/2017

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот
У.бр.87/2017 со нацрт-одлука