Дневен ред за 12. седница закажана за 9 април 2024 година (вторник)

Уставниот суд на 9 април 2024 година (вторник) со почеток во 9:30 часот ќе ја одржи 12. седница со дневен ред на која се предвидени 14 (четиринаесет) иницијативи за оценување на уставност и законитост и предвидени се 5 (пет) предлози за одлучување со нацрт-одлуки.

1. Реферат У.бр.16/2024

Оспорен: Член 16 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Куманово („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.12/2009)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

2. Реферат У.бр.23/2024

Оспорен: Член 18 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Oпштина Кривогаштани бр.07-921/6 од 26.12.2011 година („Службен гласник на Oпштина Кривогаштани“ бр.17/2011)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

3. Реферат У.бр.24/2024

Оспорен: Член 14 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Oпштина Свети Николе бр.0701-205 од 06.03.2006 година („Службен гласник на Општина Свети Николе“ бр.2/06)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

4. Реферат У.бр.34/2024

Оспорен: Член 14 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.5/2006, 2/2012 и 4/2015)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

5. Реферат У.бр.37/2024

Оспорен: Насловот на поглавјето 9.„Автентично толкување на општи акти“ и членовите 115,116, 117 и 118 од Деловникот на Советот на Општина Демир Хисар („Службен весник на Општина Демир Хисар“ бр.03/2002)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

6. Реферат У.бр.51/2024

Оспорен: Член 12 алинеја 3 од Деловникот на Општина Босилово („Службен гласник на Општина Босилово“ бр.27/2007)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

7. Реферат У.бр.55/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Дојран („Службен гласник на Општина Дојран“ бр.19/2007 и 3/2023)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

8. Реферат У.бр.56/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Чучер Сандево бр.08-470/4 од 29.04.2021 година

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

9. Реферат У.бр.58/2024

Оспорен: Точка 9. Автентично толкување и утврдување на пречистен текст и членовите 96, 97 и 98 од Деловникот за работа на Советот на Oпштина Радовиш бр.07-2151/1 од 19 декември 2005 година („Службен гласник на Oпштина Радовиш” бр. 8/2005)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

10. Реферат У.бр.68/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Чешиново-Облешево („Службен гласник на Општина Чешиново-Облешево“ бр.5/2006 од 5 јуни 2006 година)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

11. Реферат У.бр.69/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Демир Капија бр. 0701-487/5 од 23.12.2005 година

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

12. Реферат У.бр.79/2024

Оспорен: Член 20 алинеја 3 од Деловникот за работа на Советот на Општина Ѓорче Петров („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” бр.12/2006)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

13. Реферат У.бр.80/2024

Оспорен: Насловот во Глава VIII точка 10. „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 128,129,130 и 131 од Деловникот на Советот на Општина Пробиштип бр.07-501/11 од 30.09.2005 година

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

14. Реферат У.бр.83/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Пехчево бр.01-354/1 од 15.03.2024 („Службен гласник на Општина Пехчево” бр.3/2024)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

15. Предлог за одлучување по У.бр.93/2023

Оспорен акт: Одлука за суспензија од примена на Детален урбанистички план за дел од Урбан блок 48 (дел 2) и за дел од У.Е. „Б.С. Гојчо“, дел од Урбан блок 44, плански опфат помеѓу бул. „Трета МУБ“, ул. „Перо Чичо“, ул.„Прва петолетка“ и ул.„Миле Кипра“- Општина Куманово, (2018-2023) со површина од 3.24ха, со технички број 18/18 од јули 2021, изработен од ДУПИ Планерис ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, донесен со Одлуката бр. 09-9525/41 од 28.12.2021 година, број 09-4569/3 од 6 јуни 2023 година („Службен гласник на Општина Куманово“ број 9 од 07.06.2023 година).

Подносители на иницијативата: ДПТУ УПМ-ГРУП ДООЕЛ Куманово, ТДВНППУ ХРОМАК Емил ДООЕЛ увоз – извоз Куманово, Бранислав Иваноски, Мирослав Иваноски и други, сите од Куманово, застапувани од полномошниците, адвокатот Виктор Божиновски и адвокатот Борче Ивановски од Куманово

Уставниот суд на Република Северна Македонија со Решение У.бр.93/2023 од 14 февруари 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста на оспорената одлука. Судот смета дека има отстапки во постапката за донесување на оспорената одлука, која води кон повреда на начелото на владеењето на правото, поради што основано може да се изрази сомневање во согласноста на оспорената одлука со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

16. Предлог за одлучување по У.бр.145/2023

Оспорен акт: Правилник за формата и содржината на прекршочниот платен налог („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.285/2022 од 28 декември 2022 година)

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

Со Решение У.бр.145/2023 од 31 јануари 2024 година, Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на оспорениот правилник бидејќи Судот утврди дека е пречекорен уставниот рок за објавување, односно истечен е рокот од седум дена за објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“, поради што основано се постави прашањето за уставноста на овој правилник, односно неговата согласност со член 52 став 2 од Уставот.

17. Предлог за одлучување по У.бр.147/2023

Оспорен акт: Правила за постапување по приговори и за разрешување на спорови („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.132 од 26.06.2023 година), број 01-1328/1 од 12 јуни 2023 година, донесени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

Уставниот суд на Република Северна Македонија, со Решение У.бр.147/2023 од 18 октомври 2023 година, поведе постапка за оценување на уставноста на оспорениот акт бидејќи Судот утврди дека е пречекорен уставниот рок за објавување, односно поминати се повеќе од седум дена за објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“, поради што основано се постави прашањето за уставноста на овие правила, односно нивната согласност со член 52 став 2 од Уставот.

18. Предлог за одлучување по У.бр.27/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Аеродром („Службен гласник на Општина Аеродром“ бр.1/2006, 19/2012 и 15/2020).

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

Уставниот суд на Република Северна Македонија, со Решение У.бр.27/2024 од 7 февруари 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одредба од Деловникот на Советот на Општина Аеродром. Со оглед на фактот дека автентичното толкување е уредено во наведените одредби на Деловникот, со што Советот на Општината ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа, во однос на кои Судот изразува сомнеж за нивната уставност и законитост, е доволна причина за Судот да го покрене прашањето за уставноста и законитоста на одредбите што се предмет на оспорување.

19. Предлог за одлучување по У.бр.66/2024

Оспорен: Член 43 алинеја 3 од Деловникот на Општина Валандово („Службен гласник на Општина Валандово“ бр.7/2013, 6/2019 и 10/2020).

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

Уставниот суд на Република Северна Македонија, со Решение У.бр.66/2024 од 21 февруари 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одредба од Деловникот. Предмет на уредување е определено право за член на Советот да бара автентично толкување на донесените акти, иако од Уставот и Законот за локалната самоуправа не произлегува овластување за совет на општина или негов член да дава или бара автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту наведениот закон упатува на можност во друг акт (статут или деловник на општина) да се уреди постапка за автентично толкување на општите акти, поради што Судот оцени дека постои сомнение за согласноста на оспорената одредба со принципот на владеењето на правото од член 8 став 1 алинеја 3 и уставната обврска за усогласеност на прописите со Уставот и законите, определена во член 51 од Уставот, како и со Законот за локалната самоуправа.