У.бр.87/2011

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 3 октомври 2012 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 7 став 2, во делот

2. Лотарија на Македонија – Акционерско друштво за приредување игри на среќа и забавни игри на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на членовите од Законот означен во точката 1 од ова решение.

Според наводите во иницијативата со оспорените одредби од Законот, се ограничувала слободата на пазарот и претприемништвото, воспоставувајќи монопол на трговското друштво за приредување игри на среќа во кое Република Македонија е содружник или акционер со 51% од основната главнина, истовремено се повредувала еднаквата правна положба на субјектите на пазарот.

Со оспорените одредби се монополизирале лотариските и електронските игри, освен томболата од затворен тип, само за трговското друштво во државна сопственост, а правото на приредување на останатите игри на среќа можеле да се пренесат на други трговски друштва со издавање на лиценца, односно дозволи. Од овие причини според иницијативата оспорените одредби биле во директна спротивност со духот и суштината на член 55 од Уставот на Република Македонија. Според иницијативата, не постоела уставна основа државната сопственост да има супремација во однос на другите видови на сопственост во вршењето на стопанските дејности, односно во економските односи.

Со нормирање на нееднакви услови на стопанисување на приредувањето на игри на среќа како што се чини во оспорените одредби, според иницијативата, исто така се нарушувала слободата на пазарот и претприемништвото. Имено, нема уставно правна основа трговско друштво во државна сопственост, за вршење на одредена стопанска дејност да има различна правна положба и статус, а со тоа и различни поповолни услови за стопанисување со останатите трговски друштва кои ќе можат да ја вршат оваа дејност. На овој начин се нарушувала еднаквата правна положба на субјектите на пазарот и пазарните услови на стопанисување,со што се повредувал член 55 од Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека според член 7 ставови 2 и 4 од Законот, лотариските и електронските игри на среќа, освен томболата од затворен тип, Република Македонија самостојно ги приредува со основање на трговско друштво за приредување на игрите на среќа во кое Република Македонија е содружник или акционер со најмалку 51% од основната главнина. Правото на приредување на останатите игри на среќа и забавните игри утврдени со овој закон, вклучувајќи ја и томболата од затворен тип, Република Македонија го пренесува со издавање на лиценца, односно дозвола на трговските друштва, односно трговец поединец, кои ги исполнуваат условите утврдени со овој закон.

Според член 41 став 2 од Законот, за добивање лиценца за приредување на томбола од затворен тип се плаќа надоместок во износ од 100.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата.

Според член 54 став 1 од Законот, за приредување на електронските игри на среќа приредувачот на игрите плаќа надоместок во износ од 30 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата, месечно по терминал.

Во смисла на член 58 став 2 од Законот, за добивање на лиценца за приредување на игри на среќа во казино се плаќа надоместок во износ од 600.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата.

Согласно член 74 став 2 од Законот, за добивање лиценца за приредување на игри на среќа во обложувалница се плаќа надоместок во износ од 105.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата.

Според член 87 став 2 од Законот, за добивање лиценца за приредување на игри на среќа во автомат клуб се плаќа надоместок во износ од 78.750 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата.

Според член 98 став 3 од Законот, барање за добивање на лиценца за приредување интернет игри на среќа може да поднесе трговско друштво, кое е регистрирано во Република Македонија, кое има основна главнина од најмалку 40.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата и кое ги исполнува посебните услови пропишани со овој закон за оној вид на лиценца за интернет игри на среќа за кој се поднесува барањето.

Според член 101 став 3 од Законот, носителот на лиценцата за произведител плаќа надоместок за издавање на лиценцата во износ од 25.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата.

Во смисла на член 103 став 2 од Законот, носителот на лиценцата за приредување на интернет игри на среќа плаќа надоместок за издавање на лиценцата во износ од 50.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата.

4. Според член 8 став 1 алинеи 6 и 7 од Уставот темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија, меѓу другите, се правната заштита на сопственоста и слободата на пазарот и претприемништвото.

Според член 55 од Уставот, се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото. Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот. Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето.

Законот за игрите на среќа и за забавните игри ги уредува видовите, условите и начинот на приредување на игрите на среќа и забавните игри (член 1).

Во членот 2 од истиот закон е дадено појаснување по однос на значењето на одделни поими употребени во овој закон. Така, во точката 1 од членот 2 од Законот е наведено дека игри на среќа се игрите во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување на добивка со посредна или непосредна уплата на одреден износ *влог), а резултатот од играта исклучиво или претежно зависи од случајноста или од некој неизвесен настан во играта. Според точката 3 од овој член од Законот, приредувач на иггри на среќа е трговско друштво со седиште во Република Македонија на кое му е издадена лиценца, односно дозвола за приредување на игри на среќа и трговско друштво во кое содружник или акционер е Република Македонија и е основано за приредување на игри на среќа.

Точката 6 од членот 2 на Законот, определува дека лотариски игри на среќа се игри кои се приредуваат со јавно извлекување и кај кои однапред е одреден фондот на добивките, а точката 15 од истиот член од Законот утврдува дека електронски игри на среќа се игри на среќа кај кои извлекувањето се врши по пат на електронски или механички генератор на случајноста и резултатот се пренесува електронски, при што фондот на добивка не мора однапред да биде одреден.

Во членот 7 став 1 од Законот е предвидено дека приредувањето на игри на среќа и забавните игри утврдени со овој закон е право на Република Македонија, ако со овој закон поинаку не е уредено.

Од анализата на наведените уставни одредби произлегува принципот според кој сите субјекти на пазарот се рамноправни во вршењето на дејноста и во стекнувањето на доходот. Во рамките на уредувањето на условите за вршење на тие дејности, во зависност од нивните специфичности, со закон можат да се утврдат и посебни услови, но тие мора да се однесуваат еднакво на сите субјекти кои ја вршат соодветната дејност, а не само одделни од нив.

По однос на оспорените делови на член 7 став 2 во делот: “лотариските и електронските”, Судот оцени дека истите не се во спротивност со член 55 од Уставот од причина што постоењето на игри на среќа се состои во тоа што државата го задржува монополот во лотариските игри, најнапред од причина што за разлика од приватниот сектор истата има поголема одговорност и обврска да ја државен монопол и повластена положба на државата е оправдано поради постоење на јавен интерес и присуство на социјалната димензија на лотаријата, како и специфичноста на дејноста, односно нејзината посебна карактеристика. Имено, во случај на ваков вид на игри на среќа, сумата која трговското друштво треба да ја уплати е многу повисока наспроти другите трговски друштва,членови 27-40,што значи дека гаранцијата е поголема, финансиката одговорност е, исто така, поголема. Оттука, имајќи го предвид начинот на приредувањето на лотаријата, како и обемот и сложеноста на оваа игра на среќа, а особено нејзината широка распространетост и достапност на субјектите како учесници во тие игри, ова трговско друштво има сосема поинакви, односно поголеми финансиски обврски.

Според Судот, јавниот интерес на државата за организирање на контролира зависноста на граѓаните кон игрите на среќа како и проблематичното однесување, а таа тоа го прави поефикасно кога деловниот субјект,односно трговското друштво е под доминација и контрола на државата, отколку поодделно да ги контролира сите останати трговски друштва во приватна сопственост. Од социјален аспект, во ваквите игри во кои граѓаните масовно учествуваат и неопходна е превенција на државата од негативни индивидуални и социјални последици од поттикнувањето на неконтролирано трошење средства. Ова значи генерална заштита на потрошувачите, како и превенција на егзистирање на измама и други криминални активности и лимитирање на експлоатацијата на човечката страст за коцкање.

Определбата на законодавецот, користејќи го своето легитимно право, за задржување на правото на приредување на лотариските и електронските игри на среќа кај државата, освен томболата од затворен тип, односно нивно не пренесување на останатите субјекти на пазарот,според Судот, произлегува пред се од видот и карактерот на овие игри на среќа, начинот на нивното приредување, обемот и сложеноста на овие игри на среќа и особено фактот на нивната широка распространетост и достапност за субјектите како учесници во овие игри на среќа.

Приредувањето на игрите на среќа, по својот карактер е мошне специфична дејност, за што законодавецот пропишал строги законски услови кои треба неопходно да се исполнат за да се започне со нејзино вршење, имајќи го во предвид јавниот интерес и социјалната димензија на игрите на среќа. Приоритетната цел на приредувањето на игрите на среќа од аспект на државата не е стекнување на приход, туку остварување на јавниот интерес и обезбедување на гаранција, сигурност и спречување на негативните влијанија кои игрите на среќа можат да ги имаат кај учесниците во игрите на среќа и нивните семејства. Според тоа, неопходно е соодветно законско одредување на условите, начинот и обемот на приредувањето на игрите на среќа и особено создавање на соодветни механизми за заштита на учесниците во игрите на среќа. Покрај тоа, неопходно е и создавање на соодветни механизми на одговорност при приредувањето на игрите на среќа. Од тие причини, законодавецот, со право, се определил приредувањето на дел од игрите на среќа да го довери на државата, а за останатиот дел од игрите на среќа и за забавните игри пропишал механизам на лиценцирање на субјекти кои ќе ги исполнат пропишаните услови.Оттука,имајќи го во вид наведениот јавен интерес,според Судот,не може да се прифати тврдењето во иницијативата дека со оспорените членови од Законот се повредува член 55 од Уставот.

Следејќи ја таа логика, овој начин на уредување на пазарот на игрите на среќа е широко распространет во земјите членки на Европската Унија, другите европски земји и другите земји со функционална пазарна економија, без да се доведат во прашање слободниот пазар, слободата на претприемништвото, еднаквоста на субјектите на пазарот, правната заштита на сопственоста во нивните правни поредоци и либерално-демократскиот карактер на нивните највисоки правни акти. Пример за земји во кои правото на приредување на одредени игри на среќа е задржано од страна на државата и каде приредувањето само на одредени игри на среќа се пренесува на останатите субјекти се Полска, Естонија, Хрватска, Бугарија и Австрија. Овие земји располагаат со современи законски решенија од областа на игрите на среќа и нивните законски решенија и практични искуства заедно со законите и искуствата на другите европски земји, поради што и истите за законодавецот основано, според Судот, претставувале основа при изготвувањето на сега оспорениот Закон за игрите на среќа и за забавните игри.

По однос на оспорениот член 7 став 4, во делот: „останатите“ од истиот Закон, Судот оцени дека неосновано е тврдењето во иницијативата за неговата несогласност со Уставот. Ова од причина што со ова законско решение не се повредува слободата на пазарот и претприемништвото бидејќи со обврската за добивање на лиценца, односно дозвола, под услови кои се утврдени во овој закон, сите трговски друштва, односно трговец поединец, Република Македонија, односно државата им го пренесува правото на приредување на останатите игри на среќа и забавните игри утврдени во овој закон, вклучувајќи ја и томболата.

Согласно членот 7 од Законот, приредувањето на игрите на среќа и забавните игри утврдени со овој закон е право на Република Македонија, ако со овој закон поинаку не е уредено.

Според ставот 2 на овој член од Законот, лотариските и електронските игри на среќа, освен томболата од затворен тип, Република Македонија самостојно ги приредува со основање на трговско друштво за приредување на игрите на среќа во кое Република Македонија е содружник или акционер со најмалку 51% од основната главнина.

Според ставот 3 на истиот член од Законот, правото на приредување на останатите игри на среќа и забавните игри утврдени со овој закон, вклучувајќи ја и томболата од затворен тип, Република Македонија го пренесува со издавање на лиценца, односно дозвола на трговски друштва, односно трговец поединец, кои ги исполнуваат условите утврдени со овој закон (став 3).

Лиценцата, односно дозволата од ставот (3) на овој член не смее да се пренесе на друго трговско друштво, односно трговец поединец (став 4).

Според членот 9 став 1 од Законот, забавните игри, наградните игри и интерактивните игри на среќа се приредуваат врз основа на дозвола.

Според членот 11 од Законот, за издавање на лиценца и дозвола се плаќа надоместок, освен ако со овој закон поинаку не е уредено. Надоместокот за лиценцата се плаќа така што 50% од надоместокот се уплаќа при издавање на лиценцата, а остатокот од 50% на еднакви годишни рати додека трае лиценцата. Надоместокот од 50% кој се плаќа при издавање на лиценцата, приредувачот на игрите на среќа е должен да го плати во рок од 15 дена од денот на приемот на лиценцата. Во спротивно ќе се смета дека лиценцата не била воопшто издадена. Роковите на достасаност на годишните рати за надоместокот во износ од 50% се утврдуваат во лиценцата. Доколку приредувачот на игрите на среќа пропушти да го плати износот на годишната рата до утврдениот датум согласно со лиценцата, Владата на Република Македонија ја одзема лиценцата.

Во членот 8 од Законот е предвидено дека:

(1) Лиценцата ги содржи правата и обврските на приредувачот на игрите на среќа.
(2) Лиценцата се издава за ременски период кој за секоја одделна игра на среќа е утврдени со овој закон.
(3) Приредувачот на игрите на среќа е должен игрите на среќа за кои добил лиценца да ги спроведува без прекин во текот на временскиот период за кој му е издадена лиценцата.
(4) По исклучок од ставот (3) на овој член, приредувачот на игрите на среќа може да го прекине спроведувањето на играта на среќа во случај на виша сила или технички дефект (престанок на струја и слично) и тоа во периодот потребен за отстранување на последиците од вишата сила, односно техничкиот дефект.
(5) За прекинот од ставот (4) на овој член одлучува Министерството за финансии, по доставено и образложено барање од страна на приредувачот на игрите на среќа. Приредувачот на игрите на среќа е должен да го извести Министерството за финансии без одлагање за престанување на причините за прекинот.
(6) Во случај на прекин на спроведувањето игра на среќа подолго од периодот од ставот (4) на овој член, Владата на Република Македонија ја одзема лиценцата.
(7) Во случај на одземање на лиценцата, се определува рок во кој приредувачот на игрите на среќа е должен и понатаму да ги спроведува започнатите игри на среќа, во кој ќе се обезбеди завршување на започнатите игри на среќа, кој не може да биде подолг од 30 дена.
(8) Приредувачот на игрите на среќа има право да се откаже од приредувањето на играта на среќа за која му е издадена лиценцата и пред истекот на рокот на важноста на лиценцата, без право на враќање на уплатените надоместоци и давачки утврдени со овој и друг закон, со обврска да ги плати пристигнатите за плаќање надоместоци и давачки утврдени со овој и друг закон. За откажувањето одлучува Владата на Република Македонија по доставено образложено барање од страна на приредувачот на игрите на среќа до Министерството за финансии, со соодветна примена на одредбата од ставот (7) на овој член.

Законот за игрите на среќа и за забавните игри, ги определува условите за приредување на игрите на среќа и забавните игри.

По однос на општите игри на среќа, во членот 26 од Законот, се содржани условите и начинот на приредување на општите игри на среќа.
(1) Трговското друштво во државна сопственост од членот 7 став (2) на овој закон, по уписот во трговскиот регистар што се води во Централниот регистар на Република Македонија и целосната уплата на основната главнина до Министерството за финансии задолжително приложува:

1) документ за регистрација на трговското друштво издаден од Централниот регистар на Република Македонија;
2) акт за основање на трговското друштво;
3) правила на игрите на среќа кои трговското друштво ќе ги приредува;
4) потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за добивање на лиценца за приредување на игри на среќа;
5) потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна одземање на лиценца за приредување на игри на среќа;
6) потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на дејност за приредување на игри на среќа;
7) информација за економско-финансиската состојба на субјектот издадена од Централниот регистар на Република Македонија за периодот на последната деловна година, а ако субјектот не е постар од една година – од денот на неговото основање, до денот на приложувањето на информацијата.
8) Министерството за финансии врши проверка на комплетноста и соодветноста на доставената документација.

Оспорениот член 41 став 2 од Законот предвидува дека за добивање на лиценца за приредување на томбола од затворен тип се плаќа надоместок во износ од 100.000,00 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уписите.

Од анализата на наведената уставна и законска регулатива, а во контекст на наводите содржани во иницијативата Судот утврди дека право и обврска е на законодавецот да ги определува условите за приредување на општите игри на среќа, меѓу кои, е и поседување на лиценца за приредување на томбола.

Оспорената одредба, според Судот, не ја ограничува слободата на пазарот и претприемништвото, бидејќи таа не содржи забрана за приредување на томбола туку предвидува обврски за приредувачите, поаѓајќи од специфичноста и разликата на овој вид на игра на среќа. Разликата се состои во тоа што приредувањето на томбола е врз основа на лиценца, а кај други игри на среќа приредувањето се врши врз основа на дозвола. Оттука, поаѓајќи од разликите на одделни игри, законодавецот утврдил различен режим за приредување на игрите на среќа и тоа не претставува ограничувње на слободата на пазарот и претприемништвото, туку легитимно право на законодавецот да ги утврди условите за приредување на томбола.

Според Судот и останатите аргументи во иницијативата по однос на членовите 54 став 1, 58 став 2, 74 став 2, 87 став 2, 98 став 3, 101 став 4 и 103 став 2 од Законот не се прифатливи од причина што и овие оспорени членови од Законот само ги уредуваат условите за приредување на електронските игри на среќа, игрите на среќа во казино, игри на среќа во обложувалница, игри на среќа во автомат клуб и за приредување на интернет игри на среќа. Имено, ваквото утврдување на различната висина на износот на цената на лиценцата која приредувачите треба да ја платат за вршење на овој вид на дејност, не претставува ограничување на слободата на пазарот и претприемништвото, туку легитимно, законско право на законодавецот да ги утврдува општите и посебните услови за приредување на игрите на среќа.

Оттука, Судот оцени дека сите оспорените одредби од Законот, не би можеле да се доведат под сомнение по однос на Уставот од аспект на наводите и аргументите наведени во иницијативата.

5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот Бранко Наумоски и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Елена Гошева, Исмаил Дарлишта, Никола Ивановски, Вера Маркова, Сали Мурати, д-р Гзиме Старова и Владимир Стојаноски.

У.бр.87/2011
3 октомври 2012 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Бранко Наумоски