У.бр.164/2001-1

Уставниот суд на Релублика Македонија, врз основа на илен 110 од Уставот на Република Македонија и илен 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седиицата одржана на 24 октомври 2001 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВААТ:

а) Одлуката за вработување кај корисниците и единките корисници на средства од Буџетот на Република Македонија, донесена од Владата на Република Македонија на 24
јули 2001 година.
б) Одлуката за вработување кај корисниците и единките корисници на средства од Буџетите на фондовите, донесена од Владата на Република Македонија на 24 јули 2001 година и
в) Одлуката за вработување кај јавните претпријатија основани од Владата на Република Македонија, донесена на 24 јули 2001 година од Владата на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2001).

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија, по сопствена иницијатива и по повод иницијативата на Јавното претпријатие за поштенски сообраќај “Македонска пошта”, застапувано од Генералниот директор Рауф Рамадани и Народниот правобранител на Република Македонија, со решение У.бр.164/2001 од 19 септември 2001 година, поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуките означени под а), б) и в) во точката 1 од оваа одлука, затоа што основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот и со закон

4. Судот на седницата утврди дека со Одлука У.бр.164/2001 од 18 јули 2001 година ја укина Одлуката за времено запирање на вработувањата кај корисниците и единките корисници на средствата од Буџетот на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/2001).

Веднаш потоа, на 24 јули 2001 година Владата ги донесе одлуките означени под а), б) и в) во точката 1 од оваа одлука, поради што Судот согласно член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, по сопствена иницијатива поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на овие одлуки, затоа што основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот и со закон.

Дополнителни иницијативи со исти образложенија за нивната несогласност со Уставот и со закон доставија Јавното претпријатие за поштенски соображај “Македонска пошта”, застапувано од генералниот директор Рауф Рамадани и Народниот правобранител на Македонија.

5. Судот на седницата утврди дека сите три оспорени одлуки имаат иста содржина.

Се разликуваат во однос на правните субјекти на кои се однесуваат. Имено, едната одлука се однесува на корисниците и единките корисници на средства од Буџетот на Република Македонија.

Втората одлука се однесува на корисниците и единките корисници на средства од Буџетите и фондовите и Третата одлука се однесува на јавните претпријатија основани од Владата на Република Македонија.

Од содржината на сите три одлуки се гледа дека правните субјекти можат да вршат вработувања доколку ги исполнувааат предвидените услови:

а) да обезбедат средства од Буџетот, односно од буџетите на фондовите, односно да обезбедат средства во финансовиот план на Јавното претпријатие.
б) Откога ќе се обезбедат овие средства станува актуелно исполнување на вториот услов, односно добивање на претходна писмена согласност од Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија.
в) Меѓутоа, давањето на оваа согласност од Канцеларијата на Владата на Република Македонија е претходно условено со обезбедување на мислење од Министерството за финансии дека се обезбедени финансики средства за оваа намена.
г) Одлуките содржат и по една процедурална одредоа според која барањата за нови вработувања или пополнување на упразнетите работни места (при претходно исполнети сите услови) се доставуваат до канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија.
д) Одлуките содржат одредба според која истите влегуваат во сила со денот на донесувањето, а ќе бидат објавени во “Службен весник на РМ”.

Споредувајќи ја содржината на укинатата одлука и одлукиве што се сега предмет на оценка, Судот утврди дека:
– укинатата Одлука имаше темпорален карактер, односно нејзиното важење беше условено со воведувањето на трезорскиот систем и неговата имплементација, а предметните одлуки немаат временско огранииување.
– Одлуката содржеше императивна норма која го задолжуваше Заводот за вработување на Република Македонија да не врши пријавување на нови вработувања, без приложена писмена согласност од Владата на Република Македонија, а при пријавувањето на новите вработувања, ги задолжуваат овие субјекти да ја приложат и писмената согласност од Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија.
– Одлуката се однесуваше на сите јавни установи и јавни претпријатија, додека новооспорените одлуки се однесуваат само на јавните претпријатија основани од Владата на Република Македонија;
– Одлуката, исто така, се однесуваше и на единките корисници на средства од Буџетот на Република Македонија во локалната самоуправа, што не е случај со новооспорените одлуки.

6. Согласно член 8 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија е владеењето на правото. Согласно член 9 став 2 од Уставот, граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата …, а согласно ставот 2 на овој член од Уставот грараните се еднакви пред Уставот и законите.

Со членот 32 од Уставот, на секој граранин му се гарантира правото на работа, односно секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.

Во членот 68 став 1 алинеја 2 од Уставот е предвидено дека Собранието на Република Македонија донесува закони.

Исто така, согласно член 52 став 1 од Уставог, законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила. Во тој контекст спаѓа и Законот за објавување на закониге и другите прописи во “Службен весник на Република Македонија”.

Прашањата, пак, кои се сврзани со размената па трудот, правата и обврските на работодавците, невработените лица и државата, во врска со вработувањето и остварувањето права во случај на невработеност и други прашања од знаиење за вработувањето, се уредени со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (“Службен весник на РМ” бр.57/97 и 25/00).

Така, во рамките на законските надлежности Заводот води евиденција за невработените лица според единствениот матииен број на граѓаните, врши бесплатно и непристрасно посредување за вработување под услови и начин утврден со закон, односно ги врши струините, организациските, административните и други работи што се однесуваат на вработувањето и остварувањето во случај на невработеност.

Во контекст на изнесеното, Судот оцени дека со оспореениве одлуки се дерогира Законот за вработувње и осигурување во случај на невработеност. Исто така, според Судот со оспорените одлуки се огранииуваат правата на грараните по однос на остварување на правото на работа, надвор од слуиаите дозволени за нивно во случајов, не постои нарушување на општествено-економските односи и останатите односи што би довело до неопходно уставно дозволена потреба за нивно огранииување преку воведување на дополнителни услови надвор од уставно и законски предвидените.

– Од изнесеното произлегуваудека само законодавецот. односно Собранието на Република Македонија е овластено да уредува прашања од областа на работните односи, па во таа смисла да го урвдува и наиинот засновањето на истите.

Од друга страна, пак, Владата на Република Македонија се грижи за извршувањето на законите, односно со цел за нивна операционализација донесува уредби, одлуки упатства, програми, решенија и заклучоци но, не е овластена да уредува прашања сврзани со остварувањето на правата на вработените и нивната положба.

Имајќи го предвид изнесеното, Судот оцени декп одлуките создаваат правна несигурност и го повредувааг принципот на владеење на правото, како една од темелните вредности на правниот поредок на Република Македонија од прииина што, надвор од, законски определените објективни мерила за вработувањето, допушта примена на субјективна воља. што се одразува преку претходно давање на согласност на Канцеларијата на претседателот на Владата и Министерството за финансии.

Исто така, според Судот, оспорените одлуки огранииувањето на правото на вработување го усредсредуваат на јавните претпријатија што ги формирала Владата на Република Македонија, при што, за разлика од веже укинатата одлука, од ова ограничување се изоставени јавните установи со што според Судот се повредува начелото на еднаквост загарантирано со Уставот на Република Македонија.

Понатаму, основот за нивното донесување (членот 35 од Законот за Владата на Република Македонија) не може да претставува суштински основ од прииина што овој член зборува за видот на актите што ги носи Владата и не може да биде основ за запирање на вработувањето кај корисниците и единките корисници на средствата од Буџетот на Република Македонија. корисниците и единките корисници на средствата од буџетите на Фондовите и кај јавните претпријатија основани од Владата на Република Македонија.

Поточно, имајќи ја предвид законодавната регулатива што би можела да има допирни тоики со прашањата шго ги регулираат одлуките, Судот оцени дека ниту една законска одредба не може да претставува основ за нивно егзистирање во правниот поредок.

Од тие причини Судот утврди дека оспорените одлуки не се согласни со член 8 алинеја 3, член 32 и член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија; Законот за јавните претпријатија; Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност; Законот за инспекција на трудот и Законот за Владата на Република Македонија.

7. Исто така, со оглед на тоа дека оспорените одлуки претставуваат пропис како такви подлежат на обврската од член 52 од Уставот за нивно објавување во “Службен весник на Република Македонија”.

Имено, согласно овој член од Уставот (став 1 и став 2) законите и другите прописи, пред да влезат во сила, се објавуваат и во “Службен весник на Република Македонија”.

Со оглед на тоа дека оспорените одлуки предвидуваат да влезат во сила со денот на донесувањето, а не по нивното објавување, Судот оцени дека истите се несогласни со Уставот на Република Македонија и од овој аспект.

8. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

9. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.164/2001
24 октомври 2001 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Тодор Џунов