У.бр.14/1996

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 28 февруари 1996 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на точките 2 и 17 Модел III – откуп на претпријатието од Упатството за начинот на остварување на одлуките за трансформација на претпријатијата со општествен капитал – по модели за трансформација, донесено од Управниот одбор на Агенцијата на Република Македонија за трансформација на претпријатијата со општествен капитал (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/95).

2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на точките 14 и 16 Модел III – откуп на претпријатието од упатството означено во точката 1 од ова решение.

3. НЕ СЕ УВАЖУВА барањето за изрекување времена мерка со која, Судот, до донесување на конечна одлука, ќе ги запре од извршување поединечните акти и дејствија донесени, односно преземени врз основа на оспореното упатство.

4. На Уставниот суд на Република Македонја, “Технометал-Вардар” – Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на точките 2, 14, 16 и 17 на Модел III – откуп на претпријатието од Упатството, затоа што: било донесено од ненадлежен орган; Одлуката за трансформација на претпријатието не била донесена едновремено со Одлуката за издавање на акции и Одлукат аза организирање на претпријатието како друштво со ограничена одговорност; како елементи на понудата за купување на претпријатието биле предвидени само цената и бројот на акциите; како поповолен услов за откуп на претпријатието се предвидувала понудената највисока цена на акцијата и што предвидувало дека, при еднаква цена по акција, поповолни услови за откуп на претпријатието нуди оној кој ќе оствари повисока вредност на продажбата на акциите, што било несогласно со Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

Едновремено, со иницијативата се бара, Судот до донесување на конечна одлука, да ги запре од извршување поединечните акти и дејствија донесени односно преземени врз основа на оспореното упатство.

5. Судот на седницата утврди дека со точката 2 од Модел III – откуп на претпријатието се предвидува во рок од седум дена од објавувањето на одлуката за тгрансформација, органот на управување на претпријатието да донесе одлука за издавање на удели, односно акции и одлука за организирање на претпријатието како друштво со ограничена одговорност, односно акционерско друштво и дека според точката 17 од истиот модел при еднаква цена по акција се смета дека поповолни услови за откуп понудил оној кој ќе оствари повисока вредност на продажбата (цена на акција по број на акции) и кој прв ќе достави понуда за купување.

6. Соглесно член 8 од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал за организирање, контрола и спроведување на трансформацијата се формира Агенција на Република Македонија за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

Согласно член 87 од овој закон, Агенцијата има својство на аправно лице и јавни овластувања утврдени со овој закон, а спроед ставот 2 на овој член од Законот, Агенцијата е самостојна во стојвата работа.

Според член 88 став 1 од Законот со Агенцијата управува Управен одбор на Агенцијата, што е составен од девет члена кои, согласно став 3 на овој член, ги именува Владата на Република Македонија од редот на компетентни стручњаци.

Согласно член 89 став 1 од Законот, Агенцијата ги врши работите што се однесуваат на организирањето и контролата на трансформација на претпријатијата.

Од наведените одредби произлегува дека организирањето, контролата и спроведувањето на трансформацијата на претпријатијата со општествен капитал спаѓа во доменот на надлежноста на Агенцијата која, како таква, со својство на правно лице со јавни овластувања утврдени со закон, е самостојна во својата работа.

Имајќи ги предвид овие законски квалификативи на Агенцијата, со самиот факт што таа се формира со задача да ја организира, да врши контрола и да ја спроведува трансформацијата на претпријатијата со општествен капитал, Судот смета дека таа е овластена да донесе акт (во случајов оспореното упатство) со кој ќе го определи начинот на реализирањето на одлуките за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, поради што не може да се постави прашањето за неговата законитост од овој аспект.

Согласно член 57 став 2 од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, претпријатието во согласност со одлуката за трансформација истовремено донесува одлука за издавање на акции и одлука за организирање на претпријатието како акционерско друштво, па предвидувањето на друг рок за донесување на овие одлуки, според мислењето на Судот значи менување на законскиот рок.

Со оглед на тоа што со точката 2 од Модел III – откуп на претпријатието се предвидува одлукит еза издавање на акции и одлуките за организирање на претпријатието како друштво со ограничена одговорност да се донесат во рок од седум дена од објавувањето на одлуката за трансформација во “Службен весник на Република Македонија”, а не едновремено како што предвидува Законот, Судот оцени дека тоа претставува менување на законски предвидениот рок, поради што може да се постави прашањето за нејзината согласност со овој закон.

Според член 57 став 1 од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, откуп на претпријатието се врши на начин и под услови утврдени со одлуката за трансформација.

Со оглед на тоа што точката 17 од Модел III – откуп на претпријатието предвидува при еднаква цена по акција да се смета дека поповолни услови за откуп понудил оној кој ќе оствари повисока вредност на продажбата (цена на акција по број на акции) и кој прв ќе достави понуда за купување, односно ги утврдува условите под кои ќе се врши откуп на претпријатието, судот оцени дека може основано да се постави прашањето за законитоста на оваа точка од Модел III – откуп на претпријатието одУпатството.

6. Судот, исто така, утврди дека со точката 14 од Модел III – откуп на претпријатието од Упатството се предвидува понудата за купување акции да содржи цена по која се купуваат акциите и бројот на акциите што се купуваат и дека според точката 16 на истиот модел од Упатството се смета дека поповолни услови за откуп понудил оној кој купува акции по највисока цена.

Со оглед на тоа дека понудата претставува еднострана изјава и воља упатена на одреден субјект со цел за заклучување на договорот, субјектот што ја дава понудата однапред дава и согласност на условите што во неа се содржани. Во конкретниов случај битни елементи при договорот за купопродажба на акциите се предметот и цената и истите се содржани во понудата.

Имајќи го предвид изнесеното, Судот оцени дека понудата онака како што е предвидена во точката 14 од Модел III – откуп на претпријатието ги содржи сите елементи на истата, поради што, гледано од тој аспект, таа е согласна со Законот за трансформација на претпријатијата со општествен акпитал.

Во врска со прашањето за давање приоритет на овој субјект кој ќе понуди највисока цена на акциите, при постоење на еднакви услови, според мислењето на Судот не може да се постави прашањето за законитоста на точката 16 од Модел III – откуп на претпријатието, затоа што, при еднакви услови, не им дава приоритет на вработените во претпријатието, од причина што, постапката и начинот на купувањето акции на вработените во претпријатието се опфатени во Моделот I – откуп на претпријатието од страна на вработените, а Модел III – откуп на претпријатието се применува откако ќе се заврши постапката на повластеното купување.

7. Што се однесува до барањето Судот, до донесување на конечна одлука, да ги запре од извршување поединечните акти и дејствија донесени односно преземени врз основа на оспореното упатство, Судот оцени дека не се исполнети условите од член 27 од Деловникот за изрекување на ваква мерка.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1, 2 и 3 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.14/96)