У.бр. 61/2021

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на членот 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 3  и членот 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 22 септември година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

l. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на:

– член 6 став 1 точка 9 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен инвертер клима уред, бр.25-1340/10 од 26.03.2021 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 4/2021);

– член 1 од Правилникот за изменување и дополнување на  Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор, бр.25-1340/11 од 26.03.2021 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 4/2021); и

– член 1 од Правилникот за изменување и дополнување на  Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед, бр. 25-1340/12 од 26.03.2021 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 4/2021).

2. Синдикатот на вработените од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија – УПОЗ, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одредбите од правилниците означена во точката 1 на ова решение.

Според подносителот на иницијативата, наведените подзаконски правни акти биле во целосна и директна спротивност со член 8 став 1 алинеи 1 и 3, членот 9, членот 51 и член 54 ставови 1 и 3 од Уставот.

Останувало нејасно од која регулатива се водел Советот на Општина Велес при донесувањето на наведените акти со цел дискриминирање на вработените во Општина Велес и членовите на нивното потесно семејство. Не постоел материјален закон кој прецизирал и детерминирал ваков вид ограничување, дотолку повеќе што и во основот на самите правилници не бил цитиран член од одреден правен акт кој го регулирал ова прашање.

Вработените во Општина Велес, како и членовите на нивните семејства пред Уставот и законите биле еднакви со сите останати граѓани. Како вработени лица – жители на Општина Велес не уживале никакви посебни привилегии, напротив биле рамноправни во сите сегменти на општествено живеење како и останатите лица.

Со иницијативата се бара поништување на наведените правилници од причини што постоеле апсолутни материјално правни недостатоци во нив, односно имало отсуство на правно важечка регулатива која дозволува ваков вид дискриминација на лицата кои се вработени во Општина Велес и нивните потесни семејства, што укажувало на тоа дека наведените одредби во оспорените правилници произлегувале од други побуди.

3. Судот на седницата утврди дека:

1) Според член 6 став 1 точка 9 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен инвертер клима уред, жители на Општина Велес кои се вработени во општинската администрација немаат право на аплицирање.

2) Според членот 1 од Правилникот за изменување и дополнување на  Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор, „Од правото на користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес се изземаат вработените во Општина Велес и членовите на потесното семејство”.

3) Според членот 1 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед, „Од правото на користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за купен велосипед се изземаат вработените во Општина Велес и членовите на нивното потесно семејство”

4) Според член 110 алинеи 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот, како и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Според член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Советот на Општина Велес има донесено:

(1) Правилник за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен инвертер клима уред, бр.25-1340/10 од 26.03.2021 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 4/2021). Според член 6 став 1 точка 9 од од Правилникот, жители на Општина Велес кои се вработени во општинската аминистрација немаат право на аплицирање.

(2) Според членот 1 од Правилникот за изменување и дополнување на  Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед, бр. 25-1340/12 од 26.03.2021 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 4/2021), „Од правото на користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за купен велосипед се изземаат вработените во Општина Велес и членовите на нивното потесно семејство.“

(3) Според членот 1 од Правилникот за изменување и дополнување на  Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор, бр. 25-1340/11 од 26.03.2021 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 4/2021), „Од правото на користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес се изземаат вработените во Општина Велес и членовите на нивното потесно семејство.“

Во сите три правилници се пропишува дека за да се реализираат донесените одлуки од Советот за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купување на инвертер клима уред, велосипед, односно сончев термален колектор, Општина Велес објавува јавен повик, на веб страната на Општината како и во електронските медиуми на територијата на Општина Велес, кој трае 30 дена од денот на објавувањето. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Со доставената иницијатива се поставува прашањето од која регулатива се водел Советот на Општина Велес при донесување на оспорените одредби од Правилниците со цел дискриминирање на вработените во Општина Велес и членовите на нивното потесно семејство кои се исклучени од правото да учествуваат на огласот за добивање на соодветна субвенција од општинскиот буџет, имајќи предвид дека тие се еднакви со сите останати граѓани во Општината, не уживаат никакви посебни привилегии, напротив тие се рамноправни во сите сегменти на општествено живеење како и останатите лица.

Во текот на претходната постапка по предметот, Општина Велес достави до Уставниот суд Известување (акт бр.08-2026/4 од 05.07.2021 година), дека по предлог на градоначалникот на Општина Велес, од страна на Советот на Општина Велес, на седницата одржана на 30.06.2021 година, донесени се следните акти:

– Правилник за изменување на Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен инвертер клима уред, бр.25-2630/13 од 01.07.2021 година, со кој во член 6 став 1 точка 9 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен инвертер клима уред („Службен гласник на Општина Велес“ бр.04/2021), зборовите:„жители на Општина Велес кои се вработени во општинската администрација немаат право на аплицирање“, се бришат;

– Правилник за престанок на важност на Правилникот за изменување и дополнување на  Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор, бр. 25-2630/14 од 01.07.2021 година; и

– Правилник за престанок на важност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед, бр. 25-2630/15 од 01.07.2021 година.

Сите наведени акти се објавени во „Службен гласник на Општина Велес“ бр. 9/2021.

Имајќи го предвид наведеното, произлегува дека оспорените правилници, односно нивните оспорени одредби, престанале да важат и да бидат дел од правниот поредок, што претставува процесна пречка за одлучување по иницијативата, поради што Судот оцени дека се исполнети условите од член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, за отфрлање на иницијативата.

5. Имајќи го предвид наведеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, Јован Јосифовски, д-р Дарко Костадиновски и Вангелина Маркудова.

У.бр.61/2021
22.09.2021 година
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија
Добрила Кацарска