Уставен суд
на Република Северна Македонија
У.бр.157/2023
Скопје,18.10.2023
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 18 октомври 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на насловот на поглавјето „Автентично толкување на општи акти” и членовите 108, 109, 110 и 111 од Статутот на Општина Сарај („Службен гласник на Општина Сарај” број 14/2006, 36/2021 и 6/2022).
2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на актите означени во точката 1 од ова решение.
3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, по сопствена иницијатива поведе постапка за оценување на уставноста на актот, означен во точката 1 од Решението, затоа што пред Судот, со основ се постави прашањето за неговата согласност со Уставот на Република Северна Македонија.
II
На седницата Судот утврди и дека Статутот на Општина Сарај („Службен гласник на Општина Сарај” број 14/2006, 36/2021 и 6/2022) содржи дел со наслов „Автентично толкување на општи акти” во кој се уредени членовите 108, 109, 110 и 111. Во член 108 од Статутот на Општината се уредува дека барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот, граѓаните од Општината, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на Општината и државните органи кога потребата од автентично толкување настанала во врска со примената на актите во нивното работење. Во член 109 од Статутот е уредено дека барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседателот на Советот кој веднаш барањето го доставува до Комисијата за Статут и прописи. Во член 110 од Статутот се уредува дека Комисијата за Статут и прописи по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од работните тела на Советот и управните и административните органи на Општината. Според член 111 од Статутот на Општината ако Комисијата за Статут и прописи оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на усвојување, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување, не е оправдано, Комисијата за Статут и прописи за тоа ќе поднесе извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај.
III
Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставувањето на владеењето на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт, согласно член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд.
Согласно член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.
Статутот на Општина Сарај („Службен гласник на Општина Сарај” број 14/2006, 36/2021 и 6/2022) содржи дел со наслов „Автентично толкување на општи акти” во кој се уредени членовите 108, 109, 110 и 111. Во член 108 од Статутот на Општината се уредува дека барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот, граѓаните од Општината, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на Општината и државните органи кога потребата од автентично толкување настанала во врска со примената на актите во нивното работење. Во член 109 од Статутот е уредено дека барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседателот на Советот кој веднаш барањето го доставува до Комисијата за Статут и прописи. Во член 110 од Статутот се уредува дека Комисијата за Статут и прописи по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од работните тела на Советот и управните и административните органи на Општината. Според член 111 од Статутот на Општината ако Комисијата за Статут и прописи оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на усвојување, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување не е оправдано, Комисијата за Статут и прописи за тоа ќе поднесе извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај.
Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).
Постапувајќи по оформениот предмет, Судот утврди дека Советот на Општината, согласно член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, го донесува Статутот на Општината и други прописи, односно дека согласно член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Што се однесува до Статутот на Општина Сарај, неспорно е дека Советот на Општината е надлежен да го донесе, притоа законодавецот во член 7 став 2 од Законот за локалната самоуправа уредил дека предмет на уредување со Статутот на Општината е организацијата и работењето на органите на општината, организацијата и работењето на комисиите на Советот, вршењето на работите од член 20 на овој закон, начинот на информирање на граѓаните, случаите на исклучување на јавноста од седниците на Советот, начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на општината и постапување по нив, начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните, начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба, како и други прашања од значење за локалната самоуправа.
Во конкретниот случај, предмет на уредување со Статутот на Општина Сарај, е автентично толкување на општи акти преку членовите 108, 109, 110 и 111 од Статутот, иако од Законот за локалната самоуправа не произлегува овластување на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот упатува на можност во друг акт (статут или деловник на општина) да се предвиди автентично толкување на општи акти. Од овие причини Уставниот суд, согласно член 14 став 1 од Деловникот на Судот, по сопствена иницијатива го покрена прашањето за уставноста и законитоста на членовите 108, 109, 110 и 111 од Статутот на Општина Сарај со оглед дека нивното уредување во Статутот на Општината, е без законски основ, следствено на тоа е спротивно на принципот на владеењето на правото од член 8 став 1 алинеја 3, член 51 од Уставот според кој во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, ниту пак е во согласност со Законот за локалната самоуправа
Со оглед дека Статутот содржи дел со наслов „Автентично толкување на општи акти” во кој се уредени членовите 108, 109, 110 и 111, со тоа што Советот на Општината ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа, во однос на кои Судот изразува сомнеж за нивната уставност и законитост, за Судот, тоа е доволна причина да го покрене прашањето за уставноста и законитоста на оспорените одредби од Статутот.
Имајќи го предвид сето погоре изнесено, пред Судот со основ се постави прашањето за уставноста и законитоста на насловот на поглавјето „Автентично толкување на општи акти” и членовите 108, 109, 110 и 111 од Статутот на Општина Сарај („Службен гласник на Општина Сарај” број 14/2006, 36/2021 и 6/2022). Поради можноста од настанување на штетни последици, а согласно член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да ја запре примената на спорните одредби од Статутот на Општината, како и да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби, до донесувањето на конечната одлука.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.157/2023
Скопје,18.10.2023
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 18 tetor 2023, miratoi
А К Т V E N D I M
1. INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së kapitullit “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 108, 109, 110 dhe 111 të Statutit të Komunës së Sarajit (“Fletorja Zyrtare e Komunës së Sarajit” numër 14/2006, 36/2021 dhe 6/2022).
2. NDËRPRITET realizimi i akteve individuale ose veprimeve të cilat merren në bazë të akteve të shënuara në pikën 1 të këtij aktvendimi.
3. Ky aktvendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë”.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafi 1 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, me vetëiniciativë, ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së aktit të shënuar në pikën 1 të këtij Aktvendimi, sepse para Gjykatës me bazë është ngritur çështja e përputhshmërisë së tij me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut.
II
Në seancë, Gjykata përcaktoi se Statuti i Komunës së Sarajit (“Fletorja Zyrtare e Komunës së Sarajit” nr. 14/2006, 36/2021 dhe 6/2022) përmban një pjesë të titulluar “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” në të cilat rregullohen nenet 108, 109, 110 dhe 111. Neni 108 i Statutit të Komunës përcakton se kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, qytetarët e Komunës, një ndërmarrje publike që ushtron veprimtari në rajonin e Komunës dhe organet shtetërore kur ka lindur nevoja për një interpretim autentik në lidhje me zbatimin e akteve në funksionimin e tyre. Neni 109 i Statutit përcakton se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik të aktit të përgjithshëm i paraqitet kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia paraqet kërkesën Komisionit për Statut dhe Rregullore. Neni 110 i Statutit përcakton se Komisioni për Statut dhe Rregullore pas kërkesës për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga organet punuese të Këshillit dhe organet administrative të Komunës. Sipas nenit 111 të Statutit të Komunës, nëse Komisioni për Statutin dhe rregulloret vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e arsyeshme, do të përgatisë propozimin për interpretim autentik dhe do t’ia dërgojë Këshillit për miratim, dhe nëse vlerëson se kërkesa për interpretim autentik nuk është e arsyetuar, Komisioni për Statutin dhe Rregulloret do t’i dërgojë raport Këshillit, i cili vendos për kërkesën dhe raportin e dërguar.
III
Një nga qëllimet themelore të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është vendosja e sundimit të ligjit në sistemin e qeverisjes. Ky parim kushtetues është përcaktuar me nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3 të Kushtetutës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili është i detyruar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.
Sipas nenit 110 alineja 2 e Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Gjykata Kushtetuese mundet edhe vetë të iniciojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së ligjit, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së rregullit apo ndonjë akti tjetër të përgjithshëm, në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese.
Në bazë të nenit 27 paragrafi 1 i Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit përfundimtar, mund të marrë vendim për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të ligjit, një rregulle tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë e të cilit, përkatësisht ligjshmërinë, e vlerëson nëse ekzekutimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u hequr.
Statuti i Komunës së Sarajit (“Fletorja Zyrtare e Komunës së Sarajit” numër 14/2006, 36/2021 dhe 6/2022) përmban një pjesë të titulluar “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” në të cilin janë rregulluar nenet 108, 109, 110 dhe 111. Neni 108 i Statutit të Komunës parashikon se kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, qytetarët e Komunës, një ndërmarrje publike që realizon veprimtari në rajonin e Komunës dhe organet shtetërore kur lind nevoja për një interpretim autentik në lidhje me zbatimin e akteve në funksionimin e tyre. Në nenin 109 të Statutit përcaktohet se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik të aktit të përgjithshëm i dërgohet kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia dërgon kërkesën Komisionit për Statut dhe Rregullore. Neni 110 i Statutit përcaktohet se Komisioni për Statut dhe Rregullore pas kërkesës për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga organet e punës së Këshillit dhe organet administrative të Komunës. Sipas nenit 111 të Statutit të Komunës, nëse Komisioni për Statut dhe Rregullore vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e arsyeshme, do të përgatisë propozimin për interpretim autentik dhe do t’ia dërgojë Këshillit për miratim, dhe nëse vlerëson se Kërkesa për interpretim autentik nuk është e arsyetuar, Komisioni për Statut dhe Rregullore do t’i paraqesë raport Këshillit, i cili vendos për kërkesën dhe raportin e paraqitur.
Një interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi, në pajtim me nenin 68, paragrafin 1, alinenë 2 të Kushtetutës i miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).
Gjykata, duke vepruar sipas lëndës së formuar, përcakton se Këshilli i Komunës, në pajtim me nenin 36 paragrafi 1 pika 1 e Ligjit për Vetëqeverisje lokale, miraton Statutin e komunës dhe rregullat tjera, në pajtim me nenin 62 paragrafin 1 të Ligjit, në kryerjen e punëve në kompetencë të tij këshilli miraton rregulla edhe atë: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.
Sa i përket Statutit të Komunës së Sarajit, është e padiskutueshme që Këshilli i Komunës është kompetent për miratimin e tij, ndërsa ligjvënësi në nenin 7 paragrafin 2 të Ligjit për vetëqeverisjen lokale ka rregulluar që objekt i rregullimit me Statut të Komunës është organizimi dhe funksionimi i organeve të komunës, organizimi dhe funksionimi i komisioneve të Këshillit, kryerja e punëve nga neni 20 i këtij ligji, mënyra e informimit të qytetarëve, rastet e përjashtimit të publikut nga seancat e Këshillit, mënyra dhe procedura e paraqitjes së peticioneve dhe propozimeve për punën e organeve të komunës dhe veprimit sipas tyre, mënyra e organizimit të forumeve publike, kryerjes së anketave dhe mbledhjes së sugjerimeve nga qytetarët, mënyra e kryerjes së obligimeve në fushën e mbrojtjes në gjendje lufte, si dhe çështje të tjera me rëndësi për vetëqeverisjen lokale.
Në rastin konkret, objekt i rregullimit me Statutin e Komunës së Sarajit, është interpretimi autentik i akteve të përgjithshme përmes neneve 108, 109, 110 dhe 111 të Statutit, edhe pse nga Ligji për vetëqeverisje lokale nuk rrjedh autorizimi i këshillit të komunës për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që ata i miratojnë, as Ligji nuk i referohet mundësisë së ofrimit të një interpretimi autentik të akteve të përgjithshme në një akt tjetër (statut ose rregullore e komunës).
Për këto arsye, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafin 1 të Rregullores së Gjykatës, me iniciativë të saj e ngriti çështjen e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së neneve 108, 109, 110 dhe 111 të Statutit të Komunës së Sarajit, duke konsideruar se rregullimi i tyre në Statutin e Komunës, është pa bazë ligjore, rrjedhimisht është në kundërshtim me parimin e sundimit të ligjit nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3, neni 51 i Kushtetutës sipas të cilit në Republikën e Maqedonia e Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregulloret e tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, e as nuk është në përputhje me Ligjin për vetëqeverisje lokale.
Duke qenë se Statuti përmban një pjesë të titulluar “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” në të cilin rregullohen nenet 108, 109, 110 dhe 111, me çka Këshilli i Komunës i ka kaluar, përkatësisht tejkaluar kompetencat e parapara me Ligjin për vetëqeverisje locale, në lidhje me të cilat Gjykata shpreh dyshime për kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e tyre, për Gjykatën, kjo është arsye e mjaftueshme për të ngritur çështjen e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave të kontestuara të Statutit.
Duke marrë parasysh gjithçka që u tha më sipër, çështja e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së titullit të kapitullit “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 108, 109, 110 dhe 111 të Statutit të Komunës së Sarajit (“Fletorja Zyrtare e Komunës së Sarajit”) me bazë është ngritur në Gjykatë” numër 14/2006, 36/2021 dhe 6/2022). Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme, dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi ndërprerjen e zbatimit të akteve kontestuese të Statutit të Komunës, si dhe ndërprerjene ekzekutimit të akteve ose veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të dispozitave të kontestuara, deri në marrjen e vendimit përfundimtar.
IV
Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata, me shumicë votash, vendosi si në diapozitivin e këtij vendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska