Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.15/2024
Скопје, 21.02.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 21 февруари 2024 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 24 алинеја 4, член 105, член 106, член 107 и член 108 од Деловникот на Советот на Општина Тетово бр.07-1243/4 од 27.09.2005 година („Службен гласник на Општина Тетово“ број 5/2005).
2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 24 алинеја 4, член 105, член 106, член 107 и член 108 од Деловникот на Советот на Општина Тетово бр.07-1243/4 од 27.09.2005 година („Службен гласник на Општина Тетово“ број 5/2005).
3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
Уставните судии на работен состанок одржан на ден 14.09.2023 година одлучија врз основа на одредбата од член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, по сопствена иницијатива да оформат предмет во кој ќе се води постапка за оценување на согласноста на оспорените одредби, со одредбите на Уставот и законите.
II
На седницата Судот утврди дека член 24 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Општина Тетово пропишува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за автентично толкување на актите што ги носи Советот.
Со член 105 од Деловникот се пропишува дека барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот, 10% од избирачите во општината, јавно претпријатие коешто извршува дејност на подрачјето на општината и државните органи кога потребата од автентично толкување настанала во врска со примената на актите во нивното работење.
Во член 106 од Деловникот е наведено дека барањето за давање автентично толкување на општ акт се поднесува до претседателот на Советот кој барањето веднаш го доставува до Статутарно-правната комисија.
Според член 107 од Деловникот Статутарно-правната комисија по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од општинската администрација.
Во член 108 е предвидено ако Статутарно-правната комисија оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано, ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на општината, а доколку оцени дека барањето за давање автентично толкување не е оправдано, Статутарно правната комисија за тоа ќе поднесе извештај до Советот.
III
Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставување на владеење на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт.
Согласно член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.
Врз основа на член 7 ставови 1 и 2 и член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02), Советот на Општина Тетово, на седница одржана на 27.09.2005 година, го донел Деловникот на Советот на Општина Тетово.
Деловникот на Советот на Општина Тетово бр.07-1243/4 од 27.09.2005 година го содржи член 24 каде во алинеја 4 се уредува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите.
Со членовите 105, 106, 107 и 108 од Деловникот се уредува постапката за давање на автентично толкување. Во член 105 е уредено кој има право да поднесе барање за автентично толкување на актите на Советот, а во член 106 е предвидено до кого се доставува барањето. Во член 107 се пропишува дека Статутарно-правната комисија има право да бара мислење од општинската администрација, а со член 108 се уредува начинот на кој постапува Статутарно-правната комисија при оценување на оправданоста на барањето за автентично толкување.
Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).
Во конкретниот случај, со Деловник е уредено дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите, како и постапката за давање автентично толкување.
Постапувајќи по предметната иницијатива оформена по службена должност, произлезе дека Советот на Општината, согласно со член 36 став 1 точка 1. од Законот за локалната самоуправа, го носи статутот на општината и други прописи, односно дека согласно со член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Неспорно е дека Советот на Општината Тетово е надлежен да го донесе Деловникот на Општината, која надлежност произлегува од член 7 став 1 од Законот за локалната самоуправа, каде законодавецот уредил дека Оштината го уредува вршењето на своите надлежности со статут и други прописи.
Наспроти горенаведеното, спорно е уредувањето во Деловникот на Општина Тетово, во кој се предвидува постапката за давање автентично толкување на прописите на советот, иако од Законот за локалната самоуправа не произлегува овластување на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот упатува на можност во друг акт (статут или деловник на општина) да се предвиди автентично толкување на општи акти.
Од овие причини Уставниот суд согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот по сопствена иницијатива го покрена прашањето за уставноста и законитоста на член 24 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Општина Тетово со оглед дека неговото уредување е без законски основ и спротивно на принципот на владеењето на правото од член 8 став 1 алинеја 3 и принципот на законитост и уставност од член 51 од Уставот на Република Северна Македонија.
Со оглед на тоа дека Деловникот ги содржи одредбите со кои се дава право на член од Советот на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите и со кои се уредува постапката за давање автентично толкување на прописите на советот, а со тоа Советот на Општината ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа, во однос на кои Судот изразува сомнеж за нивната уставност и законитост, за Судот, тоа е доволна причина да го покрене прашањето за уставноста и законитоста на оспорената одредба од Деловникот.
Имајќи го предвид сето погоре изнесено, пред Судот со основ се постави прашањето за уставноста и законитоста на член 24 алинеја 4, член 105, член 106, член 107 и член 108 од Деловникот на Советот на Општина Тетово бр.07-1243/4 од 27.09.2005 година („Службен гласник на Општина Тетово“ број 5/2005).
Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот оцени дека е потребно да се запре примената на спорните одредби од Деловникот на Општината, како и да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби, до донесувањето на конечната одлука.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U. nr.15/2024
Shkup, 21.02.2024
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 21 shkurt 2024, miratoi
A K T V E N D I M
1. INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 24 alineja 4, nenit 105, nenit 106, nenit 107 dhe nenit 108 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Tetovës nr.07-1243/4 të datës 27.09.2005 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Tetovës” numër 5/2005).
2. NDËRPRITET zbatimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të nenit 24 alineja 4, nenit 105, nenit 106, nenit 107 dhe nenit të Rregullores së Komunës së Tetovës nr. -1243/4 të 27.09.2005 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Tetovës” numër 5/2005).
3. Ky aktvendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Gjykatësit kushtetues në takimin e punës të mbajtur më 14.09.2023 morën vendim në përputhje me nenin 14 paragrafin 1 të Rregullores së Gjykatës me iniciativë të vetën të formojnë lëndë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave të kontestuara, me dispozitat e Kushtetutës dhe ligjeve.
II
Gjykata në seancë konstatoi se neni 24 alineja 4 e Rregullores së punës së Këshillit të Komunës së Tetovës parasheh se anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të akteve të miratuara nga Këshilli.
Me nenin 105 të Rregullores përcaktohet se kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, 10% e votuesve në komunë, një shoqëri publike që ushtron veprimtari në zonën e komunës dhe autoritetet shtetërore kur lind nevoja për një interpretim autentik në lidhje me zbatimin e akteve në punën e tyre.
Në nenin 106 të Rregullores thuhet se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik të aktit të përgjithshëm i paraqitet Kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia paraqet kërkesën Komisionit Statutar- Juridik.
Sipas nenit 107 të Rregullores së Punës, Komisioni Statutar- Juridik ka të drejtë të kërkojë mendim nga administrata komunale pas kërkesës për interpretim autentik.
Neni 108 parashikon që nëse Komisioni Statutar- Juridik vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e justifikuar, e përgatit propozimin për interpretim autentik dhe ia paraqet Këshillit të Komunës dhe nëse çmon se kërkesa për interpretim autentik nuk është e arsyetuar, Komisioni Statutar – Juridik do t’i paraqesë një raport Këshillit për këtë.
III
Një nga qëllimet themelore të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është vendosja e sundimit të së drejtës në sistemin e qeverisjes. Ky parim kushtetues është përcaktuar me nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3 të Kushtetutës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.
Sipas nenit 110 alineja 2 e Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.
Në bazë të nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit përfundimtar, mund të miratojë aktvendim për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë, përkatësisht ligjshmërinë e të cilit e vlerëson nëse me ekzekutimin e tij mund të krijohen pasoja të vështira për t’u mënjanuar.
Në bazë të nenit 7 paragrafët 1 dhe 2 dhe nenit 36 paragrafit 1 pikës 1 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 5/02), Këshilli i Komunës së Tetovës, në seancën e mbajtur më 27.09.2005, e miratoi Rregulloren e Këshillit të Komunës së Tetovës.
Rregullorja e punës së Këshillit të Komunës së Tetovës nr. 07-1243/4 e datës 27.09.2005 përmban nenin 24, ku në alinenë 4 është përcaktuar se anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretimin autentik të rregulloreve në seancat e Këshillit.
Me nenet 105, 106, 107 dhe 108 të Rregullores rregullohet procedura për dhënien e interpretimit autentik. Në nenin 105 rregullohet se kush ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të akteve të Këshillit, ndërsa në nenin 106 parashihet se kujt duhet t’i drejtohet kërkesa. Në nenin 107 parashihet se Komisioni Statutar- Juridik ka të drejtë të kërkojë mendim nga administrata komunale, dhe me nenin 108 rregullohet mënyra se si vepron Komisioni Statutar- Juridik me rastin e vlerësimit të arsyetimit të kërkesës për interpretim autentik.
Interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi, në pajtim me nenin 68, paragrafi 1, alineja 2 e Kushtetutës, i miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e punës së Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).
Në rastin konkret, Rregullorja parashikon se anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave, si dhe procedurën për dhënien e interpretimit autentik, në seancat e Këshillit.
Duke vepruar sipas iniciativës në fjalë të formuar sipas detyrës zyrtare, doli se Këshilli i Komunës në pajtim me nenin 36 paragrafin 1 pikën 1 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale e miraton statutin e komunës dhe rregullat e tjera, përkatësisht se në pajtim me nenin 62 paragrafin 1 të Ligjit, në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij, këshilli miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat e tjera të përcaktuara me ligj.
Është e padiskutueshme se Këshilli i Komunës së Tetovës është kompetent për miratimin e Rregullores së Komunës, kompetencë e cila rrjedh nga neni 7 paragrafi 1 i Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale, ku ligjvënësi ka rregulluar që komuna të rregullojë ushtrimin e kompetencave të veta me statut dhe rregulla të tjera.
Për dallim nga sa u tha më lart, është kontestuar rregullimi në Rregulloren e Komunës së Tetovës, e cila parasheh procedurën për dhënien e interpretimit autentik të rregullores së këshillit, ndonëse Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk e autorizon këshillin komunal të japë interpretim autentik të rregullave që i miraton, as Ligji i referohet mundësisë së ofrimit të një interpretimi autentik të akteve të përgjithshme në një akt tjetër (statut ose rregullore të punës së një komune).
Për këto arsye, Gjykata Kushtetuese, në përputhje me nenin 14 paragrafin 1 të Rregullores së Gjykatës, me iniciativë të saj, ngriti çështjen e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 24 alinesë 4 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Tetovës duke konsideruar se rregullimi i saj është pa bazë juridike dhe në kundërshtim me parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe parimin e ligjshmërisë dhe kushtetutshmërisë nga neni 51 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Duke pasur parasysh se Rregullorja e Punës i përmban dispozitat që i japin një anëtari të Këshillit të drejtën të paraqesë kërkesë për interpretimin autentik të rregullave në seancat e Këshillit dhe të cilat e rregullojnë procedurën për ofrimin e interpretimit autentik të rregullave të Këshillit dhe me këtë Këshilli i Komunës i ka kapërcyer, gjegjësisht tejkaluar kompetencat e parapara me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, në lidhje me të cilat Gjykata shpreh dyshime për kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e tyre, për Gjykatën, kjo është arsye e mjaftueshme për të ngritur çështjen e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së kontestuar të Rregullores.
Duke marrë parasysh gjithçka që u tha më lartë, para Gjykatës me bazë u shtrua çështja e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 24 alineja 4, nenit 105, nenit 106, nenit 107 dhe nenit 108 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Tetovës nr. 07-1243/ 4 të 27 shtatorit 2005 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Tetovës” numër 5/2005).
Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme, ndërsa në pajtim me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vlerësoi se është e nevojshme të ndërpritet zbatimi i dispozitave kontestuese të Rregullores së Komunës, si dhe për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë kryer në bazë të dispozitave kontestimore, deri në marrjen e vendimit përfundimtar.
IV
Në bazë të lartpërmendurës Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska