Уставен суд
на Република Северна Македонија
У.бр.107/2023
Скопје, 05.12.2023
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 5 декември 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за начинот на утврдување на несообразноста и висината на процентот на намалување на директни плаќања во случај на несообразност („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.131/2023).
Образложение
I
Во иницијативата поднесена од министерот за правда е наведено дека била воочена објава на повеќе прописи во „Службен весник на Република Северна Македонија” меѓу кои и овој правилник, спротивно на член 52 став 1 од Уставот, според кој законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила, а според став 2 од истиот член, законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување. Имено, според наводите во иницијативата, од денот на донесувањето на овој пропис заведен под број 29-2810/5 од 13 јуни 2023 година до денот на објавата во „Службен весник на Република Северна Македонија” број 131 од 23 јуни 2023 година се изминати повеќе од седум дена, односно наведениот пропис е објавен спротивно на член 52 од Уставот и не е испочитуван уставниот рок за објавување на прописите во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Врз основа на наведеното, а согласно член 110 алинеи 1 и 2 и член 112 од Уставот и членовите 11 и 12 од Деловникот на Уставниот суд, подносителот на иницијативата бара да се поведе постапка за оценување на уставноста на оспорениот правилник.
II
На седницата Судот утврди дека врз основа на член 57 став 6 од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 1632016, 74/2017, 83/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/2019, 244/2019, 275/2019, 110/2021, 123/2022 и 65/2023), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе Правилник за начинот на утврдување на несообразноста и висината на процентот на намалување на директни плаќања во случај на несообразност.
Според член 1 од овој правилник се уредува дека со истиот се пропишува начинот на утврдување на несообразноста и висината на процентот на намалување на директни плаќања во случај на несообразност.
Во член 6 е утврдено дека овој правилник престанува да важи со пристапувањето на Република Северна Македонија во Европска Унија. Согласно членот 7 од истиот, овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
III
Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставувањето на владеењето на правото. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, при што секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.
Според член 52 став 1 од Уставот, законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила, а според став 2 од истиот член, законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.
Поаѓајќи од наведените уставни одредби произлегува дека објавувањето на законите и другите прописи е во функција на обезбедување на владеење на правото и остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, како претпоставка за правната сигурност на граѓаните и другите правни субјекти.
Самото објавување на законите и другите прописи претставува чин на обнародување на тие акти и нивно ставање на увид на јавноста. Имено законот, а во конкретниот случај прописот со негово донесување, промулгирање (потпишување) и со објавување во службено гласило, станува применлив акт.
Имајќи го предвид карактерот и значењето на објавувањето на законите и другите прописи, Уставот на Република Северна Македонија утврдил обврска, но и рок тие да се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” како службено гласило на Републиката.
Одредбата за објавувањето на законите и другите прописи во Уставот е предвидена во главата за основните слободи и права на човекот и граѓанинот и тоа во делот за гаранциите на основните слободи и права. Овој факт укажува дека Уставот на објавувањето на законите и другите прописи не приоѓа како на техничко прашање, туку на прашање кое длабоко навлегува во уставните гаранции на основните слободи и права на човекот и граѓанинот.
Уставната гаранција за објавувањето на законите и другите прописи се афирмира токму преку одредување на временска рамка заради интензивирање на самата постапка на објавувањето.
Во однос на оспорениот правилник кој е предмет на уставно- судска оцена, Судот утврди дека е заведен под архивски број 29-2810/5 од 13 јуни 2023 година, што како дејствие секогаш следи и е условено со претходно донесување на прописот, а е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија” по истекот на рокот од член 52 став 1 од Уставот. Имено, оспорениот правилник е објавен како во електронското, така и во печатеното издание на „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 131 од 23 јуни 2023 година.
При таква фактичка состојба, Судот утврди дека е пречекорен уставниот рок за објавување, односно поминати се повеќе од седум дена за објавување на Правилникот во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Имајќи го предвид погоре изнесеното, Судот утврди дека во конкретниот случај, со основ се постави прашањето за согласноста на Правилникот за начинот на утврдување на несообразноста и висината на процентот на намалување на директни плаќања во случај на несообразност („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.131/2023 од 23 јуни 2023 година) со член 8 став 1 алинеја 3, член 51 и член 52 став 2 од Уставот.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи, со мнозинство гласови, како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.107/2023
Shkup, 05.12.2023
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës, dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 5 dhjetor 2023, miratoi
A K T V E N D I M
INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Rregullores për mënyrën e përcaktimit të mospërputhshmërisë dhe lartësisë së uljes në përqindje të pagesave direkte në rast të mospërputhjes (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.131/2023).
Arsyetim
I
Në iniciativën e dërguar nga ministri i Drejtësisë, thuhet se publikimi i disa rregulloreve në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” duke përfshirë edhe këtë rregullore, në kundërshtim me nenin 52 paragrafi 1 të Kushtetutës, sipas të cilit ligjet dhe rregullat tjera publikohen para hyrjes në fuqi, ndërsa sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, ligjet dhe dispozitat tjera publikohen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” më së voni në afat prej shtatë ditësh nga dita e miratimit të tyre. Konkretisht, sipas pohimeve në iniciativë, nga dita e miratimit të kësaj rregulloreje të regjistruar me numër 29-2810/5 të datës 13 qershor 2023 deri në ditën e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 131 të datës 23.06.2023, kanë kaluar më shumë se shtatë ditë, gjegjësisht rregullorja në fjalë është publikuar në kundërshtim me nenin 52 të Kushtetutës dhe afati kushtetues për publikimin e rregulloreve në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nuk ka qenë i respektuar.
Nisur nga sa më sipër, dhe në përputhje me nenin 110 alinetë 1 dhe 2 dhe nenin 112 të Kushtetutës dhe nenet 11 dhe 12 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, parashtruesi i iniciativës kërkon inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së rregullores së kontestuar.
II
Gjykata në seancë konstatoi se në bazë të nenit 57 paragrafi 6 të Ligjit për bujqësi dhe zhvillim rural (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013 , 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/2017, 83/2018, 27/2019 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 152/2019, 244/2019, 275/2019, 110/2021, 123/2022 dhe 65/2023), ministri i Bujqësisë, Pylltarisë dhe Ekonomisë së Ujërave miratoi Rregullore për mënyrën e përcaktimit të mospërputhshmërisë dhe lartësisë së uljes së përqindjes së pagesave të drejtpërdrejta në rast të mospërputhshmërisë.
Sipas nenit 1 të këtij rregulloreje, rregullohet se me të përcaktohet mënyra e përcaktimit të mospërputhshmërisë dhe lartësisë së uljes së përqindjes së pagesave të drejtpërdrejta në rast të mospërputhshmërisë.
Në nenin 6 thuhet se kjo rregullore pushon të vlejë me anëtarësimin e Republikës së Maqedonisë së Veriut në Bashkimin Evropian. Sipas nenit 7 të së njëjtës, kjo rregullore hyn në fuqi ditën e radhës nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
III
Një nga qëllimet themelore të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është vendosja e sundimit të së drejtës. Ky parim kushtetues është përcaktuar me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin, ku secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.
Sipas nenit 52 paragrafi 1 të Kushtetutës, ligjet dhe dispozitat tjera botohen para hyrjes në fuqi, ndërsa sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, ligjet dhe dispozitat tjera botohen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” më së voni në afat prej shtatë ditëve nga dita e miratimit të tyre.
Nisur nga dispozitat e përmendura kushtetuese, rezulton se publikimi i ligjeve dhe rregullave të tjera është në funksion të garantimit të së drejtës dhe realizimit të lirive dhe të drejtave të njeriut dhe qytetarit, si prezumim për sigurinë juridike të qytetarëve dhe subjekteve tjera juridike.
Vetë publikimi i ligjeve dhe rregullave të tjera paraqet një akt të publikimit të këtyre akteve dhe i vënies në dispozicion të publikut. Domethënë, ligji dhe në rastin konkret rregulli me miratimin e tij, shpalljen (nënshkrimin) dhe publikimin në gazetën zyrtare, bëhet akt i zbatueshëm.
Duke marrë parasysh natyrën dhe rëndësinë e publikimit të ligjeve dhe rregullave të tjera, Kushtetuta e Republikës së Maqedonisë së Veriut ka përcaktuar obligim, por edhe afat, që ato të publikohen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” si gazeta zyrtare e Republikës.
Dispozita për botimin e ligjeve dhe rregulloreve të tjera në Kushtetutë është paraparë në kapitullin për liritë dhe të drejtat themelore të njeriut dhe qytetarit dhe në pjesën për garancitë e lirive dhe të drejtave themelore. Ky fakt tregon se Kushtetuta nuk i qaset publikimit të ligjeve dhe rregulloreve të tjera si çështje teknike, por një çështje që depërton thellë në garancitë kushtetuese të lirive dhe të drejtave themelore të njeriut dhe qytetarit.
Garancia kushtetuese për publikimin e ligjeve dhe rregullave të tjera afirmohet pikërisht me përcaktimin e një afati kohor për intensifikimin e vetë procedurës së publikimit.
Në lidhje me rregulloren e kontestuar e cila i nënshtrohet vlerësimit kushtetues-gjyqësor, Gjykata ka konstatuar se është regjistruar me numër arkivor 29-2810/5 të datës 13.06.2023, e cila si veprim vijon gjithmonë dhe kushtëzohet me miratimin paraprak të rregullit dhe publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” pas skadimit të afatit nga neni 52 paragrafi 1 i Kushtetutës. Përkatësisht, rregullorja e kontestuar është botuar si në botim elektronik ashtu edhe në botim të shtypur të “Gazetës Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 131, nga 23 qershori 2023.
Në një situatë të tillë faktike, Gjykata konstatoi se është tejkaluar afati kushtetues për publikim, përkatësisht kanë kaluar më shumë se shtatë ditë për publikimin e Rregullores në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Duke marrë parasysh sa më sipër, Gjykata vendosi se në rastin konkret, me bazë u parashtruar çështja e pëlqimit të Rregullores për mënyrën e përcaktimit të mospërputhshmërisë dhe shumës së uljes në përqindje të pagesave direkte në rast mospërputhjeje (“Zyrtare Gazeta e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 131/2023 nga 23 qershori 2023) me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3, nenin 51 dhe nenin 52 paragrafi 2 të Kushtetutës.
IV
Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska