Поднесување барање за заштита на слободи и права

Согласно членот 51 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија секој граѓанин што смета дека со поединечен акт или дејство му е пов­редено право или слобода утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, може да бара заштита од Уставниот суд во рок од 2 месеци од денот на доставувањето на конечен или правосилен поединечен акт, односно од денот на дознавањето за преземање дејство со кое е сторена повредата, но не подоцна од 5 години од денот на неговото преземање.

Во барањето, потребно е да се наведат причините поради кои се бара заштита, актите или дејствата со кои тие се повредени, фактите и доказите на кои се заснова барањето, како и други податоци потребни за одлучувањето на Уставниот суд.

Во прилог се дадени обрасци за тоа што треба да содржи барањето.

Преземете го документот на следниот линк (PDF document) – Поднесување барање за заштита на слободи и права

Преземете го документот на следниот линк (Word document) – Поднесување барање за заштита на слободи и права

НАПОМЕНА: Обрасците се изготвени со цел да помогнат на подносителите при нивното обраќање до Уставниот суд на Република Северна Македонија и истите не се задолжителни.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Доставување на барањата по пат на електронска пошта или писмено доставување преку факс до Уставниот суд не се сметат за поднесоци со кои се иницира поведување на постапка пред Судот.

ВОДИЧ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИТЕ И ПРАВАТА ПРЕД УСТАВНИОТ СУД