Поднесување на иницијатива

Иницијативите до Уставниот суд се доставуваат во писмена форма во два примерока преку пошта или непосредно во Архивата на Уставниот суд на Република Македонија.

Содржината на иницијативата е определена во член 15 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија според кој иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на закон и уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт содржи: означување на законот, прописот или општиот акт односно одделни негови одредби што се оспоруваат, причини за нивно оспорување, одредбите од Уставот, односно законот што се повредуваат со тој акт и името, односно називот, односно називот и седиштето на подносителот на иницијативата.