Access to public information

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015), Уставниот суд на Република Македонија ја изготви следната

Листа на информации од јавен карактер

Листата за информации од јавен карактер на Уставниот суд на Република Македонија ја сочинуваат следните групи на информации:

  • Конечни одлуки на Уставниот суд на РМ
  • Деловникот на Уставниот суд на РМ
  • Број на поднесени иницијативи
  • Дневен ред за одржување на седници на Уставниот суд на Република Македонија

Уставниот суд на Република Македонија согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи: Виолета Огненоска.

Уставен суд на Република Македонија 

  • Адреса: „Димитар Влахов“ бр.19 1000 Скопје
  • Е-маил: vognenoska@ustavensud.mk
  • Факс: 02-3119-355

Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвил Уставниот суд на Република Македонија со пополнување на – Барање за пристап до информација од јавен карактер кое може да го добијат во Архивата на Уставниот суд, како и со доставување на барање во електронска форма на е-маил адресата на горенаведеното службено лице.

Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон (02) 3230 – 944.