Стручна служба

Генерален секретар со државни советници

Стручна служба на Уставниот Суд

Стручните и другите работи за потребите на Судот ги врши стручната служба на Судот. Со стручната служба раководи Генерален Секретар

Стручната служба ја сочинуваат 20 државни службеници, од кои 9 се со статус на државни советници.

Стручната служба обезбедува стручно-аналитички, информативно-документациони и административно-технички работи. Стручно-аналитичките работи се концентирани на теориски, компаративни и емпириски проучувања на одделни прашања (проблемски приод), информативно-документационите работи се фокусирани на прибирање, класифицирање и систематизирање на стручна граѓа (системски приод), а административно-техничките работи се посветени на изработка, евидентирање, дистрибуирање и други работи во врска со материјалите на Судот (формален приод).
Во извршувањето на своите работи Стручната служба користи мрежен компјутерски систем, како за задоволување на внатрешните потреби на Судот (уставно-судска практика, уставно-судска постапка), така и за комуницирање на Судот со други субјекти преку интернет.