Генерален секретар

Александар Лазов

По дипломирањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 2002 година на отсекот – правни студии, работел како адвокатски приправник, а по положувањето на правосудниот испит, како адвокатски соработник.
Во 2006 година, се вработува во Службата на Собранието на Република Македонија како државен службеник со звање помлад соработник каде меѓу другото, бил секретар на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот, а во октомври 2009 година е распореден во Одделението за јавни набавки.
Во март 2013 година е избран за раководител на Секторот за општи анализи, истражувања и евроинтеграции при Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија.
Од март 2015 година е вработен во Службата на Уставниот суд на Република Македонија како државен службеник со звање државен советник со работни задачи вршење на стручно-аналитички работи.
Учествувал на голем број на обуки од областите на правните истражувања и анализи, парламентарните процедури, човековите слободи и права и раководењето со администрација, организирани меѓу другото од Конгресот на Соединетите Американски Држави, Европскиот парламент, Европската комисија, Советот на Европа, Бундестагот на СР Германија, Парламентот на Чешката Република, Парламентот на Република Словачка, ОБСЕ и др.
За генерален секретар на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 5 октомври 2016 година.
Одлично го владее англискиот јазик.