Single Blog Title

This is a single blog caption

236/2008-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на
Република Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот
суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.
70/1992) на седницата одржана на 17 јуни 2009 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на: член 69 став
1 алинеја 1 во делот „вклучувајќи ја и електричната енергија потребна за
покривање на технички загуби при трансформација и пренос на електричната
енергија во количини одобрени од Регулаторната комисија за енергетика, алинеја
2 во делот „во обем во кој што снабдувачот со електрична енергија за тарифните
потрошувачи на мало одлучил да не го набавува на пазарот неземајќи ги предвид
загубите на електрична енергија во преносниот и дистрибутивниот систем и“,
алинеја 3 во делот „потребна за покривање на техничките загуби во текот на
трансформацијата и дистрибуцијата на електрична енергија во количини одобрени
од Регулаторната комисија за енергетика“ и член 79 став 1 алиеите 6 и 7 од
Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија„ бр.63/2006,
36/2007 и 106/2008).

2. СЕ ОТФРЛА иницијативата во делот во кој се бара поведување на
постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на
Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр.106/2008) во
целина.

3. ЕВН „Електростопанство на Македонија„ акционерско друштво за
дистрибуција и снабдување со електрична енергија, застапувано од Адвокатското
друштво Поленак преку Кристијан Поленак, адвокат од Скопје, на Уставниот суд на
Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување на постапка за
оценување на уставноста на членовите означени во точката 1 од решението од
Законот за енергетика и уставноста на Законот означен во точката 2 од решението
во целина.

Според наводите на подносителот на иницијативата оспорениот закон за
изменување и дополнување на Законот за енергетика бил донесен по итна постапка
и ако за тоа не постоеле услови согласно Деловникот на Собранието. Имено,
според одредбите од член 175 од Деловникот на Собранието на Република
Македонија од 25 јули 2002 година („Службен весник на Република Македонија„ бр.
60/2002) според кој итната постапка за донесување на закон е предвидена по
исклучок и е единствено дозволена кога било тоа неопходно поради спречување и
отстранување на поголеми нару-шувања во стопанството или кога тоа го барале
интересите на безбедноста и одбрана на Републиката или во случаи на поголеми
природни непогоди, епидемии или други вонредни и неодложни потреби.

Имајќи ја предвид областа што се регулирала со оспорениот закон,
повеќе од јасно било дека неговото донесување по итна постапка не можело да се
оправда и покрај дадените образложенија во предлогот на законот дека
предложените измени се во правец на имплементација на обврските кои
произлегуваат од европските директиви од предметната проблематика и
спроведувањето на Договорот за основање на енергетска заедница.

Вака донесениот закон не би смеел да егзистира во правниот поредок
бидејќи бил спротивен на принципот на владеењето на правото утврден во член
8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

Според тоа, донесениот закон со непочитување на процедурата за
неговото донесување единствено би можел да се отстрани од правниот систем (да
се поништи) од Уставниот суд кој е единствено надлежен коректор на неуставноста
на Законот.

Подносителот на иницијативата понатаму наведува дека доколку Уставниот
суд не најде основ за поништување на Законот за изменување и дополнување на
Законот за енергетика („Службен весник на Република Македониија„ бр.106/2008)
тогаш Судот би требало да ја оценува уставноста на: член 69 став 1 алинеја 1 во
делот „вклучувајќи ја и електричната енергија потребна за покривање на технички
загуби при трансформација и пренос на електричната енергија во количини
одобрени во Регулаторната комисија за енергетика; алинеја 2 во делот „во обем
во кој што снабдувачот со електрична енергија за тарифните потрошувачи на мало
одлучил да не го набавува на пазарот неземајќи ги предвид загубите на
електрична енергија во преносниот и дистрибутивниот систем и„ алинеја 3 во
делот „потребна за покривање на техничките загуби во текот на трансформацијата
и дистрибуцијата на електрична енергија во количини одобрени од Регулаторната
комисија за енергетика“; и член 79 став 1 алинеи 6 и 7 од Законот за
енергетика.

Според подносителот на иницијативата оспорените членови не биле во
согласност со член 8 став 1 алинеите 3 и 4, член 55 став 2 и член 59 став 2 од
Уставот.

Оспорените членови не биле во согласност со член 8 став 1 алинеја 4 од
Уставот, затоа што законодавецот и давал овластување на Регулаторната комисија
за енергетика да уредува прашања кои требало да бидат утврдени со закон, а не
со подзаконски акт. Имено, Законот за енергетика не ги утврдил параметрите и
критериумите според кои Регулаторната комисија ќе ги утврдувала количините на
енергија кои се одобрени и служат за покривање на техничките загуби во
преносниот и дистрибутивниот систем, односно не ги утврдил критериумите за
определување на количините на електрична енергија кои се над одобрените од
Регулаторната комисија и се наменети за покривање на техничките загуби. Од
технички аспект, утврдувањето на количините на електричната енергија потребни
за покривање на загубите, кои би биле одобрени, односно над одобрените од
Регулаторната комисија било тешко определиво бидејќи количините кои се губат во
мрежата се мешаат и не можат да се раздвојат. Уште повеќе количините на
енергија кои се губат не се исти и правопропорционални секој ден, односно тие
се менуваат од час на час и зависат исклучиво од побарувачката и никако не
зависат од операторот на електроенергетскиот систем АД МЕПСО, ниту од
операторот на дистрибутивниот систем АД ЕВН.

Доколку законодавецот инсистира на правно регулирање на нешто што е
технички невозможно, тогаш истиот би требало да го направи во законот бидејќи
со оспорените членови и се давало неограничено право на Регулаторната комисија
сама да ги пропишува киритериумите за определување на количините на електрична
енергија потребни за покривање на загубите, на кој начин со подзаконски акт на
државен орган се пропишуваат права и обврски за правните лица.

Според наводите на подносителот на инициијативата оспорените членови
од Законот не биле во согласност со начелото на владеењето на правото. Ова
затоа што цените кои ЕВН Македонија ги наплатувала од своите потрошувачи ги
регулирала Регулаторната комисија за енергетика со Правилник за начинот и
условите за регулирање на цените на електрична енергија. Според член 3 од
наведениот правилник, максималниот приход, меѓу другото, ги покривал и
трошоците кои се последица од техничките загуби во дистрибуирањето на
електричната енергија (став 2 алинеја 3), а со член 14 се ограничувал степенот
до кој тие технички загуби можело да се земат предвид при утврдување на
максималниот приход и согласно оваа одредба техничките загуби се признавале до
11% од износот на електричната енергија пренесена преку системот на пренос и со
електричните генератори поврзани со системот за дистрибуција.

Загубите на електрична енергија во системот на дистрибуција биле на
ниво од околу 23% и биле создадени далеку пред приватизацијата на државното
претпријатие. Тие се резултат на долгогодишното неинвестирање за одржување и
обновување на мрежата или изградба на нови објекти. Така, поради недостиг на
сре-дства за инвестирање, повеќе од 3 000 трансформатори што претста-вувало
повеќе од 1/3 од целиот дистрибутивен систем биле изградени од физички и правни
лица и биле во нивна сопственост, и како такви тие биле надвор од контрола на
ЕВН со што се создавале огромни загуби и проблеми со волтажата. Понатаму,
според подносителот постоеле и други причини кои предизвикувале загуби како што
биле кражба на електрична енергија, ниска стапка на наплата (20%),
нерегистрирани и наштелувани мерачи и други загуби што доведувало до
зголемување на загуба од 50%. Сето тоа биле трошоци кои настанувале при пренос
и дистрибуција на електричната енергија и кои требало да се имаат предвид при
утврдување на тарифите, односно цената на електрична енергија како што било
предвидено и со Директивата на Европската заедница бр.2003/54/Е3 (член 14 став
4 и член 23 став 2). Според овие одредби тарифите требало да ги одразат
трошоците и да овозможат неопходни инвестиции во мрежата.

Според подносителот на инициијативата неспорно било дека со одредбите
од членовите 19 и 20 од Законот за енергетика било предвидено дека тарифите кои
ги утврдувала Регулаторната комисија ги вклучувале и трошоците за обезбедување
на релевантните услуги во кои се пресметувале и загубите, но за да се
аргументира фактот дека измените на Законот кои се однесуваат на покривање на
загубите се на штета на ЕВН, требало да се тргне и да се објасни како се
покривале загубите пред измените на Законот.

Со Правилникот се ограничувал степенот до кој се признавале техничките
загуби и тоа до 11% од износот на електричната енергија преку системот на
пренос и со електрични генератори поврзани со системот за дистрибуција.
Меѓутоа, не било и сега не е непознато дека загубите на електрична енергија во
голема мера ги надминувале загубите од 11%. Пред донесување на измените на
Законот загубите делумно биле пребивани на начин што на вршителот на дејноста
дистрибуција му било дозволено да купува електрична енергија од ЕЛЕМ државно
претрпјатие, по дисконтни цени од околу 30 евра за Мкч, односно во висина на
тарифните цени за што имало основ во член 69 од Законот пред измените или
поточно немало забрана на таков начин да се покриваат загубите преку 11%.

Со измените на член 69 од Законот се ограничувал степенот до кој ЕВН
може да купува електрична енергија за покривање на техничките загуби по
дисконтно-регулирани цени, и сите загуби кои ја надминувале оваа граница ЕВН би
морал да ги купува на пазарот по пазарна цена.

Соодветна измена била направена и во член 79 став 1 алинеите 6 и 7
според кои операторот на дистрибутивниот систем бил должен да обезбеди количини
на електрична енергија за покривање на техничките загуби во дистрибутивниот
систем во количина одобрена од Регулаторната комисија за енергетика по
регулиран договор, а количините потребни за загубите во однос над одобрените се
покривале со транспарентни, недискриминаторни и пазарно ориентирани постапки.
Долги години наназад дистрибутивниот систем бил оптоварен со загуби на
електрична енергија која според документацијата изнесува 23%. Неспорно е дека
тарифите, односно цените се премногу ниски за да се покријат загубите. Ниските
цени се политички мотивирани и во догледно време нема изгледи да се утврдуваат
цени кои објективно ќе ги покријат загубите. Од друга страна не можело да се
очекува и бара операторот кој управува со системот за дистрибуција да ги
отстрани недостатоците кои ги покриваат загубите, туку можело да се бара да ги
отстрани во разумна мера. Исто така, не може да се бара како трошок да биде
признаена целата загуба, меѓутоа загубата над 11%, Законот дозволувал да се
надоместува од регулираниот производител и тоа во висина на утврдените тарифи.

Со измените на Законот се нарушувал принципот на обезбедување на правна
сигурност затоа што драстично се менувале условите за покривање на загубите во
однос на условите кога операторот ја стекнал сопственост на системот. Исто
така, со измените се нарушувал принципот на праведност кој бил еден од
елементите на владењето на правото и според кој законот според својата содржина
би морало да одговара на природата на нештата.

Подносителот на иницијативата понатаму наведува дека законодавецот имал
право да ја определува висината на трошоците за покривање на загуби, можел да
спроведува политика со која ќе го натера операторот преку инвестиции да ги
отстрани причините кои создаваат загуби, но при тоа не можело и не смеело да го
одбегне фактот дека сегашната состојба на мрежата барало големи инвестиции кои
не можело да бидат повратени на подолг рок. Но тоа го обврзува членот 20 став 4
од Законот, според кој Регулаторната комисија со формирање на цените на одделни
видови на енергија и регулирани услуги требало да им овозможи на носителите на
лиценца покривање на трошоците за вршење на енергетска дејност и соодветен
поврат на капиталот.

Според подносителот на иницијативата оспорените одредби од Законот за
изменување и дополнување на Законот за енергетика не биле во согласност со член
55 став 2 од Уставот на Република Македонија, затоа што со нив се пропишувале
различни обврски за различни субјекти (оператор на електроенергетскиот систем,
оператор на дистрибутивниот систем и снабдувачот на тарифните потрошувачи на
мало ) во низата на активности кои се вршат при обезбедување на јавната услуга,
т.н. испораката на електрична енергија за крајните корисници и обврските за
покривање на загубите во системот. Воедно, законодавецот не обезбедувал еднаква
правна положба и третман за операторите на мрежата од една страна и
снабдувач