250/2007-0-0

250/2007-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 алинеја 1 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 26 декември 2007 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на законистоста на
– Решението бр. 10-3089/292 од 04.01.2007 година, донесено од минстерот за образование и наука;
– Решението br.10-90/65 од 28.02.2007 година, донесено од минстерот за образование и наука;
– Решението бр. 10-263/397 од 05.12.2005 година, донесено од минстерот за образование и наука;
– Решението бр. 07-1292/1 од 20.06.2007 година, донесено од Советот на општина Кочани;
– Решението бр.07-2072/1 од 17.11.2006 година, донесено од Советот на општина Кочани i
– Одлуката бр. 0701-187/1 од 11.09.2007 година, донесено од ОУ “Раде Кратовче“ Кочани.

2. Основното Училиште „Раде Кратовче“ од Кочани, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на законистоста на актите означени во точката 1 од ова решение.

Според подносителот на иницијативата, овие акти биле незаконити.

Имено, подносителот на иницијативата наведува дека Решението бр. 10-3089/292 од 04.01.2007 година и Решението бр. 07-1292/1 оценката би требало да биде извршена согласно одредбите на член 57 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Основното образование („Службен весnik na Republika Makedonija” br.63/2004 година), а што се однесува до Одлуката бр.0701-187/1, таа би требалo да биде извршена согласно одредбите од член 97 од извадокот од Статутот на основното училиште „Раде Кратовче“ Кочани, а исто така и во согласност со одредбите од член 57 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Основното образование(„Службен весник на Република Македонија“ бр .63/2004 година).

Поради наведените причини сo иницијативата се предлага Судот да поведе постапка за оценување на законитоста на оспорените решенија и одлуката.

3. Судот на седницата утврди дека во сите оспорени решенија и оспорената одлука поименично се утврдени лицата кои се именувани или разрешувани за членови на училишниот одбор на ОУ „Раде Кратовче“.

4. Согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Според член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија Судот ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.

Од називот и содржината на оспорените акти неспорно произлегува дека тие се поединечни акти со кои се врши именување и разрешување на членови на училишниот одбор во Основното Училиште „Раде Кратовче“, а не се прописи со кои на општ начин се уредуваат определени односи, односно прашања кои се однесуваат на неопределен број на субјекти во правото, што е карактеристично за секој вид на пропис.

Со оглед на тоа што оспорените решенија и оспорената одлука не се прописи во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, туку се поединечни, односно конкретни акти, Судот утврди дека не е надлежен да ја оценува нивната законитост.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите: Лилјана Ингилизова – Ристова, м-р Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.250/2007
26 декември 2007 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски

Leave a Reply