111/2006-0-1

111/2006-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 24 јануари 2007 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА членот 117 став 2 во делот

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

3. Уставниот суд на Република Македонија по повод иницијативата поднесена од Стамен Филипов од Скопје со Решение У.бр.111/2006 од 18 октомври 2006 година, поведе постапка за оценување на уставноста на член 117 став 2 во делот: „согласно со акт на Владата на Република Македонија“ од Законот означен во точката 1 од оваа одлука („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/2005), затоа што основано се постави прашањето за неговата согласност со Уставот.

4. Судот на седницата утврди дека според оспорениот член 117 став 2 од Законот, прекувремената работа може да трае најмногу десет часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени, согласно со акт на Владата на Република Македонија.

5. Согласно член 8 став 1 алинеи 1, 3 и 4 од Уставот, темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се утврдени основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, владеењето на правото, како и поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска.

Согласно член 9 од Уставот, граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Според член 32 став 1 од Уставот, секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбедност за време на привремена невработеност.

Според ставот 2 од овој член од Уставот, секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место, а според ставот 3 од истиот член, секој вработен има право на соодветна заработувачка.

Во ставот 5 од овој член од Уставот е утврдено дека остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.

Членот 54 ставот 1 од Уставот утврдува дека слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот, а според ставот 3 на овој член ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.

Надлежностите на Владата на Република Македонија се утврдени во членот 91 од Уставот. Така, според ставот 1 алинеја 1 на овој член од Уставот, Владата на Република Македонија ја утврдува политиката на извршување на законите и другите прописи на Собранието и е одговорна за нивното извршување, а според алинејата 5 од ставот 1 на членот 91 од Уставот, Владата на Република Македонија донесува уредби и други прописи за извршување на законите.

Во членот 96 од Уставт е утврдено дека органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.

Поаѓајќи од изнесените уставни одредби, законодавецот односите во областа на трудот ги уредил со Законот за работните односи. Според членот 1 став 1 од овој закон, со него се уредуваат работните односи меѓу работниците и работодавачите кои се воспоставуваат со склучување на договор за вработување.

Според ставот 2 на овој член од Законот, работниот однос се уредува со овој и со друг закон, колективен договор и договорот за вработување.

Судот утврди дека прекувремената работа е институт кој се однесува на прашања поврзани со остварувањето на правата на вработените и нивната положба што согласно член 32 став 5 од Уставот се уредува со закон и со колективни договори.

Оттука, максималното траење на прекувремената работа се однесува воопшто, па и за работите кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени, според Судот не може да биде предмет на уредување на подзаконски акт на Владата на Република Македонија.

При ваква состојба, овластувањето на Владата на Република Македонија со свој акт да го уреди прашањето на прекувремената работа, значи проширување на надлежноста на Владата на Република Македонија и во сферата која согласно членот 32 став 5 од Уставот се уредува со закон и со колективени договори.

Со оглед на наведеното Судот утврди дека членот 117 став 2 во делот: „согласно со акт на Владата на Република Македонија“ од Законот за работните односи не е во согласност со одредбите на Уставот.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

11. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот Махмут Јусуфи и судиите д-р Трендафил Ивановски, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.111/2006
24 јануари 2007 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Махмут Јусуфи

Leave a Reply