170/2005-0-1

170/2005-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на иленовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и илен 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 29 март 2006 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА Правилникот за содржина на образецот за издавање на наод, оцена и мислење за утврдување на потребата за помош и нега од друго лице, потребната медицинска и друга документација, начинот на остварување, критериумите за утврдување на висината и висината на износот на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице (“Службен весник на Република Македонија” бр. 88/2004).

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија, по повод иницијатива на Стамен Филипов од Скопје со Решение У.бр.170/2005 од 8 февруари 2006 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од оваа одлука, бидејќи основано се постави прашањето за неговата согласност со Уставот и Законот за социјалната заштита.

4. Судот на седницата утврди дека оспорениот правилник носи назив: Правилник за содржина на образецот за издавање на наод, оцена и мислење за утврдување на потребата за помош и нега од друго лице, потребната медицинска и друга документација, начинот на остварување, критериумите за утврдување на висината и висината на износот на правото на паричен надоме сток за помош и нега од друго лице. Називот на Правилникот се оспорува во делот: “начинот на остварување, критериумите за утврдување на висината и висината на износот на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице”.

Правилникот е донесен врз основа на член 31 став 6 од Законот за социјална заштита.

Според член 1 од Правилникот, со овој правилник се пропишува содржината на образецот за издавање на наодот, оценката и мислењето за утврдување на потребата за помош и нега од друго лице, потребната медицинска и друга документација која се приложува кон барањето за остварување на ова право, начинот на остварување на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, како и поблиску се утврдуваат критериумите за утврдување на висината и висината на износот на ова право. Одредбата се оспорува во делот: “начинот на остварување на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, како и поблиску се утврдуваат критериумите за утврдување на висината и висината на износот на ова право”.

Според член 2 од Правилникот, врз основа на утврдената фактичка состојба од страна на надлежната комисија за издавање наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице (во натамошниот текст: комисијата), правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице се остварува согласно Законот за социјална заштита и овој правилник. Одредбата се оспорува во делот: “и овој правилник”.

Според член 8 од Правилникот, висината на износот на правото на паричен надоместок за по мош и нега од друго лице изнесува 26% од просечната месечно нето плата по работник во Република Македонија остварена во последните 3 месеци, за лицата со следните болести:

– неподвижно лице – потполно,
– потполно слепо лице (со 99% намален вид),
– лице со церебрална или детска парализа и параплегија,
– лице заболено од дистрофија или сродни мускуларни или невромускуларни заболувања, во краен стадиум на болеста,
– лица со тешки и најтешки пречки во интелектуалниот развој над 26 годишна возраст и лица со ментална дитериорација кај хронични психози (шизофренија, манијачна депресивна психоза, параноја),
– лице со целосна одземеност на една страна од телото или одземеност на сите 4 ектстремитети и
– лица со малигно заболување во терминалниот стадиум со метастази на внатрешните органи.

Според член 9 од Правилникот, висината на износот на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице изнесува 23% од просечната месечно нето плата по работник во Република Македонија, оств арена во последните 3 месеци, за лицата со следните болести:
– лица со тешко нарушен вид (97%),
– во прв стадиум на болеста на лице заболено од дистрофија или сродни мускуларни или невромускуларни заболувања,
– лице со делумна одземеност на една страна од телото (како последица на крварење на мозокот) и
– стари лица над 70 годишна возраст со трауматски повре ди, оперирани поставени со плочки, шипки поради пролонгирано санирање на истите поради возраста, поради што се неподвижни.

5. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија.

Во членот 91 алинеја 5 од Уставот на Република Македони ја е утврдено дека Владата на Република Македонија донесува уредби и други прописи за извршување на законите.

Според член 96 од Уставот, органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.

Според член 110 алинеа 2 од Уставот, Уставниот суд одлучува за согласноста на другите прописи и колективни договори со Уставот и законите.

Согласно член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/2000 и 44/2002), министерот, меѓу другото, донесува правилници за извршување на законите кога за тоа е овластен со закон. Според член 56 став 1 од овој закон, со правилник се утврдуваат и разработуваат одделни одредби на законите и други прописи заради нивно извршување, а според член 61 став 1 од овој закон, со актите што ги донесува министерот не може за граѓаните и правните лица да се утврдуваат права и обврски, ниту да се пропишува надлежност на други органи.

Во членот 31 став 6 од Законот за социјалната заштита (“Службен весник на Република Македонија” бр.50/1997, 16/2000, 17/2003 и 65/2004), беше предвидено дека: “министерот ја пропишува содржината на обрасците за издавање на наодот, оцената и мислењето за утврдување на потребата за помош и нега од друго лице, потребната медицинска и друга документација која се приложува кон барањето за остварување на ова право, начинот на остварување на правото на парич ен надоместок за помош и нега од друго лице, како и поблиску ги утврдува критериумите за утврдување на висината и висината на износот на ова право”.

Постапувајќи во рамките на овластувањата кои произлегувале од цитираната законска одредба министерот за труд и социјална политика го донел оспорениот правилник.

Во Законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита (“Службен весник на Република Македонија” бр. 62/2005) одредба со ваква нумерација и содржина нема или поконкретно членот 31 од Законот повеќе нема став 6, ниту има содржина каква што се прикажува од подносителот на иницијативата.

Имено, според член 31 став 5 од интергралниот текст на Законот, министерот со акт го пропишува начинот на остварување на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, потребната документација која се приложува кон барањето за остварување на ова право, поблиску ги определува условите за остварување на ова право, составот и начинот на работа на стручната комисија од ставот 1 на овој член, начинот на водење евиденција за издадени наоди и содржината на образецот за давање на наод, оцена и мислење за утврдување на потребата за помош и нега од друго лице.

Од изнесеното произлегува дека оспорените одредби од Правилникот се засноваат врз одредба од Законот која престанала да важи, односно која повеќе не е дел од правниот поредок на државата. Оттаму, во правниот поредок егзистира Правилник кој претставува разработка на непостоечка законска одредба.

Судот смета дека не само ос порените делови од Правилникот, туку и Правилникот во целина не се во согласност со владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, бидејќи во правниот поредок може да егзистираат подзаконски акти што имаат основ во важечка законска одредба, што овде не е случај.

Од наведените причини произлегува и несогласноста на оспорениот Правилник со останатите одредби од Уставот на кои се повикува подносителот на иницијативата.

Со оглед на тоа што министерот може да донесува правилници за извршување на законите само кога за тоа е овластен со закон со цел утврдување и разработување на одделни одредби на законите и други прописи заради нивно извршување, а имајќи ја предвид изнесената фактичка и правна состојба, според оцена на Судот оспорениот Правилник повеќе не е во функција на акт за извршување и доразработка на законска одредба.

Оттаму, според Судот, оспорените делови од Правилникот и Правилникот во целина не се во согласност и со членот 31 став 5 од интегралниот текст на Законот за социјалната заштита и со членовите 55 став 1 и 56 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа.

6. Од натамошна анализа на одредбите од последната измена и дополнување на Законот, Судот утврди постоење на дополнителен аргумент по однос на несогласноста на делови од Правилникот, како и Правилникот во целина по однос одредбите од Уставот и Законот за социјалната заштита.

Имено, министерот за труд и со цијална политика според важечкиот член 31 став 5 од Законот, повеќе нема овластување поблиску да ги утврдува критериумите за утврдување на висината и висината на износот на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, од што произлегува дека Правилникот не е во согласност и со наведената законска одредба.

Според сега важечката регулатива утврдувањето на износот на овој вид надоместок и критериумите од кои зависи неговата висина се определени во членот 12 од Законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита (“Службен весник на Република Македонија” бр.62/2005), односно во член 30а, член 30-б и член 30-в од интегралниот текст на Законот.

При состојба кога со последната измена и дополнување на Законот не е оставено овластување на министерот со подзаконски акт понатаму да ја разработи материјата за критериумите за утврдување на висината и висината на износот на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице и во Законот не е содржана одредба која би го уредила натамошното важење на дотогаш донесените подзаконски акти, вклучуваќи го и оспорениот Правилник, Судот оцени дека истиот и поради оваа причина не може да егзистира во правниот поредок.

7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

8. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова – Ристова и судиите:д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положа ни, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.170/2005
29 март 2006 год.
С к о п ј е
л.а/м.л

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова

Leave a Reply