205/2005-0-0

205/2005-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 22 февруари 2006 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 58 став 3 и 4, член 60 став 4 алинеја 1, член 70 став 3 алинеја 1 и член 73 став 2 алинеја 1 од Законот за Народната банка на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.3/2002).

2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на член 58 став 3 и 4, член 60 став 4 алинеја 1, член 70 став 3 алинеја 1 и член 73 став 2 алинеја 1 од законот означен во точката 1 од ова решение.

Според наводите на подносителот на иницијативата оспорениот член 58 став 3 и 4 од Законот не бил во согласност со членовите 9, 20 став 1 и 2, 23, 32 став 1 и 2 и член 54 од Уставот, затоа што слободите и правата на граѓаните не можат да се ограничуваат со закон како што тоа е утврдено во конкретниов случај. Според подносителот на иницијативата согласно член 95 став 2 од Уставот политичкото организирање и дејствување се забранува само во органите на државната управа.

Понатаму, според наводите на подносителот на иницијативата член 60 став 1, член 70 став 3 алинеја 1 и член 73 став 2 алинеја 1 од Законот за Народната банка не биле во согласност со член 8 став 1 алинеја 3, член 9, член 13 став 1, член 14 став 1, член 23, член 32 став 1 и 2, член 51 и член 54 од Уставот затоа што казненоправниот однос се исцрпува на релација на казниво дело и судски изречена казна за неговиот сторител и дека ната-мош-ните последици од неговото извр-шување, односно од осудата за тоа дело кои се состојат во ограни-чу-вање на правата на граѓаните не се допуштени.

Воедно, подносителот на иницијативата наведува дека прашањата што се однесуваат на кривичните дела и кривичната одговорност, мерките на безбедност, меѓу кои и забраната за вршење на професија, дејност или должност, правните последици од осудата и рехибилитацијата спаѓаат во кривичноправната материја и се уредени со Кривичниот законик. Со член 101 став 1 од овој закон е уредено дека правните последици од осудата што се надовр-зуваат на осудите за определени кривични дела може да настапат само кога за кривичното дело на сторителот му е изречена казна затвор.

3. Судот на седницата утврди дека во оспорениот член 58 став 3 од Законот за Народната банка (“Службен весник на Република Македонија” бр. 3/2002) било предвидено дека “член на Советот на Народната банка и вицегувернерот кој не е член на Советот на Народната банка не можат да бидат на раководни места, да се вработат или да основаат банка или штедилница една година по завршувањето на нивниот мандат или отповикување.

Во оспорениот став 4 од наведениот член било предви-дено дека “лице кое е член на политичка партија може да биде член на Советот на Народната банка само доколку по сопствена волја се повлече од партијата за време на мандатот во Советот на Народната банка”.
Во оспорениот член 60 став 4 алинеја 1 од Законот било предвидено дека член на Советот на Народната банка може да биде отповикан “во случај кога е осуден за кривично дело”.

Во оспорениот член 70 став 3 алинеа 1 од Законот било предвидено дека Гувернерот може да биде отповикан “во случај кога е осуден за кривично дело”.

Во оспорениот член 73 став 2 алинеја 1 од Законот било предвидено дека вицегувернерот може да биде отповикан “во случај кога е осуден за кривично дело”.

Во натамошната постапка Судот утврди дека со Законот за изменување и дополнување на Зако-нот за Народната банка (“Службен весник на Република Македонија” бр.51/2003) оспорениот став 3 на член 58 станал став 4 со променета содржина. Имено, во овој член е предвидено дека: “Член на Советот на Народната банка и вицегувернерот кој не е член на Советот на Народната банка не можат да бидат членови на органи на управување, во банка или штедилница, да се вработат или да основаат банка или штедилница за време на мандатот и две години по истекот на мандатот односно отповикувањето”.

Оспорениот член 58 став 4 останал со истата содржина, но го променил нумеричкиот број и сега тој е член 58 став 5.

Оспорените членови 60 став 4 алинеја 1, 70 став 3 алинеја 1, 73 став 2 алинеја 1, содржински се променети и во нив е предвидено дека член на Советот на Народната банка, Гувернерот и вице-гувернерот може да биде отповикан: “во случај кога е осуден за кри-вично дело со казна затвор и тоа:
а) во периодот од правосилноста на пресудата до денот на издржување на казната и пет години од денот кога ја издржал казната во случај на осуденост со правосилна судска пресуда со казна затвор до три години.
б) во периодот од правосилноста на пресудата до денот на издржување на казната и десет години од денот кога ја издржал казната во случај на осуденост со правосилна судска пресуда со казна затвор над три години”.

4. Според член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Ма-кедонија, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уста-вот.

Според член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Имајќи ги предвид наведените уставни и деловнички одредби, утврдената фактичката состојба, како и наводите во иници-ја-тивата од кои произлегува дека во моментот на поднесување на ини-цијати-вата, подносителот немал предвид дека оспорените законски одредби што ги оспорува содржински се изменети, а одредбата од член 58 став 4 нумерички е изменета, Судот оцени дека согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд иницијативата се отфрла.

5. Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.205/2005
22 февруари 2006 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова

Leave a Reply