202/2005-0-0

202/2005-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловни-кот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 8 февруари 2006 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Законот за приватизација на државниот капитал (“Службен весник на Република Македонија” бр.37/1996, 25/1999, 81/1999, 49/2000, 6/2002 и 74/2005).

2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Репуб-лика Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот означен во точката 1 од ова решение.

Според наводите во иницијативата не постоел непосреден уставен основ за донесување на оспорениот закон. Тој, исто така, по до-несувањето постојано се менувал и дополнувал со што се проширил предметот на негово уредување, односно под поимот држа-вен капи-тал бил опфатен и капиталот во сопственост на правни суб-јекти кои имале право на користење, располагање и управување со својот капи-тал. Оттаму, по сила на Законот било извршено општо подржавување на капиталот во сопственост на правните субјекти во кои спаѓале јавни установи, јавни претпријатија и други институции и организации кои вршеле јавен интерес, а всушност нивниот капитал не бил осно-ван со средства во државна сопственост.

Во иницијативата се наведува дека со измените во Зако-нот било вршено проширување на кругот на субјектите чии капитал е предмет на приватизација, и според членот 1 тоа биле претпријатија, банки и трговски друштва, а во членот 2 од Законот било дефинирано дека поимот државен капитал го опфаќал учеството на Република Македо-нија во капиталот но и учеството на органите на државната власт во вредноста на капиталот. Меѓутоа, јавните установи биле неприкосно-вени во остварувањето на правото на сопственост и правата кои произлегувале од сопственоста, така што секое одземање и прикажу-вање на овој капитал по сила на законот како државен капитал, претс-тавувало противуставен акт.

Законот се оспорува во целина од аспект на целта на Законот која претставувала “проширување на државната сопстве-ност со капитал во сопственост на правни субјекти кој не бил созда-ван од државата”.

Од наведените причини оспорениот закон не бил во согласност со повеќе одредби од Уставот: со член 8 став 1 алинеи 3 и 6 според кои владеењето на правото и правната заштита на сопст-веноста се темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија; со член 30 кој се однесува на гарантирањето на правото на сопственост; со член 51 според кој секој е должен да ги почитува Уставот и законите, како и со членот 58 кој се однесува на тоа дека сопственоста и трудот се основа за управување и учество во одлучу-вањето.

Со иницијативата се предлага, до донесувањето на конеч-на одлука, Судот да донесе решение за запирање на извршување на поединечните акти и дејствија донесени, односно преземени врз основа на оспо-рениот закон.

3. Судот на седницата утврди дека Законот за приватиза-ција на државниот капитал содржи одредби со кои се уредува евиден-цијата, управувањето, начинот и постапката за приватизација на државниот капитал во претпријатијата и банките, односно трговските друштва.

4. Според членот 8 став 1 алинеи 3 и 4 од Уставот на Република Македонија, владеењето на правото и правната заштита на сопственоста се темелни вредности на уставниот поредок на Репуб-лика Македонија.

Со членот 30 од Уставот се гарантира правото на сопст-веност и правото на наследување.

Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата.

Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.

Според членот 58 од Уставот, сопственоста и трудот се основа за управување и учество во одлучувањето.

Согласно членот 61 од Уставот, Собранието на Република Македонија е носител на законодавната власт во Републиката.

Според членот 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите.

Од изнесените уставни одредби, меѓу другото, произлегува уставниот основ за донесување на оспорениот закон во рамки на устав-но определена надлежност на Собранието на Република Маке-до-нија да донесува закони.

Од друга страна, уставниот принцип на правна заштита на сопственоста бил основ и за донесување на Законот за сопственост и други стварни права (“Службен весник на Република Македонија” бр. 18/2001), кој во членот 2 определил дека право на сопственост можат да стекнуваат сите домашни и странски физички и правни лица, вклучу-вајќи ја и државата и единиците на локалната самоуправа, под услови и на начин предвидени со овој и друг закон.

Законот за приватизација на државниот капитал не го ре-гулира издвојувањето на државниот капитал од друг капитал, туку го регулира располагањето со државниот капитал кој веќе е издвоен во постапки спроведени според други закони и за овој издвоен и опре-делен државен капитал во постапки врз основа на зако-ни од разни области, Судот утврди дека право на законодавецот е со закон да ја пропише приватизацијата како елемент од распола-га-њето на држава-та со сопствениот државен капитал.

Имено, Законот за приватизација на државниот капитал во членот 1 определил дека со овој закон се уредува евиденцијата, упра-ву-вањето, начинот и постапката за приватизација на државниот капи-тал во претпријатијата и банките односно трговските друштва.

Според членот 2 став 1 од овој закон, државен капитал во смисла на овој закон се смета учеството (трајните влогови) на Репуб-лика Македонија, односно органите на државната власт, во вредноста на претпријатијата, односно трговските друштва утврдено согласно со Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал (“Службен весник на Република Македонија” бр.38/1993 и 48/1993), Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со опште-ствен капитал кои стопансиуваат со земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.19/1996) и Законот за уредување на односите во врска со отплата на користени кредити од меѓуна-род-ни финансиски организации (“Службен весник на Република Македо-нија” бр.48/1994), влоговите на Република Македонија во вредноста на претпријатието согласно со Законот за преструктуирање на дел од претпријатијата кои во своето работење искажуваат загуби (“Службен весник на Република Македонија” бр.2/1995 и 65/1995), Законот за санација и реконструирање на дел од банките во Република Македо-нија (“Службен весник на Република Македонија” бр.14/1995), како и капиталот стекнат по други основи во согласност со закон.

Во ставот 2 од овој член од Законот е предвидено дека под државен капитал во смисла на овој закон се сметаат и побару-ва-њата на Република Македонија, кои се претворени или ќе се претво-рат во траен влог во претпријатијата, односно трговските друштва и трајниот влог на јавните претпријатија основани од Република Маке-донија согласно со Законот за преструктуирање на дел од претпри-ја-тијата кои во своето работење искажуваат загуби (“Службен весник на Република Македонија” бр.2/1995 и 65/1995).

Според ставот 3, одлука за претворање на побарувањата од став 2 на овој член во траен влог, донесува Владата на Република Македонија.

Според ставот 4, под државен капитал во смисла на овој закон се сметаат акциите и уделите на Република Македонија и орга-ните на државната власт во претпријатијата и банките, односно тргов-ските друштва стекнати по различни основи во согласност со закон.

Од изнесените одредби произлегува дека Законот за при-ватизација на државниот капитал во членот 1 го дефинирал пред-ме-тот на уредување на овој закон. Тоа е приватизацијата на држав-ни-от капитал кој се наоѓа во претпријатијата и банките односно трговс-ки-те друштва, додека во членот 2 го определил државниот капитал според основите по кои тој настанал. Имено, со Законот е утврдено дека носител (имател) на државниот капитал е Република Македонија, однос-но органите на државната власт и овој капитал кој се наоѓа во прет-пријатијата и банките односно трговските друштва е предмет на при-ватизацијата согласно Законот.

Со одредбите од членот 2-а и членот 2-б од Законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација на држав-ниот капитал (“Службен весник на Република Македонија” бр.74/2005), е прецизирано дека под органи на државната власт во смисла на овој закон се подразбираат корисниците и единките корисници на средс-т-вата од Буџетот на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа, агенции, фондови, со исклучок на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија, јавните установи, јавните претпријатија и други институции и организации кои вршат дејности од јавен интерес основани со средства во државна сопственост.

Приватизацијата на претпријатијата и организациите во државна сопственост кои со закон е утврдено дека вршат дејности од јавен интерес, односно јавните установи и јавните претпријатија и трговските друштва основани со средства во државна сопственост, се врши согласно со Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, доколку со посебен закон поинаку не е уредено. Приватизацијата ја спроведува Министерството за економија.

Судот утврди дека по однос на прашањето дали овие посебни институции и установи кои вршеле дејности од јавен интерес биле или не биле основани со средства во државна сопственост и постоењето и обемот на тие средства, е всушност предмет на прет-ходно утврдување според Законот за трансформација со општествен капитал. Прашањето за нивното основање со државни средства и процената на државниот капитал во овие посебни правни субјекти не е предмет на Законот за приватизација на државниот капитал, бидејќи тој како за државниот капитал во овие правни лица така и за држав-ни-от капитал во други претпријатија, банки и трговски друштва, го регу-лира приватизирањето, ослободувањето на државата од државниот капитал во корист на приватниот сектор.

Понатаму, со одредбите од Законот е уредено дека за вредноста на државниот капитал претпријатијата односно трговските друштва и издаваат на Република Македонија, односно на органите на државната власт обични акции, односно потврди за удели. Евиден-цијата на државниот капитал во претпријатијата и банките, односно трговските друштва во име и за сметка на Република Македонија ја води Централниот депозитар за хартии од вредност, врз основа на договор меѓу министерот за финансии и Централниот депозитар за хартии од вредност. Со државниот капитал управува и расплага Владата на Република Македонија.

Остварувањето на овие права Владата на Република Македонија ги врши преку Комисија на Владата на Република Македо-нија за приватизација, а организационите, административните и други стручни работи за потребите на Комисијата за приватизација ги вршат Министерството за економија и Министерството за финансии.

Според членот 9 од Законот продажбата на државниот капитал, кој е изразен во акции може да се продава преку берзата за долгорочни хартии од вредност, а државниот капитал кој е изразен во удели може да се продава преку објавување на јавен повик за прибирање на понуди. Почетната продажна цена на акциите и уделите, предмет на продажба ја утврдува Комисијата за привати-зација во согласност со одредбите од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

Продажбата на државниот капитал изразен во акции и удели во претпријатијата ја спроведува Министерството за економија, а продажбата на државниот капитал изразен во акции во банките и финансиските институции ја спроведува Министерството за финан-сии. Продажбата се врши преку јавна берзанска аукција по налог на министерот за економија, односно министерот за финансии.

Според одредбите на овој закон, средствата остварени од продажбата на државниот капитал се приход на Буџетот на Република Македонија, а надзор на спроведувањето на овој закон врши Минис-терството за финансии.

Од анализата на одредбите од Законот за приватизација на државниот капитал, Судот утврди дека за државниот капитал е утврден посебен правен режим во однос на акциите и уделите кои Република Македонија односно органите на државната власт ги имаат во други правни лица – претпријатија и банки односно трговски друштва, чија цел е пос-тигнување на оптимални финансиски ефекти од приватизацијата на државниот капитал изразен во акциите и уделите преку негово групирање, окрупнување и продажба. Јавните установи опфа-тени со овој зако-н се буџетски корисници чие работење и финансирање е регули-ра-но со закон, па така и приходите и расходите од нивното работење се во рамки на буџетот на Република Македонија и се нормативно уредени.

Имајќи ги предвид изнесените уставни и законски одредби и поаѓајќи од наводите во иницијативата, Судот оцени дека за Законот за приватизација на државниот капитал од аспект на целта заради која бил донесен и предметот кој го уредува во целина, а посебно во делот на уредувањето на државниот капитал содржан во јавните установи и другите правни лица, не може да се постави прашањето за несогласност со Уставот. Ова поради тоа што со оспорениот закон не се врши по сила на законот подржавување на капитал во туѓа сопственост, бидејќи самиот Закон го регулира исклучиво распола-га-њето односно приватизацијата на веќе проценетото учество на држа-вата и органите на државната власт во капиталот во претпријатијата и бан-ките односно трговските друштва, определено како државен капи-тал според постапки спроведени во согласност со закони од разни обла-сти кои го определувале учеството на државата во капиталот на правните субјекти.

Воедно, според Судот неоснован е наводот во иницијати-вата дека со оспорениот закон се определувал државен капитал кај правни лица кои немале таков капитал па поради тоа зако-нот бил неуставен, поради тоа што од анализата на Законот произлегува дека опреде-лувањето на капиталот не е предмет на уредување на оспо-ре-ниот закон, а наспроти тоа треба да се има предвид и постоењето на законската можност за судска заштита на правните интереси на субјектите при фактичкото определување на капиталот во рамки на приме-ната на законите. Судот, исто така, утврди дека оспорениот закон има уставен основ за негово донесување во членот 68 од Уставот, а според предметот кој го уредува не е во несогла-с-ност со одредбите од Уставот.

Согласно членот 27 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот оцени дека нема услови за донесување на решение за запирање на извршувањето на поединеч-ните акти или дејствија донесени односно преземени врз основа на оспорениот закон.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точка 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова – Ристова и судиите: д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр. 202/2005
8 февруари 2006 год.
С к о п ј е
л.а

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова

Leave a Reply