143/2004-0-1

143/2004-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 5 октомври 2005 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА Одлуката за усвојување на измени и дополнувања на дел од ВИ станбена заедница Тетово, донесена од Советот на општина Тетово под бр.07-959/4 од 11 септември 2002 година (“Службен гласник на општина Тетово” бр.6/2002).

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во ” Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија со Решение У.бр. 143/2004 од 29 јуни 2005 година, по иницијатива на Љубица Кочовска од Тетово, поднесена лично и во име на група граѓани од Тетово, поведе постапка за оценување на уставноста и закони- тоста на Одлуката означена во точката 1 од оваа одлука, затоа што основано се постави прашањето за нејзината согласност со член 8 став 1 алинеја 10 од Уставот како и со член 11 став 3, 17 став 1 и 18 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

4. Судот на седницата утврди дека Советот на општина Тетово на седницата одржана на 11 септември 2002 година донел Одлука за усвојување на измени и допол- нувања на дел од ДУП за ВИ станбена заедница Тетово. Во член 1 од Одлуката е опре- делено дека се усвојуваат измени и дополнувања на делот од ДУП, ограничен со ули- ците ” Илинденска”, “29 Ноември” и “Ѓоце Стојчевски”. Во член 2 е определено дека сос- тавен дел на Одлуката е графичкиот прилог техничка документација број 31/2002, која не се објавува, а од која по две копии се наоѓаат во канцеларијата на главниот архитект на град Тетово и во ПЕ на Министерството за транспорт и врски-Тетово. Според член 3, Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен гласник на општина Тетово”, а ќе се примени по добивањето согласност за спроведување на планот од Министерството за транспорт и врски Скопје. Одлуката е донесена под бр.07-959/4 од 11 септември 2002 година.

5. Судот на седницата констатира дека општината Тетово и Министерството за транспорт и врски во постапката не ги доставија:

– иницијативата за измена и дополна на Планот,
– Нацрт-план,
– анкетните листови бр.20-687/2-1 и 20-687/2-2 за лицата Скендер Јонузи и Шериф Јонузи и
– извод од Генерален урбанистички план за предметната станбена заедница.
Имено, наведената документација беше барана со писмо У.бр.143/2004 од 7 септември 2004, У.бр.143/2004 од 24 февруари 2005 година и У.бр.143/2004 од 27 април 2005 година од Советот на општината Тетово. Наведената документација беше побарана и од Министерството за транспорт и врски со писма У.бр.143/2004 од 25 мај 2005 година и У.бр.143/2004 од 9 јуни 2005 година и истото од сета барана документација единствено достави нечи тлива фотокопија на извод од ОУП, односно ГУП во А4 формат.

Документацијата не беше доставена и по доставувањето на решението за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одлука до Советот на општина Тетово и истекот на рокот за давање на одговор на наводите содржани во неа.

6. Согласно член 8 став 1 алинеја 10 од Уставот на Република Македонија, уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и уредувањето на животната средина и на природата е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македо- нија.

Според член 11 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” бр.4/1996, 28/1997, 18/1999, 53/2001 и 45/ 2002) кој бил во правниот поредок кога е донесена оспорената Одлука, деталниот урбани- стички план се донесува за одделни делови од населените места и други подрачја за кои е донесен генерален урбанистички план. Според содржината на став 3 од оваа одредба, деталниот урбанистички план содржи синт езен графички приказ на планските решенија во границата на урбаното подрачје со билансни показатели за урбаните модули и инфра- структурата. Деталниот урбанистички план, како план од пониско ниво мора да биде усогласен со Генералниот урбанистички план. Во ставот 4, е опрелено дека докумен- тацијата на деталниот урбанистички план за постојната состојба и проекциите претста- вува документациона основа на планот, која заедно со нацрт планот се доставува на стручна ревизија според член 19 на овој Закон.

Од содржината на член 17 став 1 од Законот произлегува дека плановите од член 7 од овој закон се изработуваат како нацрт и предлог на план, а по нацртот на деталниот урбанистички план се спроведува јавна анкета.

Според член 18 став 1 од Законот, јавна та анкета по деталниот урбани- стички план ја организира општината и се спроведува со излагање на планот на јавно место најмалку 10 дена, во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкрет- ното подрачје опфатено со планот, доставуваат писмени забелешки на анкетни листови до организаторот на анкетата .

Уредувањето и хуманизацијат а на просторот и заштитата и уредувањето на животната средина и на природата е темелна вредност на уставниот поредок на Репуб- лика Македонија, според член 8 став 1 алинеја 10 од Уставот. Оттаму, според мислење на Судот во постапките за донесување на урбанистичките планови, како и во постапките за нивно изменување и дополнување неопходно е да се почитува оваа темелна вредност на уставниот поредок.

Тргнувајќи од фактот што од страна на Советот на општината Тетово и Министерството за транспорт и врски не беа доставени: иницијативата за измена и дополна на Планот, Нацрт-планот, анкетните листови бр.20-687/2-1 и 20-687/2-2 за лицата Скендер Јонузи и Шериф Јонузи и извод од Генерален урбанистички план за предметната станбена заедница, Судот оцени дека оспорената одлука не е во соглас- ност со член 11 став 3, член 17 став 1 и член 18 став 1 од Законот за просторно и урба- нистичко планирање, бидејќи во постапката не беа доставени докази за спроведување на постапката за изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план на начин утврден со наведените законски одредби.

Имено, секоја од спроведените фази во постапката резултира со донесува- ње на соодветна документација со форма и содржина утврдена со наведените одредби од Законот, што не е случај во конкретната постапка.

Воедно, неспроведувањето на постапката за изменување и дополнување на Детален урбанистички план на начин предвиден со Законот, според Судот не е во согласност со уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и уредувањето на животната средина и на природата, како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија, согласно член 8 став 1 алинеја 10 од Уставот.

7. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од оваа Одлука.
8. Оваа Одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова – Ристова и судиите: д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр. 143/2004
5 октомври 2005 година
С к о п ј е
мл

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова

Leave a Reply