Решение У.бр.222/2004

У.бр.222/2004

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 71 и 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 26 јануари 2005 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на членовите 16, 17 и 18 од Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за плати, надоместоци и други лични примања на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување “Кјуби Македонија” – Скопје, донесен од Управниот одбор под бр.0202-2027/1-1 од 30 април 2003 година.

2. Митко Вампирџиев, Снежана Раванска, Ристо Стојков и Ѓорѓе Тодоров, сите од Струмица, преку нивниот полномошник Тања Дедејска, адвокат од Струмица, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение.

Според подносителите на иницијативата со одредбите од оспорениот Правилник се утврдувале помалку права од оние кои на работниците им биле загаран- тирани со Законот за работните односи, Општиот колективен договор за стопанство на Република Македонија, Колективниот договор на финансиските организации во Република Македонија и Колективниот договор на АД за осигурување и реосигурување “Кјуби Македонија” – Скопје. Имено, остварувањето на права та на вработените и нивната положба согласно член 32 од Уставот се уредуваат со закон и колективен договор и според Законот за работните односи, работникот правото на плата го остварува во согласност со условите и критериумите утврдени со закон и колективен договор.

Со оспорениот акт, според наводите во иницијативата, не можеле да се утврдуваат помалку права од оние кои им се загарантирани со Колективниот договор на ниво на работодавец, Колективниот договор за финансиски организации во Република Мак едонија и Општиот колективен договор на стопанството. Имено, со оспорениот акт на агентите им се одредува фиксна основна плата од 7000,00 денари, а согласно Колективниот договор на АДОР “Кјуби Македонија” – Скопје, а во врска со објавените податоци од Репу бличкиот завод за статистика основната плата се движи околу 20.000 денари која, пак, има можност да се менува со порастот на трошоците за живот. Согласно колективните договори му е загарантирана основната плата на работникот на ниво на гранка. Со овластувањето од оспорените одредби работодавецот им исплаќал многу помалку основна плата на работниците отколку што со Колективните договори бил обврзан со што се зголемувал капиталот на фирмата.

Поради изнесените аргументи, подносителите на иницијативата предлагаат Уставниот суд на Република Македонија да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорените одредби од Правилникот.

3. Судот на седницата утврди дека според членот 16 од оспорениот акт платата на агентот се утврдува и исплаќа месечно. Платата на агентот се утврдува согласно земената провизија од наплатената премија во текот на месецот за која се врши исплата на платата, а од полисите кои ги продал агентот. Провизијата се пресметува со примена на утврдените провизиски стапки и врз основа на елементи за дефинирање на примена на истите, а кои се донесуваат од страна на Управниот одбор и се составен дел на овој Правилник.

Според член 17 од Правилникот, доколку агентот во месецот за кој се пресметува платата оствари заработка во износ помал од 7.000,00 денари, а притоа отсуствува од работното место по било кој основ, за тој месец му се утврдува минимална основна плата во износ од 7.000,00 денари.

Во член 18 е предвидено кога агентот не бил на работа во дел од работните денови во месецот, основната плата од 7.000,00 денари се утврдува сразмерно само за деновите во кои тој бил на работа. Доколку заработката за тој месец му е помала од вака утврдената плата, му се исплатува вака пресметаната основна плата.

4. Според член 110 алинеи 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и колективните договори со Уставот и законите.

Според член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основа за поинакво одлучување.

Целината на сега оспорениот правилник заедно со сега оспорените одредби била предмет на оценување, од Уставниот суд по иницијатива од друг подносител и со решение У.бр.102/2003 од 11 февруари 2004 година Уставниот суд ја отфрлил иниција- тивата бидејќи утврдил дека оспорениот акт нема карактер на пропис во смисла на членот 110 алинеја 2 од Уставот, односно истиот е од интерен карактер, поради што и Уставниот суд не е надлежен за оценување на неговата согласност со Уставот и законите.

Оттука, бидејќи оспорениот акт веќе бил предмет на оценување пред Уставниот суд, а во конкретниов случај нема основи за поинакво одлучување, Судот одлучи поднесената иницијатива врз основа на наведената деловничка одредба, да ја отфрли.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумовски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.222/2004
26 јануари 2005 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова

Leave a Reply