103/2003-0-0

103/2003-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 70/92), на седницата одржа на на 22 октомври 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на членот 71 став 3 и членот 78 став 1 во деловите
2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на членот 6 став 2 и ?ленот 10 став 1 во деловите: “над 55 години возраст” од Законот за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (“Службен весник на Република Македонија” бр.25/2000). Всушност станува збор за деловите од одредби на основниот Закон поконкретно означени во точката 1 од ова решение.
Според подносителот на иницијативата врз основа на оспорените делови од законските одредби, на лицата под 55 години возраст не им припаѓало правото на материјална обезбеденост за време на привремена невработеност и не им било оневозможено да остваруваат пари?ен надоместок до новото вработување или пак до исполнувањето на услови за пензионирање, како што било предви-дено за лицата со возраст над 55 години.
Со определувањето на условот над 55 години возраст за остварување на паричен надоместок се занемарувале времето за кое лицето било осигурано во случај на невработеност и должината на стажот на осигурување.
Врз основа на содржината на членот 71 од Законот, подносителот на иницијативата смета дека единствен критериум за определување на паричниот надоместок можело да биде времето поминато во работен однос за кое време бил уплатуван придонес за вработување, а не возраста на привремено невработеното лице, како што предвидувале оспорените делови од законските одредби.
Подносителот на иницијативата смета дека оспорените делови ги повредуваат: член 1 став 1, член 8 став 1 алинеи 3 и 8, член 9, член 32 став 1 и 5, член 34, член 35 став 1, член 51 и член 54 став 1 од Уставот на Република Македонија, па предлага поведување на постапка за оценување уставноста на оспорените делови и донесу-вање на одлука за нивно поништување.
Во иницијативата е содржано и посебно барање за донесување на решение за привремена мерка, од причина што со натамошното спроведување на оспорените делови од одредбите би настанале тешко одстранливи последици за привремено невработе-ните лица, како што бил случајот со “Македонка-Предилница” АД во стечај од Штип и многу други фирми загубари.
3. Судот на седницата утврди дека според содржината на член 71 став 1 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (“Службен весник на Република Македонија” бр.37/1997), времето за кое се исплатува паричниот надоместок зависи од времето за кое невработеното лице било осигурано во случај на невработеност.
Според став 2 на истата одредба, паричниот надоместок на невработено лице се исплатува:
1) три месеци ако има стаж на осигурување најмалку девет месеци во непрекинато траење или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци;
2) пет месеци ако има стаж на осигурување 15 месеци во непрекинато траење или 24 месеци со прекин во последните три години;
3) седум месеци ако има стаж на осигурување 30 месеци во непрекинато траење или 50 месеци со прекин во последните пет години;
4) девет месеци ако има над пет-десет години стаж на осигурување;
5) дванаесет месеци ако има над десет до петнаесет години стаж на осигурување ;
6) петнаесет месеци ако има над 15 до 20 години стаж на осигурување и
7) осумнаесет месеци ако има над 20 до 25 години стаж на осигурување.
Според став 3 од истата законска одредба, на невработено лице кое има над 25 години стаж на осигурување, паричниот надоместок му се исплатува до неговото вработување, односно до настапувањето на некои од основите за престанок на правото на пари?ен надоместок.
Со членот 6 став 2 од Законот за изменување и дополну-вање на Законот за вработување и осигурување во случај на невра-ботеност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 25/2000), направена е измена на членот 71 став 2 точка 7 на начин што зборовите: “до 25” се бришат, како и на членот 71 став 3 од основниот Закон, на начин што по зборот “има” се додаваат зборовите: “над 55 години возраст (оспорен дел) и најмалку 15”, а зборовите: “над 25” се бришат.
Според содржината на членот 78 став 1 од основниот Закон, невработеното лице на кое му престанало правото на паричен надоместок, може да го оствари тоа право ако повторно ги исполни условите за здобивање со право на паричен надоместок, со тоа што во стажот на осигурување не му се пресметува времето поминато во работен однос пред примениот последен паричен надоместок, освен на невработеното лице кое по престанокот на последниот работен стаж има над 25 години стаж на осигурување.
Со член 10 ста в 1 од Законот за изменување и дополнува-ње на Законот донесен во 2000 година, во членот 78 став 1 од основниот Закон направена е измена на начин што бројот “25” се брише, а се додаваат зборовите: “55 години возраст (оспорен дел) и најмалку 15”.
4. Според член 1 став 1 од Уставот, Република Македо нија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.
Владеењето на правото, хуманизмот, социјалната правда и солидарноста се темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија, согласно член 8 став 1 алинеја 3 и 8 од Уставот.
Според член 9 од Уставот, граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Со членот 32 став 1 од Уставот, помеѓу другото се определува правото на материјална обезбеденост за време на привремена невработеност.
Граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор, според член 34 од Уставот.
Согласно член 35 став 1 од Уставот, Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност.
Во членот 51 од Уставот е предвидено дека, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и законите и секој е должен да ги по?итува Уставот и законите.
Слободите и правата на ?овекот и гра?анинот можат да се ограни?ат само во слу?аи утврдени со Уставот, според ?лен 54 став 1 од Уставот.
5. Од анализата на цитираните уставни одредби произлегува дека Република Македонија е социјална држава, во која социјалната правда е издигната на ниво на темелна вредност на уставниот поредок, а на сите граѓани им се гарантира еднаквост во слободите и правата пред Уставот и законите. Како начин за обезбедување на социјалната правда Уставот го прокламирал и утврдил правото на материјална обезбеденост за време на привре-мена невработеност. Меѓутоа, под кои услови, во кој обем, за колкаво времетраење и на кој начин ќе се остварува ова право не е домен на уставната регулатива. Тоа е препуштено на уредувањето со закон и со колективните договори. Поконкретно, правото на материјална обезбеденост за време на привремена невработеност е регулирано со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.
Оттука, според мислењето на Судот оспорените делови на законските одредби не би можеле да се доведат под сомнение по однос на нивната согласност со членовите: 1 став 1, 8 став 1 алинеја 8, 34 и 54 од Уставот.
Имено, Судот оцени дека членот 32 став 1 о д Уставот, само го прокламира правото на материјална обезбеденост за време на привремена невработеност на ниво на уставен принцип, но колкава ќе биде висината на тоа право, од кои околности ќе зависи и во кое времетраење ќе се остварува, оставено е да се регулира со закон и со колективните договори, а во зависност од општествено-економската моќ на државата во дадениот момент. Според тоа, оспорените делови од законските одредби не би можеле да се подведат под сомнение по однос на нивната согласност и со оваа уставна одредба.
Од поединечната анализа на членот 71 став 2 од Законот произлегува дека во неа е предвидено различно времетраење на периодот за исплата на надоместокот, кој период се движи од три до осумнаесет месеци, во зависност од должината на стажот на осигурување, а возраста на невработеното лице не е поставена како ограничување или пак како услов.
Понатаму, во ставот 3 на членот 71, законодавецот не го определил децидно времетраењето во исплатата на паричниот надоместок, како кај ставот 2 (три, пет, седум, девет, дванаесет, петнаесет или осумнаесет месеци), туку определил за лицето кое има над 55 години возраст и најмалку 15 години стаж на осигурување исплатата на надоместокот да се врши до неговото вработување, или настапување на некои од ос новите за престанок на правото на паричен надоместок. Дека се работи за исклучок по однос на законското решение од ставот 2 зборува и фактот што оваа проблематика е издвоена и регулирана во посебен став од членот 71 од Законот.
Од поединечната анализа на членот 78 став 1 од основниот Закон ( или член 10 став 1 од измената на Законот), произлегува дека оваа одредба содржи разлики во засметувањето на стажот на осигурување помеѓу лицата што имаат над 25 години стаж на осигурување (пред измената на законот), односно 55 години возраст и најмалку 15 години стаж на осигурување, (по измената на Законот во 2000 година) и останатите невработени лица.
Имено, на невработеното лице кое нема 55 години возраст и најмалку 15 години стаж на осигурување, при повторното исполнување на условите за право на паричен надоместок, во стажот на осигурување не му се пресметува времето поминато во работен однос пред примениот последен паричен надоместок, додека на невработеното лице со над 55 години возраст и најмалку 15 години стаж на осигурување, времето поминато пред примениот последен паричен надоместок му се пресметува во стаж на осигурување.
На лицето со навршени 55 години возраст и најмалку 15 години стаж на осигурување, при повторно исполнување на условите за паричен надоместок, во стажот на осигурување му се пресметува времето поминато во работен однос, пред примениот последен пари?ен надоместок.
Оправданоста на содржаниот исклучок кај двете одредби Судот ја согледува во фактот дека се работи за повозрасна катего рија на невработени лица со навршени 55 години возраст, која категорија е со намалени шанси за ново вработување, за разлика од останатите невработени лица, кое нешто во крајна линија е во корелација со членот 35 став 1 од Уставот и гарантираното начело на социјална праведност. Впрочем, право е на државата во зависност од еко-номската моќ и актуелната општествена состојба да определи под кои услови и која категорија на граѓани ќе ги користи поволностите од областа на социјалните права, а во склад со на?елото на социјална праведност.
Од аспект на наводите на иницијативата според Судот нема сомнение ни по однос на согласноста на оспорените одредби по однос на членот 9 од Уставот. Имено, разликите во висината и времетраењето на паричниот надоместок како и во определбата дали стажот на осигурување ќе се пресметува во вкупниот стаж на вработување или нема да се засметува, не се резултат на децидно наброените лични прилики од оваа уставна одредба (полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба), туку произлегуваат од висината на стажот на осигурување и возраста на невработеното лице.
Заради изложеното Судот оцени дека неосновано подносителот на иницијативата укажува на нееднаквост во правата помеѓу лицата под и над 55 години возраст. Впрочем принципот на еднаквост во правата помеѓу другото подразбира и еднаквост во правата за гра?ани кои се во еднаква правна положба, што не е овде случај, бидејќи станува збор за граѓани, п од 55 години возраст и над 55 години возраст, при што треба да се има во предвид дека правото на пари?ен надоместок не е трајно право туку претставува привремено решение за материјално обезбедување за време на привремена невработеност.
Имено, според одредбите на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, вработените плаќаат посебен вид на осигурување со цел материјално да се обезбедат во случај на привремена невработеност, меѓутоа ова не претставува долгорочно решение. Според тоа, привремено невработено лице има право на паричен надоместок во зависност од тоа дали има плаќано придонес за осигурување во случај на невработеност, а должината на користењето на правото е условена од должината на стажот на осигурување за кој е плаќан придонес.
Операционализирајќи го уставното право на материјална обезбеденост за време на привремена невработеност, законодавецот има право со закон да ги утврди условите за остварување на ова право и во тие рамки да ја утврди висината на паричниот надом есток за привремено невработените лица како и начинот, критериумите за определувањето на тој надоместок и категориите на невработени лица што можат да го користат таквиот надоместок. Оттука не би можело да се постави и прашањето за согласност на оспорените делови на законските одредби со членот 54 од Уставот.
Според изнесеното, Судот оцени дека оспорените делови на законските одредби не би можеле да се доведат под сомнение ниту по однос на принципот за владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок (член 8 став 1 алинеја 3); уреденоста на правата на вработените со закон и со колективен договор (член 35 став 5) и согласноста на законите со Уставот (член 51).
Во контекст на изнесените становишта Судот утврди дека не се исполнети условите за донесување на решение за привремена мерка.

6. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Мирјана Лазарова Трајковска, Иџет Мемети, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У. бр. 103 /2003
22 октомври 2003
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова
сгј

Leave a Reply