156/2003-0-0

156/2003-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 70 и 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 22 октомври 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Решението за старателство бр.053-127 донесено од Центарот за социјални работи на Собрание на град Скопје на 24 јануари 1979 година.
2. Јанина Филиповска од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе барање за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на решението за старателство означено во точката 1 од ова решение.
Според наводите од иницијативата со оспореното решение се повредувало домашното материјално право како и правата на човекот и граѓанинот утврдени со Уставот на Република Македонија затоа што решението било донесено врз основа на решение на Војводскиот суд во Вроцлав на НР Полска за одземање на деловната способност на Ришард (Ристо) Филиповски роден 8 август 1930 година. Имено, подносителот на иницијативата смета дека таа како незаконски старател нема поднесено барање до Центарот за социјални работи на град Скопје ниту, пак, го доставиле решението од НР Полска кое во Република Македонија нема никаква судска правна сила за одземање на деловната способност на нејзиниот сопруг. Понатаму, во и ницијативата се наведува дека за признавање на странски судски одлуки, како и за одземање на деловна способност одлучува и носи правосилна одлука Основниот суд со присуство на јавниот обвинител но се разбира доколку такво барање претходело би поднела до овој суд.
3. Судот на седницата утврди дека на 13 декември 1969 година Војводскиот суд во Вроцлав ИИ граѓанско одделение според акт ИИ 63/69 по извршениот претрес со учество на Војводскиот јавен обвинител на судењето по тужбата на Сабина Филиповска за одземање на деловна способност на Ришард Филиповски решава да му се одземе сосема деловната способност на Ришард Филиповски поради психичка болест характеропатопокогија.
Во образложението на решението се наведува дека по барање на тужителката за одземање на деловна спсобоност на нејзиниот сопруг поради болест Судот врз основа на судско психијатриски наод со кој е констатирано дека Ришард Филиповски нема способност правно да дејствува и не може да раководи со своите постапки решил како во диспозитивот.
Ова решение е преведено од полски на македонски од овластен постојан судски преведувач Петре Наковски од 7.10.1978 година.
На 17.10.1978 година Општинскиот суд Скопје И потврдува дека судскиот преведувач лично го ставил потписот на преводот, а на 15.12.1978 година Републичкиот секретар за правосудство го потврдува печатот на Општинскиот суд Скопје И и потписот на претседателот на Судот.
На 24 јануари 1979 година Центарот за социјални работи Собрание на град Скопје решавајќи по предметот за ставање под старателстов на лицето Ристо Филиповски, а врз основа на член 6 и 14 од Законот за старателство и член 202 од Законот за општа управна постапка го донесол оспореното решение во кое е предвидено дека се става под старателство лицето Филиповски Ристо од Скопје старо 48 години бидејќи наполно е лишен од деловна способност со решение на надлежниот Општински суд во Скопје.
За старател на именованото лице се поставува Јанина Филиповска.
Во образложението на решението на Центарот се наведува дека Воеводск иот суд во Вроцлав – Полска – заверено во Општинскиот суд Скопје И бр.43/78 доставил до овој орган правосилно решение бр. ИИ 40 63/69 за лишување на деловната способност на лицето Ристо Филиповски.
Од извршениот увид и поднесената документација Центарот за социјална работа констатирал дека постои законски основ именуваното лице да биде ставено под старателство, а за старател било поставено лицето Јанина Филиповска.
4. Според член 110 од Уставот на Република Македонија Уставниот суд на Република Македонија, покрај другото, одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Според член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.
Разгледувајќи ја иницијативата, како и содржината на оспореното решение, Судот оцени дека оспореното решение не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, туку претставува поединечен акт со кој одредено лице е ставено под старателство.
При тоа дали е спроведена постапка за признавање на странска судска пресуда пред донесување на решението за ставање под старателство не е прашање во кое навлегува Судот.
Исто така Судот смета дека подносителот на иницијативата во друга постапка, а не пред Уставниот суд на Република Македонија може да бара промена на одлуката за одземање на деловната способност во секое време кога ќе се променат околностите.
5. Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Мирјана Лазарова Трајковска, Иџет Мемети, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.156/2003
22 октомври 2003 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова

Leave a Reply