51/2003-0-0

51/2003-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија, член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 22 мај 2003 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА членот 69 став 1 во делот

2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија што се донесени, односно преземени врз основа на членовите од Статутот и Одлуката означени во точката 1 од оваа одлука.

3. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

4. Уставниот суд на Република Македонија по иницијатива поднесена од Гоце Божиновски од Скопје, Марика Петровска од Струмица, Сузана Илиевска од Куманово, Данаил Данаиловски од Струмица, Благој Кошулчев од Велес и Ко стадин Давидковски од Скопје, со Решение У.бр.51/2003 од 15 април 2003 година поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на одредбите од актите означени во точката 1 од оваа одлука затоа што се постави прашањето за нивната согласност со Уставот и Законот за адвокатурата.

Со ова решение Судот истовремено изрече и привремена мерка за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија што се донесени, односно преземени врз основа на одредбите од Статутот и Одлуката означени во точката 1 од о ваа одлука, а врз основа на кои издавањето на лиценцата за работа се условува со претходно плаќање на коморски уписен влог.

5. Судот на седницата утврди дека според содржината на член 69 став 1 од Статутот, по уписот во именикот адвокатот плаќа коморски уписен влог, го определува седиштето на канцеларијата и му се издава лиценца за работа, за што ја известува Комисијата за прием.

Во член 84 од Статутот е определено дека, коморскиот уписен влог се плаќа по упис на адвокатот во Именикот на адвокатите. Висината на коморскиот уписен влог ја утврдува Управниот одбор со своја одлука и не може да биде помала од 500 Евра ниту поголема од 2.000 Евра во денарска противвредност.

Во член 1 од Одлуката за утврдување на висината на коморскиот уписен влог (“Службен весник на Република Македонија” бр.9/2003), предвидено е: по уписот во Именикот на адвокатите во Адвокатската комора на Република Македонија, новите адвокати ќе плаќаат коморски уписен влог во висина од 1.000 Евра во денарска противвредност. Во членот 2 од Одлуката е определено дека истата влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

6. Согласно член 32 став 1 од Уставот, секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Во став 2 од оваа одредба е определено дека, секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Оставарувањето на пра-вата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективен договор, според ставот 5 на истата одредба од Уставот.

Во член 10 став 1 од Законот е предвидено дека, правото на вршење на адвокатската дејност согласно со овој закон се стекнува со уписот во Именикот на адвокатите на Адвокатската комора на Република Македонија. Во став 2 од оваа одредба е предвидено, по уписот во Именикот на адвокатите на Адвокатската комора на Република Македонија на упишаниот адвокат му се издава лиценца за работа.

Членот 12 од Законот ги регулира условите под кои се врши уписот во Именикот и тоа: државјанин на Република Македонија, исполнување на општите услови за засновање на работен однос во органите на државната управа, дипломиран правник со положен правосуден испит, и уживање на углед за вршење на адвокатската дејност.

Според содржината на Главата ВИ Адвокатска дејност, точка 2. Постапка за прием, упис, издавање и одземање на лиценца од Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија, (особено членовите 68 и 69) сумарно гледано постапката се одвива на следниот начин: прво се добива решение за прием на кандидатот, се дава свечена изјава, се врши упис во именикот, се плаќа уписен коморски влог, се определува седиштето, па на крајот се издава лиценца за работа. Или според изложениот редослед, уплатата на коморскиот уписен влог редоследно доаѓа пред определувањето на седиштето, по што се издава лиценцата за работа.

7. Тргнувајќи од содржината на членот 10 од Законот, правото на вршење на адвокатска дејност се стекнува со уписот во Именикот, по што на адвокатот му се издава лиценца за работа. Меѓутоа, според оспорениот член 69 став 1 од Статутот, произлегува дека помеѓу уписот во Именикот и издавањето на лиценцата, следува уплата на коморскиот уписен влог, од кои причини Судот оцени дека коморскиот уписен влог е посебен услов за добивање на лиценца за работа, кој како таков не е предвиден во законските одредби.

Со поставениот редослед во постапката за добивање на лиценца од оспорениот членот 69 став 1 од Статутот, според Судот се повредува правото на слободен избор на вработувањето гарантирано во членот 32 став 1 од Уставот. Истото се однесува и на оспорениот член 84 став 1 од Статутот кој предвидел уплатата на коморскиот уписен влог да се изврши по уписот на адвокатот во именикот, бидејќи со самиот упис не се добива лиценцата за работа и таа следи откако ќе се плати за коморскиот уписен влог. Според тоа, лицето кое нема да биде во материјална можност да го плати коморски уписен влог во определениот износ од 1000 Евра, според одредбата од Статутот и оспорената Одлука, автоматски нема да добие лиценца за работа, иако претходно, добило решение за прием и дало свечана изјава и веќе е упишано во Именикот на адвокатите, и покрај фактот што таква законска можност изрично не е предвидена.

Од тука, коморскиот уписен влог е законска категорија, но според Судот, во одредбите на Статутот и Одлуката е поставен како дополнителен услов за обавувањето на адвокатска дејност и е предвиден како услов надвор од рамките на Законот за адвокатурата.

10. Од изнесените причини, Судот одлучи како во точката 1 од оваа Одлука.

11. Со оглед на конечноста и извршноста на оваа одлука, Судот го стави вон сила и решението за привремена мерка и одлучи како во точката 2 од оваа Одлука.

12. Оваа Одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски и д-р Милан Недков.

У.бр. 51/2003
22 мај 2003 година
С к о п ј е
мл/ла

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов

Leave a Reply