149/2002-0-0

У.бр.149/2002

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 март 2003 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА членот 11 став 2 точка 2 од Законот за финансиска полиција (“Службен весник на Република Македонија” бр.55/2002).
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
3. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на одредбата од Законот озна?ен во точката 1 од ова решение.
Според наводите од иницијативата правните последици од осудата не можеле да се предвидуваат по сила на закон, туку тие се утврдувале исклучиво во правосилна судска одлука, па со оспорената одредба се повредувал член 13 став 1 од Уставот. Понатаму се наведува дека оспорената одредба не била во согласност и со член 54 став 1 од Уставот, од причина што слободите и правата на човекот и граѓанинот можеле да се ограничат само во случаи утврдени во Уставот. Исто така се наведува дека со одредбата се повредувала еднаквоста на грачаните пред Уставот, гарантирана со член 9 став 2 од Уставот, а воедно се ограничувало правото на работа и слободниот избор на вработување на финансискиот полицаец, што претставувало повреда на член 32 став 2 од Уставот. Со посочување на повредите на: членот 8 став 1 алинеја 3 и 4, членот 13 став 1, членот 51, членот 54 став 1 и членот 98 став 1 и 2 од Уставот и повикување на донесените одлуки на Уставниот суд: У.бр.212/2000 од 23.05.2001 год. и У.бр.210/2001 од 06.02.2002 година, се предлага поведување на постапка за оценување уставноста на оспорената одредба.
4. Судот на седницата утврди дека според содржината на член 11 став 1 од Законот за финансиска полиција (“Службен весник на Република Македонија” бр. 55/02), финансиските полицајци покрај општите услови за засновање на работен однос во органите на државната управа треба да исполнуваат и посебни услови.
Како посебен услов во оспорената точка 2 од цитираната одредба е предвидено лицето кое треба да заснова работен однос како финансиски полицаец да: “не е осудено или да не е амнестирано за било кое кривично дело”.
5. Владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија, според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
Во член 13 став 1 од Уставот е определено дека, лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.
Според член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мо раат да бидат во согласност со Уставот, а сите други со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 54 став 1 од Уставот, слободите и правата на човекот и грачанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.
Согласно член 101 став 1 од Кривичниот законик (” Служ-бен весник на Република Македонија” бр.37/1996), правните последи-ци на осудата што се надоврзуваат на осудите за определени кривични дела, не можат да настапат кога за кривичното дело на сторителот му е изречена парична казна, условна осуда, судска опомена или кога тој е ослободен од казна. Според став 2 од истата одредба, правните последици можат да се предвидат само со закон.
Во член 113 од Кривичниот законик е предв идено дека: на лицата кои се опфатени со акт на амнестија им се дава ослободување од гонење или потполно или делумно ослободување од извршувањето на казната, им се заменува изречената казна со поблага казна, им се определува бришење на осудата или им се укинува определената правна последица од осудата.
Тргнувајќи од уставниот принцип за владеење на правото и д олжноста за почитување на Уставот и законите од секого, имајќи ја во предвид и концепцијата на Кривичниот законик по однос на правните последици на осудата и институтот амнестија, а според цитираните одредби, Судот оцени дека иницијаторот, основано го пост авува прашањето за уставноста на оспорената одредба.
Имено, општата законската формулација “било кое криви?но дело” во оспорената одредба, по мислење на Судот дава простор за правна несигурност за лицето што треба да се вработи како финансиски полицаец, па во случај да ова лице било осудено за било кое крив ично дело, автоматски не го исполнува посебниот услов и не може да биде вработено. Следејќи ја интенцијата на законодавецот при донесување на Кривичниот законик и законската определба правни последици на осудата за определени кривични дела да не можат да н астапат кога за кривичното дело е изречена парична казна, условна осуда, судска опомена или кога лицето е ослободено од казна, Судот оцени дека оспорената одредба не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот на Република Македонија. Ова уште пове?е што не секое кривично дело го прави неподобен кандидатот за финансиски полицаец за обавување на работите и работните обврски, туку точно определени, конкретни кривични дела поврзани со неговата работа и работните задачи што треба да ги изврш ува, а оспорената одредба не содржи прецизен и дециден опис на таквите кривични дела.
Од друга стана според становиштето на Судот, изразено во повеќе судски одлуки, правните последици од осудата не можат да настапуваат автоматски по сила на закон, туку дека тоа може да се прави само со правосилна судска одлука, односно дека казнено-поправниот однос се исцрпува на релацијата на казнивото дело и судски изречена казна за неговиот сторител и дека натамошни последици од неговото извршување односно од осудата за тоа дело кои се состојат во ограничување на правата на граѓаните не се допуштени, освен ако тоа не е изрично утврдено со Уставот. Со оглед на тоа што според оспорената одредбата, правните последици од осудата настапуваат по сила на законот, а не како казна (забрана) што ја изрекува судот во рамките на видовите на казни односно санкции, Судот оцени дека оспорената одредба не е во согласност со напред наведените одредби од Уставот.
Со институтот амнестија, согласно член 113 од Кривичниот законик, поме ѓу другите погодности за амнестираните лица, може да се определи и: ослободување од гонење, бришење на осудата и укинување на правната последица на осудата. Од тука Судот смета дека со овој дел од оспорената одредба се доведува во прашање правната сигурност на граѓаните, а во ситуација кога кандидатот за финансиски полицаец ја остварил конкретна погодност со актот за амнестија. При ваква состојба, со оспорената одредба, е оставено на работодавецот да цени дали лицето ги исполнува посебните услови за да може да се вработи на работното место финансиски полицаец.
При тоа, Судот не е на становиште за исклучување на вакиот посебен услов за вработување од предвидените посебни условите во Законот за финансиска полиција, но според уставниот концепт, таков услов м оже да егзистира само за конкретно дефинирани кривични дела, за точно определен временски период и кога со правосилна судска пресуда е изречена забрана за стекнување на определени права, во кои би припаднало и правото осуденото лице да се вработи како фина нсиски полицаец. Секако, би требало да стане збор за такви кривични дела кои по законското битие предвидено во Кривичниот законик и други закони, оставаат простор за сомнение во објективното и совесно вршење на професијата финансиски полицаец, а за периодот додека трае правната последица на осудата.
6 . Со оглед на наведеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.149/2002
12 март 2003 година
С к о п ј е
ла

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов

Leave a Reply