23/2002-0-0

23/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 5 март 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на исправката на Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на финансиски трансакции (‘’Службен весник на Република Македонија’’бр.9/02).
2. Симеон Костов од Прилеп, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на законот означен во точката 1 од ова решение.
3. Судот на седницата утврди дека оспорената исправка гласи:’’по зборот’’јули’’ да стојат зборовите ‘’2001, а’’, односно:’’Овој закон влегува во сила наредниот ден од денот на објавување во ‘’Службен весниик на Република Македонија’’, а ќе се применува од 1 јули 2001 до 31 дкември 2002 година’’.
4. Имајќи го предвид изнесеното, Судот утврди дека: п рвобитниот текст е прецизен со тоа што предвидува темпорално важење на Законот (од 1 јули до 31 декември 2001 година).
Со Законот за измени и дополнувања овој член од Законот е изменет и гласи (ќе се применува од 1 јули до 31 декември 2002 година).
Со овој закон е в’сушност направена грешка во смисла што, така како што гласи, ја исклучува 2001 –та година кога тој почнува да се применува.
Од тие причини е направена оспорената исправка со која се прецизира темпоралниот карактер на Законот.
Со исправката, оваа одредба од Законот гласи: ‘’ќе се применува од 1 јули 2001 година до 31 декември 2002 година’’.
Од текстот на оваа одредба Судот утврди гледа дека е направена техничка грешка со тоа што било пропуштено да се прецизира дека Законот ќе важи од 1 јули 2001 година, односно без исправката произлегува дека законот почнува и престанува да важи во 2002-та година.
Со исправката, ова прашање е уредено и, според Судот, Законодавно – правната комисија на Собранието на Република Македонија правилно постапила со тоа што не спровела нова собраниска процедура.
Во однос на наводите во иницијативата дека грешката е направена со умисла и истата придонела да се укине обврската за плаќање на воениот данок во првите шест месеци од 2002 –та година (‘’ќе се применува од 1 јули до 31 декември 2002’’ –Закон за измените…), Судот оцени дека истите не држат поради следното:
Законот за данок на финансиски трансакции влегол во сила на 30 јуни 2001 година со важење до 31 декември 2001.
Измената на Законот е на правена во смисла на пролонгирање на рокот до 31 декември 2002 година, а е извршена на 28 декември 2001 година, што значи пред истекувањето на рокот за важење, истиот се продолжува до 31 декември 2002 година.
Исправката на овој непрецизен Закон за измени… е донесена на 4 февруари 2002 година.
Според тоа , Судот смета дека, не станува збор за умисла на законодавецот со цел да овозможи неплаќање на данокот на финансиските трансакции за првите шест месеци во 2002 година затоа што исправката е направена на 4 –ти февруари 2002 година.
Дали, пак, во практиката се забележани појави на избегнување на плаќање на овој данок, е прашање од фактичка природа, за што, согласно член 110 од Уставот, овој Суд не е надлежен да одлучува.
Исто така при одлучувањето, Судот имаше предвид дека оспорениот закон е вокн правниот поредок на Република Македонија, односно престанал да важи.
5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседател от на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У. бр. 23/2002
5 март 2003 год.
Скопје
дб

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов

Leave a Reply