Решение У.бр.250/2001

У.бр.250/2001

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 декември 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на членовите 43, 44, 45, 46, 47, 48, 53 и 54 од Законот за договорна хипотека (‘’Службен весник на Република Македонија’’ бр.59/2000).

2. Анета Батева, адвокат од Скопје и Адвокатската комора на Република Македонја, застапувана од Анета Батева на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на законот, означен во точката 1 од ова решение.

Според наводите во иницијативата со оспорените одредби од Законот, се повредувало начелото за забрана на повратното дејство на законите; постоела меѓусебна согласност на овој закон со законот за извршната постапка и се оспорува облигациониот договор наспроти судската спогодба во смисла што договорот бил склучен меѓу две договорни странки додека судската спогодба немала таков карактер.

3. Судот на седницата утврди дека согласно член 85 од Законот за договорен залог (‘’Службен весник на Република Македонија’’ бр.5/03) со денот на влегувањето во сила на овој закон, меѓу другите, престанал да важи Законот за договорна хипотека.

4. Согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување на истата.

Со оглед на тоа дека оспорениот Закон за договорна хипотека престанал да важи, Судот оцени дека не постојат процесни претпоставки за одлучување по предметот што одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.250/2001
12 февруари 2003 год.
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Д-р Тодор Џунов

Leave a Reply