161/2002-0-1

161/2002-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 февруари 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 93 став 2 од Законот за основното образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99 и 29/ 2002).
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 21 став 1 во делот “и подзаконските акти што произлегуваат од него” од Законот означен во точката 1 од ова решение.
3. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Репуб-лика Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на членовите означени во точката 1 и 2 од ова решение од Законот за основното образование.
Според наводите од иницијативата, оспорениот член 21 став 1 во делот “и подзаконските акти што произлегуваат од него” нема уставна основа затоа што врз основа на подзаконски акт не може да се пропишуваат услови за престанување со работа на основно училиште. Во примената на таквиот подзаконски акт се дава можност од арбитрерност на извршната власт во однос на законодавната власт.
Со оглед на тоа со оспорениот дел се повредуваат членовите 8 став 1 алинеја 3 и 4, член 51, член 91 алинеја 1 и 5 член 96 од Уставот.
Со оспорената одредба 93 став 2 (член 106 став 2 од пречистениот текст на кој се повикува иницијаторот) се повредува принципот на двостепеност во решавањето затоа што по жалбата на решанието за одбивање на нострификација, односно еквиваленција, кое го донесува комисијата што ја одредува министерството, одлучува министерот.
4. Судот на седницата утврди дека членот 93 од Законот е поместен во дел ВИИ ‘’Нострификација и еквиваленција на сведител-ствата стекнати во странство’’.
Во членот 88 од Законот е утврдено дека нострификаци-јата односно еквиваленцијата на сведителството стекнато во странство ја врши министерството.
Во член 93 став 1 од Законот е предвидено дека решение за нострификација и решение за признавање на еквиваленцијата на сведителството во странство донесува Комисијата што ја образува министерството составено од истакнати стручни лица.
Во оспорениот став 2 на членот 93 е предвидено дека против решението за одбивање на нострификацијата, односно еквиваленцијата, може да се изјави жалба до министерот.
Од наведените законски одрдби произлегува дека нострификацијата и еквиваленцијата на сведителствата стекнати во странство спаѓа во доменот на работата на Министерството за обра-зование со кој раководи министерот; дека Решение за признавање на нострификација и Решение за еквиваленција донесува Комисијата што ја образува Министерството од истакнати стручни лица и дека по жалбата против решението на Комисијата за одбивање на нострифи-кација односно еквиваленција, одлучува министерот.
5. Според член 15 од Уставот се гарантира правото на жалба против поединечните правни акти донесени во постапка во прв степен пред суд, управен орган или организација или други институции што вршат јавни овластувања.
Од изнесената одредба произлегува дека Уставот го гарантира правото на жалба против поединечните акти со што го обезбедува начелото на двостепеност во одлучувањето.
Имајќи го предвид наведеното, според мислењето на Судот, со оспорената одредба од Законот не се обезбедува начелото на двостепеност во одлучувањето по жалба во смисла на член 15 од Уставот, бидејќи Комисијата за нострификација и еквиваленција на сведителствата стекнати во странство нема статус на државен орган на управата со оглед на начинот на кој таа е формирана од што произлегува дека фактички во прв и во втор степен одлучува еден ист орган.
Според тоа, Судот смета дека законската одредба не е во духот на уставната интенција и гаранција на начелото на двостепеност во одлучувањето односно во втор степен да одлучува друг орган кој не учествувал во донесување на првостепеното решение поради што, основано се поставува прашањето за согласноста на оспорената одредба со член 15 од Уставот.
6. Судот, исто така утврди дека во Законот за основното образование во делот ИИ во членовите од 15-22 се уредени прашањата кои се однесуваат на ‘’Основање и престанок на основното училиште’’.
Во членот 15 од Законот е утврдено дека основното училиште како јавна установа го основа Владата на Република Маке-донија по прибавено мислење единицата на локалната самоуправа.
Во членот 16 од Законот се утврдени условите што треба да бидат исполнети за да може да се основа основно училиште.
Согласно член17, пак, од Законот, основачот е должен при основање на основно училиште да формира комисија која во согласност со овој закон извршува подготовка за почеток со работа на училиштето.
Според член 18 став 1 основното училиште може да започне со работа откако министерството ќе утврди дека се исполнети условите од член 16 и ќе донесе решение за верификација.
Против решението од став 1 на овој член може да се изјави жалба до Владата на Република Македонија.
Поблиски прописи за начинот на верификација на основното училиште донесува министерството за образование.
Основното училиште се запишува во регистар на основни училишта кој го води министерството.
Во оспорениот член 21 став1 од Законот е предвидено дека основното училиште престанува со работа ако не се спроведуваат одредбите од овој закон и подзаконските акти што произлегуваат од него.
Постапката за престанување со работа на основното училиште ја покренува и води министерството.
Во член 22 од Законот е предвидено дека основачот на основното училиште донесува акт за престанување на работа на основното училиште ако: не ги остварува целите и задачите на воспитанието и образованието и не ги исполнува условите утврдени со овој закон.
Актот за престанување со работа на основното училиште се објавува во ” Службен весник на Република Македонија”.
Понатаму во Законот за основно образование во низа одредби е утврдено донесување на подзаконски акти со кои се врши операционализација на законските одредби со цел за самостојно и современо остварување на воспитно образовните дејности кој се од јавен интерес.
7. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.
Според член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и законите.
Според член 91 алинеја 1 и 5 од Уставот Владата на Република Македонија, покрај другото, ја утврдува политиката на извршување на законите и другите права на Собранието и е одговорна за нивното извршување и донесување уредби и други прописи за извршување на законите.
Во член 96, пак, од Уставот е утврдено дека органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките со Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.
Тргнувајќи од наведените уставни одредби, Судот смета дека при регулирање на материјата која се однесува на дејноста на основното о бразование како дејност од јавен интерес законодавецот ја има предвид уставната концепција за функцијата на подзаконските прописи, а тоа е дека тие акти го остваруваат извршувањето на Уставот и законите. Имено, со тие акти се доуредува одредена законска ма терија и се уредува начинот на постапката за спроведу-вање на законот во практиката што произлегува од член 91 и член 96 од Уставот.
Според тоа, во конкретниот случај законодавецот немал за цел да овозможи со подзаконски акти да утврди посебен услов за престанок со работа на основното училиште, туку интенцијата на законодавецот била јавната установа односно основното училиште да работи во согласност со Уставот, законот и подзаконските акти што произлегуваат од него.
Непочитувањето односно не спроведувањето на Законот и актите донесени врз основа на законот имаат за последица престанок со работа на училиштето што се утврдува во посебна постапка.
Со оглед на наведеното, Судот смета дека оспорената одредба има основ во наведените уставни одредби поради што не може да се постави прашањето за нејзината согласност со Уставот.
8. Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова Решение.
9. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и суд иите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.161/2002
12 февруари 2003 год.
С к о п ј е
ла

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов
1

Leave a Reply