Решение У.бр.158/2001

У.бр.158/2001

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 27 ноември 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 38 став 2 од Законот за социјална заштита (“Службен весник на Република Македонија” бр.50/97 и 16/2000).

2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбата од членот на Законот означени во точката 1 од ова решение, од причини што со неа се забранувало домашно и странско правно или физичко лице да биде основач или соосновач на центар за социјални работи и воспитна установа за сместување на деца и младинци со воспитно-социјални проблеми и со нарушено поведение, и покрај тоа што таква забрана не била предвидена со Уставот на Република Македонија, па поради тоа оспорената законска одредба не била во согласност со Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека Законот за социјална заштита, со одредбата од членот 38 став 2 предвидел домашно и странско правно или физичко лице не може да биде основач ниту соосновач на центар за социјална работа и воспитна установа за сместување на деца и младинци со воспитно-социјални проблеми и со нарушено поведение.

Според член 8 став 1 алинеја 8 од Уставот на Република Македонија, хуманизмот, социјалната правда и солидарноста се едни од темелните вредности на уставниот поредок на Републиката.

Согласно членот 34 од Уставот, граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.

Според членот 35 од Уставот, Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на гра?аните согласно со начелото на социјална праведност. Републиката им гарантира право на помош на неможните и на неспособните за работа граѓани.

Републиката им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот.

4. Со Законот за социјална заштита во членот 1 е утврдено дека државата е основен носител на социјалната заштита на граѓаните и обезбедува услови за нејзино остварување. Државата го воспоставува системот на социјална заштита и го овозможува неговото функциониорање, обезбедува услови за вршење на социјално-заштитната дејност и развива форми на самопомош.

Согласно членот 2 од Законот, Владата на Република Македонија донесува Програма за остварување на социјалната заштита и ја утврдува мрежата на јавни установи за социјална заштита, а во членот 3 од овој Закон е утврдено дека дејноста на социјалната заштита е од јавен интерес.

Во делот на одредбите од Законот, кои се однесуваат на установите за социјална заштита, со членот 36 е предвидено основање на јавни и приватни установи за социјална заштита, а според членот 37, Владата основа јавна установа за социјална заштита.

Исто така, Законот предвидел со членот 38 став 1 дека приватна установа за социјална заштита може да основа домашно и странско правно или физиеко лице, врз основа на одобрение, во согласност со овој закон, а според одредбата од ставот 2 на овој член од Законот, домашно и странско правно или физичко лице не може да биде основач ниту соосновач на центар за социјална работа и воспитна установа за сместување на деца и младинци со воспитно социјални проблеми и со нарушено поведение.

Имајќи ја во предвид целината на Законот со кој е нормативно утврден системот на социјалната заштита како предмет на негово уредување, произлегува дека Владата на Република Македонија може да основа Центар за социјална работа, кој е предвиден со еленот 61 од Законот, како јавна установа за социјална заштита со јавни овластувања заради вршење на работи од социјалната заштита.

Поаѓајќи од делокругот на јавните овластувања на Центарот утврдени во членот 62 од Законот, таксативно е набројано дека: – тој решава за правата од социјалната заштита, утврдени со овој закон; – решава за работите утврдени со семејно-правните прописи; – постапува по работите утврдени со кривично-правните прописи; и – врши други работи утврдени со закон.

Одредбата од членот 62 од Законот, во која е содржано законското овластување на Центарот да одлучува за наведени прашања, е во тесна врска со членот 63 од Законот, кој во содржината на активностите на оперативното работење на Центарот предвидел меѓу другото откривање, следење и проучување на социјалните појави и проблеми, применува и спроведува соодветни облици на социјална заштита, презема превентивни дејствија во спречување од социјален ризик, води евиденција и прибира документација за корисниците на социјалната и семејно-правната заштита за применетите облици на социјална заштита, и за тоа поднесува извештај до Министерството за труд и социјална политика; и друго.

Во остварувањето на функциите утврдени со овој закон и со други прописи, Центарот работи со граѓанин (дете, адолесцент, возрасно лице) семејство и група население.

Со членот 74 од Законот, се утврдени 5 видови на установи за институционална заштита, меѓу кои е и установата за сместување на деца и младинци со воспитно-социјални проблеми и со нарушено поведение.

Имајїи ја во предвид надлеюноста на Центарот како јавна установа, да опсервира, констатира и реѓава за настанот конкретен воспитно-социјален проблем кај деца и младинци, тој го применува и институционалниот облик на социјална заштита преку сместување на лицето во наведената специјализирана установа која е предвидена за таа намена, во согласност со членовите од 77 до 79 од Законот.

Меѓутоа, за сместување на малолетни лица со нарушено поведение во ваква установа Законот во членот 78 став 2 предвидел дека установата само ја извршува воспитната мерка упатување во воспитна установа, во согласност со прописите за извршување на санкциите и упатување во соодветна установа, поради нарушување на поведението согласно со Законот за семејство.

Оттука, со одредбите од Законот за социјална заштита се уредени прашањата кои се однесуваат на воспитно-социјалните проблеми и проблеми од нарушено поведение кај децата и младинците, не само во однос на нивно определување како посебни видови на социјални проблеми туку и во однос на начинот на обезбедувањето на социјалната заштита од нивната појава, како и за надлежностите во однос на одлучувањето за примена на институционалниот облик на социјална заштита.

Поради тоа, сметаме дека само во меѓусебна комплексна поврзаност може да се анализираат одредбите од Законот за социјална заштита а во тој контекст и оспорената одредба од ставот 2 на еленот 38 од Законот.

Определбата на законодавецот со оспорената законска одредба да утврдува дека кога се работи за центар за социјална работа и воспитна установа за смествуање на деца и младинци со воспитно-социјален проблем и со нарушено поведение, само надлежен државен орган а не домашно и странско правно или физиеко лице може да биде основае или соосновач, има уставен основ кој децидно произлегува од членот 35 од Уставот, според кој Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност, кое е утврдено во членот 8 став 1 алинеја 8 од Уставот.

Имено, од изнесените одредби на Уставот и од анализата на одредбите од Законот за социјална заштита произлегува дека Републиката во остварувањето на правото и обврските за социјална заштита, со законот има уставен основ за селективен пристап кон регулирање на прашањата од оваа сфера, прифаќајќи облици на социјална заштита кои смета дека се соодветни за популацијата на деца и младинци со социјални проблеми.

Од погоре изнесеното, Судот утврди дека за одредбата од членот 38 став 2 од Законот за социјална заштита не може основано да се постави прашањето за несогласност со Уставот.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.158/2001
27 ноември 2002 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Тодор Џунов

Leave a Reply