48/2002-0-0

48/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 20 ноември 2002 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВААТ

а) Одлуката за измени и дополнување на Одлуката за определување висината на надоместокот на членовите на Советот за учество на седница на Совет и седница на работните тела на Советот, донесена од Советот на општина Битола на 31 март 1999 година; и

б) Одлуката за измени и дополнувања на Одлуката за определување висината на надоместокот на членовите на Советот за учество на седници на Советот и седниците на работните тела на Советот, донесена на 14 февруари 2001 година од Советот на општина Битола.

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавување во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесена иницијатива на Томислав Зацевски од Битола поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена во точката 1 под а) од оваа одлука, а по сопствена иницијатива поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена под точката 1 под б).

Оспорената одлука не била во согласност со член 37 од Законот за локалната самоуправа, затоа што според Законот членовите на Советот имаат право само на надоместоци за патни и дневни трошоци во со закон утврдени рамки, како и трошоци направени во извршувањето на задачите што им ги доверил Советот односно членовите на Советот не смеат да примаат надоместок според статус туку според ангажман и трошоци.

При утврдување на фактичката состојба, Судот по сопствена иницијатива одлучи да поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена во точката 1 под б) од оваа одлука затоа што основано се постави прашањето за нејзината согласност со Уставот и законот.

4. Судот на седницата утврди дека на 31 март 1999 година Советот на општина Битола донел Одлука за измени и дополнувања на Одлуката за определување висината на надоместок на членови на Советот за учество на седница на Советот и седница на работните тела на советот (која е оспорена со иницијативата).

Во член 1 од оспорената одлука е предвидено дека членот 2 од Одлуката се менува и гласи:

“На членовите на Советот на општина Битола, членовите на работните тела кои истовремено е и членови на Советот им се определува надомест во висина од 5.000,00 денари месечно.

На членовите на работните тела на Советот на општина Битола кои не се членови на Советот на општината им се определува надоместок во висина на дневници за службени патувања на работници во административните органи на Република Македонија.

Во член 2 од оспорената одлука е предвидено дека “На членови на Советот на општина Битола кои се истовремено и членови на работните тела на Советот на општината надоместокот нема да им се исплатува доколку неоправдано два пати едноподруго не присуствуваат на седница на Советот или на работните тела.

Во членот 3 е предвидено дека оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување и ќе се објави во “Службен гласник на општина Битола”.

5. На 14 февруари 2001 година Советот на општина Битола донел Одлука за измени и дополнување на Одлуката за определување висината на надомест на членови на Совет, за учество на седници на Совет и седници на работни тела на Советот.

Во член 1 од наведената одлука е предвидено дека

Во член 1 став 1 од Одлуката за измени и дополнување на Одлуката за определување на висина на надоместок на членови на Совет “Службен гласник на општина Битола” бр.2/99) во точката на крајот од ставот 1 се става запирка и се додаваат зборовите “како трошок направен во извршување на задачи за работа во Советот и соодветните работни тела…

Во членот 2 од наведената одлука одлука е предвидено дека “во членот 1 став 2 зборовите “кои не се членови на Советот на општина се бришат.

Во членот 3 од Одлуката е предвидено дека

Во членот 1, после став 2 се додава нов став 3 кој гласи:

“На претседавачот на Советот, покрај надоместокот од став 1, му се утврдува месечен надомест во износ од 5.000 ден. како надоместок на трошоци за секојдневно ангажирање на претседавачот по сите основи, а кои се во функција на координирање и насочување на работата на Советот и работните тела на Советот, како и координирање на активностите со градоначалникот, главниот архитект на градот и управните и административните органи на општината.

Во член 4 е предвидено дека се задолжува статутарно правната комисија на Советот да изготви пречистен текст на одлуката.

Во член 5 од одлуката е предвидено дека Одлуката влегува во сила со денот на нејзиното донесување, а ќе се објави во “Службен гласник на општина Битола”.

6. Според член 37 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.52/95 и 60/95) кој важел во времето на донесувањето на оспорената одлука членовите на советот имале право на надоместок на патните и дневните трошоци во со закон утврдени рамки, како и на трошоците направени и во извршувањето на задачите што им ги доверил советот.

Од наведената законска одредба произлегува дека членовите на советот имале право на патните и дневните трошоци, како и на трошоци што тие ќе ги направат при извршување на задачите што им ги довери и советот, при тоа со законот не се давало можност на членовите на советот и на претседавачот да им се определува паушален надоместок кој не е врзан за конкретна активност.

Според тоа, Законот за локалната самоуправа, што бил во сила во време на донесувањето на наведените одлуки, не предвидувал право на советниците на месечен паушал во фиксен износ.

Во членот 45 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02), членовите на советот имаат право на надоместок за присуство на седници и надоместок на патните и дневните трошоци во рамките утврдени со закон.

Имено, законодавецот го предвидува правото на надоместок на советниците за присуство на седници и на патните и дневните трошоци, со тоа што го врзува за рамки утврдени со закон.

Интервалот, пак, до донесувањето на овој вид закон, е уреден со одредбата од членот 100 од новиот Закон за локална самоуправа според која до донесувањето на законот од членот 45 од овој закон, членовите на советот ќе примаат надоместок за присуство на седница на советот без оглед на нејзиното времетраење, најмногу до 30% од просечната месечна нето плата во Република Македонија исплатена во последните три месеци, а надоместоците за патните и дневните трошоци ќе им се исплатуваат според прописите кои се однесуваат на др`авните слу`беници.

Од овие законски одредби произлегува дека законодавецот, со новиот Закон за локална самоуправа предвидува: право на членовите на советот да примаат надоместок за присуство на седница; и овој надоместок го ограничува со горен лимит: (најмногу до 30% од просечната нето месечна плата во Република Македонија исплатена во последните три месеци) и го задр`ува правото на советниците на надомест на патни и дневни трошоци кои, до донесување на посебниот закон ќе им се исплатуваат според прописите кои се однесуваат на др`авните слу`беници.

Имајќи ја предвид содржината на наведените одлуки наспрема одредбата од член 37 од Законот за сокална самоуправа кој важел во времето на донесувањето на одлуките како и член 45 и член 100 од Законот за локална самоуправа кој е во правниот поредок, Судот оцени дека и според стариот закон и според Законот кој е во сила членовите на Советот имале и имаат право на надоместок за присуство на седници, а не месечен надомест односно паушален надоместок, поради што тие не се во согласност со Законот за локалната самоуправа.

Воедно, Судот оцени дека претседавачот на советот односно претседателот на советот е член на советот и како таков може да има право на надоместок како и другите советници, но не и паушален надоместок.

7. Судот исто така оцени дека со оглед на тоа што во наведените одлуки е предвидено тие да стапат во сила со денот на донесување, а не по објавувањето во Службен гласник на општина, тие не се во согласност и со член 52 став 1 од Уставот според кој законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.

8. Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

9. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.48/2002
20 ноември 2002 год.
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов

Leave a Reply