Решение У.бр.152/2000

У.бр.152/2000

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 став 1 алинеја 3 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 септември 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на Деловникот на Собранието на Република Македонија и привремениот Деловник на Собранието на Република Македонија (“Слу`бен весник на Социјалистичка Република Македонија” бр. 37/75, 15/78, 13/82, 15/ 82, 14/86, 51/88, 46/89 и 3/91).

2. Светскиот македонски конгрес на Уставниот суд на Република Македонија донесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на Деловникот на Собранието на Република Македонија, поради тоа што Деловникот бил донесен пред донесувањето на Уставот на Република Македонија и тој кореспондирал со друг општествено политички систем.

3. Судот на седницата утврди дека Собранието на Република Македонија, врз основа на членовите 61 став 2 и 66 став 4 од Уставот на Република Македонија, на седницата донесе Деловник на Собранието на Република Македонија и тој е објавен во “Службен весник на Република Македонија” бр.60/2002.

Во завршните одредби, во членот 240 од Деловникот е утврдено дека со влегувањето во сила на овој деловник престанува да важи Деловникот на Собранието на Социјалистичка Република Македонија (“Службен весник на Социјалистичка Република Македонија”бр.37/75, 15/78, 13/82, 15/82, 14/86, 51/88 и 46/89) и Привремениот деловник на Собранието на Социјалистичка Република Македонија (“Службен весник на Социјалистичка Република Македонија”бр.3/91).

4. Согласно член 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Со оглед на тоа што оспорениот Деловник престанал да важи, постојат процесни пречки за одлучување на Судот по иницијативата, поради што Судот оцени дека иницијативата треба да се отфрли.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.152/2000
12 септември 2002 год.
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Тодор Џунов

Leave a Reply