176/2000-0-0

176/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 6 јуни 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 17 став 1 точка 1 и член 21 став 2 точка 1 од Законот за данокот на додадена вредност (” Службен весник на РМ” бр.44/99, 59/99 и 86/99).
2. Јовица Јовевски од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на членовите од Законот за данокот на додадена вредност означени во точката 1 од ова решение затоа што смета дека со пресметувањето на акцизите и другите давачки во основицата на данокот на додадена вредност, се воведува двојно оданочување по ист основ, што не било во согласност со Уставот.
3. На седницата Судот утврди дека член 17 од Законот ја утврдува структурата на даночната основа за ДДВ за промет во земјата, а член 21 основата на ДДВ за увоз на добра.
Во член 17 точка 1 е предвидено дека даночната основа (за промет во земјата) ги опфа?а: даноците, вклучувај?и ги акцизите, таксите, придонесите и другите давачки пропишани со посебни закони, освен ДДВ.
Во член 21 став 2 точка 1 е предвидено дека во даночната основа (за увоз на добра) се вклучуваат: царината, даноците, вклучувај?и ги акцизите, таксите, другите увозни давачки, освен ДДВ.
4. Според член 33 од Уставот секој е должен да пла?а данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон. Согласно член 55 став 2 од Уставот Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот.
Судот утврди дека во оспорените членови од Законот како основа за ДДВ, како данок на потрошувачка е утврдена пазарната цена односно вредноста на едно добро било при увозот, било при прометот, која ги опфа?а и давачките што ја оптоваруваат. На пр., ако некој става во промет акцизна стока, вредноста на акцизата ја формира цената на таа стока на пазарот за чиј промет треба да се плати ДДВ, исто како што ја формираат и придонесите или, ако се стави во промет увезена стока, и царината. ДДВ се применува на секоја фаза на прометот на добра од страна на стопанскиот субјект која во одреден момент може да се смета како крајна фаза, со тоа што секој нареден промет се оданочува со одбивање на претходно платениот ДДВ, така што во секој краен промет ДДВ е всушност 5% или 19%. Она што се нао?а во промет се појавува со определена цена која ги вклучува сите издатоци направени односно пресметани за да се дојде до таа цена. Во таа цена несомнено влегуваат како производствените, така и даночните трошоци или други оптоварувања кои надоместокот на цената треба да ги покрие.
Според мислењето на Судот, со ДДВ даночните обврзници ниту гра?аните како евентуални крајни потрошувачи, не пла?аат повторно некоја друга давачка што ве?е ја платиле (не пла?аат данок на данок, данок на такса, данок на придонес) туку пла?аат данок на прометот на едно добро чија вредност на пазарот ја формираат и претходно платените јавни давачки кои не се ДДВ. Притоа, Судот оценува дека оспорените одредби веројатно имаат импликации врз проблемот на висината на давачките, а не на системот на давачките, што особено се покажува при обидот акцизата и ДДВ технички да се раздвојат, кога едната давачка се зголемува на сметка на нејзиното изземање од основот на другата, што останува во сферата на фискалната политика.
Врз основа на изнесеното, Судот смета дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорените одредби со член 33 и 55 од Уставот и одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судии те Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.176/00
6 јуни 2001 година
С к о п ј е
сд/.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов

Leave a Reply