15/2001-0-1

15/2001-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 70/92) на седницата одржана на 6 и 21 јуни 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување устанностп на член 60 став 1од Законот за семејство (“Службен весник на Република Македонија” 6р.80/92 и 9/96).
2. НЕ СЕПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 70 став 2 од Законот означен во точката 1 на ова решение.
3. Васил Велковски од Скопје на Уставниот суд на РепубликаМакедонија муподнесеиницијатива заповедување постапка за оценување уставноста на член 60 став 1и член 70 став 2 од законот означен во точката 1 од ова решение. Според наводите од иницијативата од одродОичо на член 60 став 1 од законот, лроизлегува дека детето е ограничено во правото да може да води постапка за утврдување на татковство, а додека лицето кое се смета за татко е неограничено да води постапка за утврдување на татковство независно од возраста на детето. Според тоа решенијата содржани во законот по однос на ова лрашање го доведуваат во нерамноправна положба детето во однос на лицето кое се смета за татко на детето што е спротивно на член 9 од Уставот.Понтаму, во иницијативата се наведува дека член 70 став 2 според кој детето со тужба може да го оспори мајчинството до навршување на 21 година од живот исто така е во спротивност со Уставот.
4. Судот на седницата утврди дека во Законот за семејството прашањето на утврдување на татковство односно мајчинство е регулирано во членовите 51-63. Во спорениот члон 60 став 1 е предвидено дека детето родено надвор од брак тужоа
зарадиутврдувањенататковствоможедаподнеседо навршување на 21 година од животот.Од наведените законски одредби кои го регулираат прашањето на утврдување на татковство односно мајчинство надете родено надвор од брак произлегува дека на родителите им е признато неограничено право во текот на животот да можат да бараат утврдување на татковство односно мајчинство без оглед на возраста на детето, па дури и да го признаат со тестамент. Од друга страна, пак, детето родено надвор од брак при утврдување на татковство односно мајчинство е ограничено и тоа може да бара утврдување на татковство односно мајчинство до навршување на 21 година од животот.
5. Приоценување на уставноста на оспорените законски одредби од аспект на начелото на еднаквост и рамноправност во однос на коиистите исе оспоренисо
иницијативата, Судот смета дека пред се треба да се имаат во предвид односите кои се регулираат со Законот за семејство во целина, а посебно односите меѓу родителите и децата, каде како основни принципи врз кои се темели семејното право се принципот
наеднаквоста и рамноправноста, принципот на заштита на интересите на децата и принципот на заштита на семејството.Имено Судот смета дека семејно правниот однос како предмет на семејното право претставува специфична правна категорија во која доминација имаат лично правните елементи. кои се сведуваат на права и обврски меѓу членовите на семејството и тие се јавуваат како права и обврски од неимотен карактер (верност, помагање, почитување и друго) и права и обврски кои се од имотен карактер (право на издржување мегу брачните другари, како и меѓу родителите и децата) моѓу брачните другари и меѓу родителите и децата, при што утврдонито рокови во законот се меѓа за започнување или престанување на остварување на утврдените права, меѓутоа тие не треба да претставуваат пречка за остварување на одредени права.Со оглед на тоа Судот смета дека во конкретниов случај кај институтот на утврдување на татковство однооно мајчинство на дете родено надвор од брак, детето е ограничено да го оствари ова право до 21 годишна возраст во однос на родителите кои тоа право го имаат во текот на целиот свој живот, основано може да се постави прашањето за согласноста на оспорената одредба со начелото на еднаквост и рамноправност.Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 на ова решение.
6. Судот исто така утврди дека во Законот за семејство институтот на оспорување татковство односно мајчинство е регулирано во членовите 64-75. Во оспорениот член
70 став 2 од Законоте предвиденодека тужба заради оспорување на мајчинство детето може да поднесе до навршување на 21 година од животот.Наведените одредби со кои се уредува институтот на оспорување на татковство односно мајчинство произлегуна дека лицата кои се запишани во книгата на родените како родители на детето и лицата кои себеси се сметаат за татко односно мајка на детето може да поднесат тужба за оспорувањс на татковство односно мајчинство до полнолетство на детето. а додека, пак, кога детето поднесува тужба за оспорување на татковство односно мајчинство тој рок е до 21 година од возраста на детето.
7. Според член 40 од Уставот Републиката обезбедува посебна заштита на семејството.Ова начело произлегува од потребата за заштита на семејството од страна на опшеството преку неговите институти.Семејството несомнено претставува едно од фундаментите па со самото тоа и ако мала но најзначајна институција во општеството.Ако се има предвид дека човекот се раѓа, живее и воспоставува најразлични односи токму во рамките на семството сосема е јасно дека тоа.ја задржува и најважната улога во формирањето на неговата личност. Имеио семјството е најпогоден амбиент за развивање на меѓусебните чувства на љубов, приврзаност, почитување, но и како средина подоОна за развивање и остварување на културните потреби на поединецот . примарен фактор во развивањето на интелектуалните способности на поединецот. Според тоа имајќи ја предвид комплексноста на значењето и улогата на семејството како значаен сегмент во општеството законодавецот утврдил одредени рамки во насока на заштита на овој институт а со цел за остварување нп воспитната, образовната, економската. културната, социјалната и социјализаторската функција.Имајќи ја предвид наведената уставна одредба според која Републиката обезбедува посебна заштита на семејството Судот смета дека утврдувањто на условите и возраста на детето до кога тоа може да го оспорува мајчинството односно татковството како и до кога странките во спорот можат да го оспоруваат татковството односно мајчинството одат во насока на заштита на семејството односно заштита на веќе воспоставените односи на релација родители и деца.поради што Судот оценидека оспорената одредбанеевонесогласностсоУставоти одлучи како во точката 2 од ова решение.
8. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски. Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.15/2001
6 и 21 јуни 2001 година
С к о п ј е

Leave a Reply