151/2000-0-0

151/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВААТ членовите 6, 8 и 15 од Одлуката за утврдување на надоместокот за употреба на градежно зем|иште на подрачјето на Општина Зрновци, донесена од советот на Општина Зрновци на 7 мај 1997 година (“Службен гласник на
Општина Зрновци” бр.4/97).
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република МакедониЈа”.
3. Уставниот суд на Република Македонија, по повод иницијатива на Земјоделската задруга “Зрновка” Ц.О. од село Зрновци, со Решение У.бр. 151/2000 од 28 февруари 2001 година, поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на
одредбите од Одлуката означени во точката 1 на оваа одлука, затоа што се постави прашањето за нивната согласност со член 33 од Уставот на Република Македонија и со членовите 45 и 48 од Законот за градежното земјиште (“Службен весник на СРМ”
бр.10/79, 18/89 и 21/91 и “Службен весник на Република Македонија” бр.71/96 и 19/99).
4. Судот на седницата утврди дека со оспоренатаодлука се утврдува и пропишува обврска за плаќање надоместок за употреба на градежно земјиште на подрачјето на
Општина Зрновци за непосредните корисници на таквото земјиште, односно за носителите на правото на користење на недвижност, сопствениците на недвижностите и за носителите на станарското право.Во членот 3 е утврдена намената на средствата од употребата на градежното земјиште и тоа: за финансирање на изградба и одржување на комунални објекти и за уредување на градежното земјиште согласно однапред донесена програма.Според членот 4 од оспорената одлука обврзници на надоместокот се и правни и физички лица носители на правото накористење односно сопственици на згради односно дел од згради, а во членот 5 е определен кругот на субјектите што се ослободени од плаќање надоместок за употреба на градежното земјиштс.Според член 6 од Одлуката надоместокот за употреба на градежното земјиште се плаќа месечно и тоа по 40 денари од куќа, а во членот 8 е утврдена висината и начинот на плаќање на надоместокот за изграден нето корисен простор – дуќан и изнесува:а) до 30 м2 корисна површина по 6 денари од м2 и за секој нареден метар квадратен од 30 до 100 м2 50% од цената под “а”, од 100 до 200 м2 35% од цената под “а”, над 200 м2 25% од цената под “а”.6) за изграден нето корисен деловен простор, административен или производствен по 2,4 денари од м2 месечно, а за дворно место 3,5 по м2 месечно.Надоместокот утврден во членот 6 (по куќа) ќе го напатува КЈП “Водовод” – Кочани со сметката за вода, а наплатата на надоместокот за деловен простор ќе го врши Управата за јавни приходи при подрачната единица на Министерството за финансии Кочани.И според член 15 од Одлуката, оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен гласник на Општина Зрновци”.
5. Согласно член 33 од Уставот, секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.Според член 44 став 1 од Законот за градежно земјиште (“Службен весник на СРМ” 6р.10/79, 18/89, 21/91, 71/96 и 19/99) собранието на општината може да утврди надоместок за употреба на градежно земјиште според обемот и степенот на опременоста со комунални објекти и инсталации. Надоместокот за употреба на градежното земјиште, според членот 45 од Законот, се плаќа по единица површина посебно за градежно земјиште и посебно за изграден користен простор, а според член 48 од овој закон, висината на надоместокот за употреба на градежно земјиште се утврдува зависно од погодностите што определено земјиште му ги дава на корисникот (положбата на земјиштето во населбата или населеното место, сообраќајната поврзаност со центарот, снабденоста со комунални објекти и инсталции, рационалност на користење и други околности од значење за користење на тоа земјиште).Од наведените законски одредби произлегува дека општината при утврдувањето на висината на надоместок за употреба на градежно земјиште мора да ја има предвид зоната на земјиштето, како и погодностите што ги дава земјиштето на корисникот и во зависност од зонирањето на градежното земјиште и погодносите што ги дава, пред се од степенот на опременост на комуналната инфраструктура, да ја определи висината на надоместокот. Исто така, висината на надоместокот зависи дали тој надоместок се однесува на користен станбен, деловен и друг јавен користен простор или на градежно земјиште што е под објектот и што служи за редовна употреба на објектот (дворно место, паркинг и сл.). Според тоа, Законот недвосмислено ги воспоставил критериумите од што зависи висината на надоместокот, како и дека тој се плаќа по единица површина, и тоа посебно за градежно земјиште и посебно за изграден користен простор. Потребата, пак, од пропишување на различна висина на надоместок за употреба на користен изграден простор, односно за градежното земјиште, несомнен о произлегува од различноста на употребната вредност што ја има корисниот простор кој служи за становање, вршење на деловни работи и сл., за разлика од градежното земјиште што служи за редовна употреба на објектот. Меѓутоа, доносителот на оспорената одлука не ги имал предвид со Законот воспоставените критериуми за определување висината на надоместокот за употреба на градежното земјиште кога во членот 6 определил дека и надоместокот за користен изграден простор и за градежното земјиште што служи за редовна употреба на објектот да се плаќа месечно по 40 денари од кука.Исто така, доносителот не ги имал предвид воспоставените критериуми кога во членот 8 од Одлуката ја определил висината на надоместокот за нето користен простор – дуќан (под “а”) и за изграден нето користен деловен простор, административен и производствен, односно кога за висината на надоместокот воспоставил не само различни критериуми од оние кои важат и за граѓаните, туку се раководел од дејноста дали е во прашање дуќан, друг деловен простор или административен односно производствен. Со оглед на тоа што висината на надоместокот во членот 6 од Одлуката е определена по куќа (паушално) и со оглед на тоа што како основ за определување на висината на надоместокот во членот 8 е предвиден критериумот деловен, административен или производствен простор, односно висината на надоместокот се определува во зависност од дејноста што ја врши корисникот на градежното земјиште, Судот оцени дека овие одредби не се во согласност со член 33 од Уставот и со член 45 и член 48 од Законот за градежното земјиште.Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 на оваа одлука.
6. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски

У.бр.151/2000
18 април 2001 година
С к о п ј е

Leave a Reply