192/2000-0-0

192/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” 6р.70/92), на седницата одржана на 11 април 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценувањеуставноста на член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршната постапка (“Службен весник на РМ”бр.59/2000).
2. Адвокат Манчо Манчев од Кавадарци на Уставниот суд на Релублика Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбата од Законот означени во точката 1 на ова решение. Според наводите во иницијативата оспорената одредба од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршната постапка не била во
согласност со член 58 од Уставот на Република Македонија затоа што овозможувала во судовите да се вработуваат “лица овластени од судот” со што се повредувал принципот на стручност и компетентност во извршувањето, односно во преземањето на одделни дејствија за извршување и
обезбедување. Имено, дејствијата за извршување или обезбедување значеле. помеѓу другото, и одлучување по приговори и жалби и друго, а за тоа било потребно лицето да има соодветна стручна подготовка и работно искуство, а не само овластување од судот.Оспорената одредба не била во согласност со Уставот и затоа што овозможувала судот да вработува “на мала врата” без да ги почитува Законот за работните односи и колективните договири, како и Законот за државните службеници со што се создавала нееднаквост помеѓу граѓаните. Во оваа смисла оспорената одредба не била во согласност и со Законот за работните односи и коелективните договори и со Законот за државните службеници.
3. Судот на седницата утврди дека со оспорената одредба се дополнува точката 7 на член 14 од Законот за извршната постапка со тоа што по зборот судот се додаваат зборивите “или лице овластено од судот”, така што пречистениот текст на точката 7 на членот 14 од Законот за извршната постапка гласи:”изразот службено лице” означува вработен во судот или лице овластено од судот кое непосредно презема одделни дејствија за извршување или обезбедување”.
4. Според член 32 од Уставот на Република Македонија, секој има право на работа и слободен избор на вработување и секому под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.Во членот 58 од Уставот е предвидено дека сопственоста и трудот се основа за управување и одлучување, а според неговиот став 2, учеството воуправувањето и одлучувањето во јавните установи се уредува со закон и врз принципите на стручност и компетентност.Членот 14 од Законот за извршната постапка, кој е дополнет со оспорената одредба е во функција да го поЈасни значењето на одделни изрази употребени во овој закон Во точката 7 на член 14 од Законот е појасент изразот “служоено лице” и според оваа одредба изразот службено лице означува вработен во судот или лице овластен од судот. Според тоа, оспорената одредба, ниту другите одредби на член 14 од Законот, не може да се доведе во врска со вработување во судот, ниту пак, допушта вработување на нестручни и некомпетентни лица во судот кои прземеат извршни дејствија. Имено, според мислењето на Судот функцијата на членот 14 од Законот за извршната постапка е во поблиското уточнување на изразите кои Законот ги употребува да не 6и дошло до различно толкување на употребените изрази и не уредува прашања од раоотното законодавство. Исто така, Судот смета дека оспорената одредоа не може да се доведе во прашање ниту од аспект на нејзината уставност со член 58 од Уставот, затоа што стручноста и компетентноста е основа за управување и одлучување во јавните установи и служби, а правата од работниот однос се регулирани со членот 32 од Уставот.Со оглед на тоа што оспорената одредба од Законот не уредува прашање од работниот однс, ниту прашање за управување и одлучување во јавните установи и служби, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за нејзината согласност со член 32 и 58 од Уставот.Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 на ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од судија Олга Лазова во својство на заменик претседател на Судот и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.192/2000
11 април 2001 година
С к о п ј е

Leave a Reply