173/2000-0-1

173/2000-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” 6р.70/92), на седницата одржана на 31 јануари 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 2 став 2 во делот “и прописите донесени врз основа на овој закон”; член 20 став 3 во делот “надлежноста”; член 24 став 1 во делот “во висина и”; и на член 27 став 1 во делот “и прописите донесени врз основа на него”, од Законот за здравственото осигурување (“Службен весник на Република Македонија” 6р.25/2000).
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 9 став 1 под в) точка 3; член 13 став 1 точка 5 и 7; член 22 став 2 и член 84 став 1 точка 3 и 5 од Законот за здравственото осигурување.
3. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбите од Законот за здравственото осигурување означен во точката 1 и 2 од оварешение.Оспорените делови од одредбите кои упатуваат на примена на други прописи и општи акти на Фондот не биле во согласност со член 34 и член 96 од Уставот, затоа што правата од социјално осигурување може да се утврдуваат само со закон и колективен договор, а не и со други подзаконски прописи.Оспорените делови од одредбите кои содржат времено ограничување на користење на определени права не биле во согласност со член 8 точка 1 алинеја 8 и член 54 став 1 од Уставот, затоа што со нив се вршело противуставно ограничување на правата од здравствено осигурување.Член 84 став 1 точка 3 и 5 не биле во согласност со член 14 став 1 од Уставот затоа што со нив како битие на прекршок се пропишува дејствие што е спротивно на одредбите на општ акт на Фондот, наспроти правилото дека прекршоците мора да се предвидуваат со закон.
4. На седницата Судот утврди дека во член 2 став 2 од Законот се дефинира задолжителното здравствено осигурување кое се установува за сите граѓани на Република Македонија заради обезбедување на здравстени услуги и парични надоместоци врз начелата на сеопфатност, солидарност, еднаквост и ефективно користење на средствата под услови утврдени со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. Во член 20 став 3 од Законот е предвидено дека составот, надлежноста и начинот на работа на комисиите од став 1 и 2 (комисии за оценување привремена спреченост) се утврдува со општ акт на Фондот.Во член 24 став 1 од Законот е предвидено дека осигурениците имаат право на надоместок на патните трошоци ако се упатени да користат здравствени услуги надвор од Републиката, во висина и на начин утврдени со општ акт на Фондот.Во член 27 став 1 од Законот е предвидено дека правата од задолжителното здравствено осигурување во рамките на обемот на правата утврдени со овој закон и прописите донесени врз основа на него, осигурените лица ги остваруваат врз основа на здравствена легитимација и доказ за платен придонес.
5. Според член 34 од Уставот граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор. Согласно член 39 став 1 од Уставот на секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Од изнесените уставни одредби произлегува дека здравствена заштита на граѓаните се обезбедува преку систем на здравствено осигурување, како дел на социјалното осигурување во поширока смисла, и дека правата што од тоа произлегуваат се уредуваат со закон и со колективен договор. Во тој контекст, според мислењето на Судот, видот на правата, нивната содржина, траење, услови за остварување и сл. може да бидат предмет само на законски или одредби од колективни договори, но не и на подзаконски прописи со кои може само да се уреди начинот на остварување на тие права и други прашања што се однесуваат на извршување на законот односно колективниот договор.Тргнувајќи од овој принципиелен став, Судот оцени дека законското овластување со подзаконски пропис да се уредат условите за остварување на правата (член 2 став 2 и член 27 став 1), висината на определени надоместоци што е содржина на самото право (член 24 став 1) и надлежноста на комисиите основани со закон, ги надминува уставните граници за такво овластување, поради што пред Судот се постави прашањето за согласноста на одредбите од Законот означени во точката 1 од ова решение, со член 34 од Уставот на Република Македонија.
6. На седницата Судот утврди дека во член 9 став 1 под в) точка 3 од Законот е предвидено дека како основна здравствена услуга се смета и сместувањето и исхраната на придружник при неопходно придружување на дете до тригодишна возраст додека е на болничко лекување, но најмногу до 30 дена.Во член 13 став 1 од Законот се утврдува правото на надоместок на плата во повеќе случаи, меѓу кои и оспорените во точка 5 – негување на болен член на потесно семејство над тригодишна возраст, но најмногу до 30 дена, и во точка 7 – неопходно придружување на болно дете до тригодишна возраст додека е на болничко лекување, но најмногу до 30 дена.Во член 22 став 1 од Законот е предвидено дека во случај на подолго траење на привремената спреченост за работа до 12 месеци, лекарската комисија од член 20 став 1 на овој закон го упатува осигуреникот до надлежниот орган за оценување на работната способност, според прописите за пензиско и инвалидско осигурување. Во оспорениот став 2 на овој член е предвидено дека во случаите од став 1 на овој член осигуреникот има право на надометок на плата од средствата на Фондот до денот на утврдувањето на инвалидноста, но најмногу 60 дена од денот на упатувањето.Тргнувајќи од член 34 од Уставот, Судот смета дека е несомнено правото на законодавецот да утврдува определена политика, во случајов во здравството, и да ги димензионира правата на осигурениците во согласност со релевантни фактори за да оствари посакувано ниво на здравствената заштита во согласност со реалните можности. Тие прашања, пак, може да се разгледуваат во контекст на целисходност на решенијата, но не и во контекст на нивната уставност освен ако со нив во суштина не се негира самото право. Времетраењето на определени права , како што е случајот со правата од оспорените одредОи од Законот, е токму едно од тие прашања за кои Судот не може да дава сопствени проценки, а од друга страна тоа не имплицира повреда на принципите на еднаквоста на граѓаните или социјалната правда, дотолку повеќе што правото на овие надоместоци изворно го утврдува токму законот.Врз основа на изнесеното, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на означените одредби од Законот со Уставот на Република Македонија.
7. Конечно, на седницата Судот утврди дека во член 84 став 1 точка 3 и 5 е предвидено дека со парична казна од 50.000 до 150.000 денари ќе се казни за прекршок здравствена установа ако: точка 3 – спротивно на одредбите на овој закон или на општ акт на Фондот ги скуси или ги ограничи правата што му припаѓаат на осигуреникот и точка 5 – спротивно на одредбите на овој закон или на општ акт на Фондот наплати услуга, материјални трошоци или лекови, односно учество кога тоа не е предвидено, наплати повисоко учество од утврденото или не наплати учество кога тоа е предвидено.Според член 14 став 1 од Уставот никој не може да Оиде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна. Судот утврди дека прекршокот од точките 3 и 5 на член 8 од Законот е утврден со самиот закон. Тоа што во битието на прекршокот фигурира одредено постапување спротивно не само на законски правила, туку и на правила на фондот, не значи дека прекршокот е предвиден со акт на фондот. Оттука, оспорените точки на член 84 значат дека прекршок постои и кога установата односно нејзините службеници постапуваат спротивно на прописите на фондот, а последицата е ограничување на правото или давање право без основ. Со оглед на тоа што прекршокот е утврден и казната е предвидена со закон, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на член 84 став 1 точка 3 и 5 од Закомот со член 14 од Уставот.
8. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 и 2 од ова решение.
9. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор-Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.173/2000
31 јануари 2001 година
С к о п ј е

Leave a Reply