178/2000-0-0

178/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 31 јануари 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на
Партнерството за мир за статусот на нивните сили, објавен на 11 јуни 1996 година (“Службен весник на Република Македонија-меѓународни договори” бр.29/96 стр. Џ.) и- Договорот помеѓу страните во Северноатлантскиот договор за статусот на нивните сили, објавен на 11 јуни 1996
година (“Службен весник на Република Македонија – меѓународни
договори” бр.29/96, стр. ЏИЏ) и тоа членовите 1 – 8 од Договорот;
2. Надежда Дуковска од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбите од актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што нивната правна сила ги доведувала граѓаните на Република Македонија во
подредена положба, го рушела нивното достоинство и достоинството на државата, поради што тие акти не биле во согласност со членовите 1, 10 и 11 од Уставот.
3. На седницата Судот утврди дека со иницијативата всушност се оспорува содржината на меѓународните договори склучени помеѓу државите-членки на Северноатлантскиот договор, од една страна, и државите-учеснички во Партнерството за мир, од друга страна, како и помеѓу самите држави-членки на
Северноатлантскиот договор.
4. Со оглед на тоа што во член 110 од Уставот е определено Уставниот суд на Република Македонија да одлучува за согласноста на содржината на законите со Уставот и за согласноста на содржината на другите прописи со Уставот и со законите, како и за други таксативно наведени прашања, но не и за содржината на меѓународните договори, Судот утврди дека иницијативата е надвор од делокругот на Уставниот суд.Поради тоа, согласно член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.178/2000
31 јануари 2001 година
С ко п ј е

Leave a Reply