95/2000-0-1

95/2000-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 и член 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 15 ноември 2000 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ ПОНИШТУВА Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Кочани за 2000 година и тоа во делот под “е” што гласи
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во ” Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија, по повод поднесена иницијатива од Владимир Анастасов и други граѓани од Кочани, со Решение У.бр.95/2000 од 13 септември 2000 година поведе постапка за оценување законитоста на одредбата означена во точката 1 на оваа одлука, затоа што основано се постави прашањето за нејзината согласност со членовите 38 и 42 од Законот за градежното земјиште (“Службен весник на РМ” бр.17/96 и 18/99).
4 . Судот на седницата утврди дека според точката “е” од Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Кочани (“Службен гласник на Општина Кочани” март 2000 година), во делот што гласи: ” Инвеститорот кој ќе реконструира постоечки објект во смисла на подобрување на квалитетот на живеење и искористување на поткровниот простор ќе плати надоместок во висина од 15% од целокупната нето корисна површина на оверениот проект”, а во делот “начин на пресметување на нето корисна површина”, исто од Програмата, е предвидено дека во нето корисна површина се сметаат и подкровја и тоа во процент 75%.
5 . Согласно член 38 од Законот за градежното земјиште (“Службен весник на СРМ” бр.10/79, 18/89, 21/91 и “Службен весник на Република Македонија” бр.71/96 и 18/99), изградбата на станбени, стопански, комунални и други објекти, се врши на уредено градежно земјиште, а според ставот 2 на овој член, во случај кога градежното земјиште не е уредено, инвеститорот може на сопствен трошок да изврши уредување на градежно земјиште и нема обврска да плаќа надоместок за уредување на градежното земјиште за делот за кој финансирал.

Во членот 39 од Законот е предвидено дека, уредувањето на градежното земјиште се врши врз основа на програма која ја донесува советот на општината, врз основа на урбанистичкиот план а по претходна согласност на републичкиот орган на управата надлежен за работите на урбанизмот во делот на неговата надлежност.
Според член 40 од Законот, програмата за уредување на градежното земјиште особено ги содржи следниве елементи:
– подрачјето со поблиско определување на земјиштето
што се уредува;
– обемот на уредувањето и степенот на определува-
њето со комунални објекти и инсталации:
– пресметка на трошоците за уредување;
– изворите на финансирањето на уредувањето;
– начинот на здружувањето и насочувањето на
средствата за уредување, и
– динамиката на извршувањето на програмата.
Според член 42 став 1 од Законот, за доградба и надрградба на објектот се плаќа надоместок, а за поткровје не се плаќа надоместок за уредување на градежно земјиште, а во ставовите 3 и 4 на овој член е предвидено дека за градежно земјиште на кое се дозволува градба, а не се врши уредување на тоа земјиште, не може да се пропише обврска за плаќање на надоместок за уредување при издавањето на дозвола за градба. Тие односи се уредуваат тогаш кога ќе се почне со уредување на тоа земјиште.
И според член 43 од Законот, средствата остварени од надоместокот за уредување на градежното земјиште, се користат за намените утврдени со програмата.
Од смислата на означените законски одредби произлегува дека Законот за градежно земјиште како битен елемент при утврдувањето на обврската и висината на надоместокот за уредување на градежното земјиште ги зема стварните трошоци за уредување на градежното земјиште, а при тоа не е предвиден овој вид надоместок за реконструкција на постоен објект како и за поткровје.
Тргнувајќи од основните принципи на Законот, доносителот на Програмата – Советот на Општина Кочани со неа ги утврдил локалитетите на кои ќе се доделува градежно земјиште, градежни парцели и обем на уредувањето, висина на надоместокот, начин на пресметувањето на нето корисната површина, извшрување на неизвршените обврски и други активности. При тоа доносителот на Програмата утврдил обврска за плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште и за реконструкција на постоен објект во смисол на подобрување на квалитетот на живеење и искористување на поткровниот простор и тоа во висина од 15% од целокупната нето корисна површина на оверениот проект.
Со оглед на тоа што Законот не предвидува плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за реконструкција на постоен објект и за поткровје Судот оцени дека оспорените делови од програмата со членот 38 и 42 од Законот за градежно земјиште бидејќи овозможува наплата на надоместок за уредување на градежното земјиште и кога е во прашање реконструкција на постоен објкет за подобрување на условите за живеење.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
5. Ова одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен М ихајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски. (У.бр.95/2000)

Leave a Reply