42/2000-0-0

42/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 14 јуни 2000 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за утврдување воден надоместок за наводнување на земјоделско земјиште во наводнителните делници во “Кочанско Поле” за 1996 година, донесена од Работничкиот совет на Општественото водостопанско претпријатие “Брегалница” – Кочани, на седницата од 20 март 1996 година.

2. Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители на Македонија – Кочани, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение.

Според наводите во иницијативата одлуката била несогласна со Устав и со закон, затоа што била донесена од работничкиот совет кој немал таква надлежност и затоа што не содржела одредба за нејзино објавување.

3. Судот на седницата утврди дека оспорената одлука важела за 1996 година и дека со истекот на тој период всушност се исцрпело нејзиното дејство.

4. Согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по неа.

Со оглед на тоа дека со истекот на 1996 година, оспорената одлука престанала да произведува правно дејство, Судот оцени дека постојат процесни пречки за одлучување по неа.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски,д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.42/2000
14 јуни 2000 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов

Leave a Reply