11/2000-0-0

11/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 7 јуни 2000 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член 75 од Законот за радиодифузија (“Службен весник на Република Македонија” бр.20/97).

2. Јосиф Кованцалиев од Гевгелија на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на член 75 од Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што смета дека наплаќање на радиодифузната такса заедно со сметката за наплата на електричната енергија, нема уставен основ.

3. На седницата Судот утврди дека во оспорениот член 75 од Законот е предвидено дека радиодифузната такса се наплатува со сметката за наплата на електричната енергија врз основа на евиденцијата (регистар на радио и ТВ приемници) што ја води претпријатието од член 74 став 1 на овој закон.

4. Судот утврди дека оспорениот член од Законот веќе бил предмет на оценување од страна на Уставниот суд од аспект на истите причини изнесени во иницијативата и дека со решение У.бр.3/98 од 9.09.1998 година не повел постапка за оценување неговата согласност со Уставот.

Со оглед на тоа што Судот за истата работа веќе одлучувал, а не наоѓа причини за поинакво одлучување, согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд, одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.11/2000
7 јуни 2000 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов

Leave a Reply