78/1999-0-1

78/1999-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на РМ” бр.70/92), на седницата одржана на 2 февруари 2000 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВААТ
Одлуката за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план на ИИ станбена заедница – Тетово, донесена од Собранието на општина Тетово на 7 јуни 1995 година и Одлуката за усвојување на Деталниот урбанистички план за ИИ станбена заедница Тетово, донесена од Собранието на општина Тетово на 27 декември 1995 година.
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во ” Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесена иницијатива на Мердаим Зекири од Тетово преку полномошникот Крсте Ристовски адвокат од Тетово, со решение У.бр.78/99 од 24 ноември 1999 година поведе постапка за оценување законитоста на одлуките означени во точката 1 од оваа одлука затоа што основано се постави прашањето за нивната согласност со Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање (“Службен весник на СРМ” бр.38/85 и 18/89) кој важел во времето на нивното донесување.
4. Доносителот на оспорениот акт во одговорот на наводите по однос на решението за поведување постапка покрај другото наведува дека оспорените одлуки се донесени по спроведена законска постапка.
Во врска со прашањето дали во конкретниов случај по оспорените одлуки има докази дека била донесена нацрт одлука за измени и дополнување на планот и дали е донесено решение за ставање на јавен увид и јавна расправа, доносителот наведува дека задолжителната постапка околу водењето на постапката била доверена на Министерството за урбанизам и градежништво Подрачна единица – Тетово од причини што општината во тоа време немала посебна служба од областа на урбанизмот, па сигурно ова министерство ја има завршено работата исклучиво во рамките на законските прописи за што Судот е известен.
Од изнесеното произлегува дека Собранието на општината односно Советот на општина Тетово како овластен орган нема донесено нацрт одлука за измени на планот ниту решение за ставање на јавен увид и јавна расправа по нацрт измените како задолжителни елементи на постапката за донесување на планот.
5. Судот на седницата утврди дека во Одлуката за измени и дополнување на ДУП за втора станбена заедница донесена на 7 јуни 1995 година во член 1 е предвидено дека се вршат измени и дополнувања на ДУП, меѓу другото, и
– да се прошири улицата “Ѓорче Петров” на 5 метра,
– да се проектира изградба на индивидуални станбени згради од П+2 на делот од Населбата “Теќе” наспроти “Неметали” и ОУ “Неим Фрашери” каде што е предложено изградба на високоградба од П+4, зелени и слободни простори односно паркинг и
– да се прошири габаритот на куќата на Ул. “102” бр. 7 КП.бр.4085/48.
Понатаму во Одлуката е предвидено кои прилози ги содржи Урбанистичкиот план, што содржи текстуалниот дел на Планот кој го заверува Планот и каде се чува Планот.
Во Одлуката за усвојување на ДУП за ИИ станбена заедница е предвидено дека со оваа Одлука се усвојува ДУП за ИИ станбена заедница со извештајот за неприфатените забелешки од јавната расправа, што содржи графички и текстуални дел на Планот, кој врши заверка на Планот и каде се доверува Планот на чување.
6. Во однос на постапката што е спроведена пред донесување на оспорените одлуки Судот утврди дека Министерството за урбанизам и градежништво дало согласност на предлог-планот за измена на планот на ИИ станбена заедница врз основа на Одлуката за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план, извештајот од комисијата по однос на забелешките од јавниот увид и јавната расправа, одговор на приговорите изготвен од изработувачот на планот “Комуна проект” од Тетово, и предлог-планот за измена на Деталниот урбанистички план за ИИ станбена заедница – Тетово.
При разгледување на доставените документи беше констатирано дека Извештајот од Комисијата по однос на забелешките од јавниот увид и јавната расправа е од 3 април 1995 година, а Записникот од Комисијата е од 8 мај 1995 година.
Министерството за урбанизам – Подрачна единица Тетово достави писмено известување што Месната заедница “Теќе” од Тетово го доставила до Министерството за урбанизам од кој може да се види дека ДУП за ИИ станбена заедница бил на јавна расправа и Месната заедница има одредени забелешки од аспект на сообраќајното решение предвидено во Планот.
Ова Министерство достави и записници од Претседателството на Собранието и од Извршниот одбор од кои може да се изведе заклучок дека за Урбанистичкиот план било расправано, а има и документ од страна на Електростопанство на Македонија за енергетска согласност во однос на проектираната мрежа за овој Урбанистички план.
7. Согласно член 31 од Законот за системот на просто-рното и урбанистичкото планирање (“Службен весник на СРМ” бр.38/85, 18/89) кој важел во времето на донесувањето на оспорените одлуки, нацртите на плановите задопжително се ставаат на јавна расправа која се спроведува со излагање на плановите најмалку петнаесет дена во соодветна просторија на месната заедница, а забелешките на граѓаните и другите заинтересирани субјекти се доставуваат до органот на управата за работите на урбанизмот во писмана форма во рок од 15 дена од завршувањето на јавната расправа. Врз основа на прифатените забелешки од јавната расправа се подготвува предлог план.
Според член 33 од Законот, органот на управата надлежен за урбанизам му доставува на Републичкото собрание односно на Собранието на општината предлог на просторен, односно урбанистички план заедно со извештајот од јавната расправа со образложение за неприфатените забелешки.
8. Имајќи го предвид изнесеното, Судот утврди дека по оспорените одлуки за измена на Деталниот урбанистички план не е спроведена постапка согласно законот, односно Собранието на општината не донело решение за отпочнување на постапка за измена на планот ниту решение за ставање на јавен увид и јавна расправа по нацрт план во кој рок и каде ќе се одржи јавна расправа за ифнормирање на граѓаните, поради што одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
9. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Ј ован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.78/99
2 февруари 2000 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков

Leave a Reply