215/1999-0-0

У.бр.215/1999

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врзоснова на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија бр.70/92), на седницата одржана на 29.12.1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на член 2 став 3 и членовите 5 до 8 од Правилникот за времето и начинот на упатување на отслужување на воениот рок, одлагањето и прекинот на служењето на воениот рок и отпуштањето на војниците од постојаниот состав на АРМ (“Службен весник на Република Македонија” бр.34/92, 16/96).
2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одредбите од Правилникот означени во точката 1 од ова решение. Според наводите во иницијативата оспорените одредби не биле во согласност со членовите 28 став 1 и 96 од Уставот, членовите 60 и 61 од Законот за одбрана, како и со членовите 161 став 1 и 164 од Законот за органите на управата, затоа што со нив се уредувало прашањето за “одлагање на служење на воениот рок” за чие што уредување не била утврдена никаква основа ниту рамка во Законот за одбрана.
Имено, Законот за одбрана зборувал само за упатувањето на регрутите на служење на воениот рок, а не и за одлагањето на служењето на воениот рок, па затоа со оспорените одредби не се разработувале одделни одредби од Законот, но изворно и непосредно се утврдувало правото на одлагање на служењето на воениот рок и се пропишувало за тоа надлежност на министерството за одбрана што било директно во спротивност со член 161 став 1 и член 164 од Законот за органите на управата.
3. Судот на седницата утврди дека во оспорениот член 2 став 3 од Правилникот е утврдено времето на упатувањето на регрутите на отслужување на воениот рок од став 2 на овој член (од 15 до 20 во месеците јануари, април, јули и октомври) да може да се продолжи најмногу 10 дена во исклучителни случаи: стапување во брак, полагање на испит и смртен случај на член на потесно семејство.
Во оспорениот член 5 од Правилникот е утврдено во кои случаи и до кога најдоцна може служењето на воениот рок по барање на регрутот да се одложи, а во оспореникот член 6, пак, е утврден и рокот во кој што регрутот е должен да го достави барањето и доказите за одлагањето на служењето на воениот рок во случаите утврдени во членот 5.
Во оспорениот член 7 се утврдени случаите во кои, по исклучок, служењето на воениот рок, може по барање на регрутот да се одложи најмногу за една година, а во оспорениот член 8 е предвидено дека подносителот на барањето за одлагање на служењето на воениот рок, односно за доотслужување на воениот рок, не се упатува на служење на воениот рок додека не се донесе решение за тоа барање, освен ако подносителот на барањето во таа календарска година наполнува 26, односно 27 и 30 години живот.
4. Судот, исто така, утврди дека досега во три случаи, односно по три предмети ја оценувал уставноста и законитоста на Правилникот кои одредби се оспоруваат со оваа нова иницијатива. Имено, во првиот случај, по предметот У.бр.135/95 Судот ја оценувал уставноста и законитоста на Правилникот во целина, во вториот случај, по предметот У.бр.301/95 ја оценувал уставноста и законитоста на член 19 став 1 и во третиот случај,а по предметот У.бр.166/99 Судот ја оценувал уставноста и законитоста на одделни делови од одредбите на член 8 и 12 од истиот Правилник.
Во сите наведени предмети во кои Судот ја оценувал уставноста и законитоста на Правилникот за времето и начинот на упатување на отслужување на воениот рок, одлагањето и прекинот на служењето на воениот рок и отпуштањето на војниците од постојаниот состав на АРМ во целина или на одделни негови членови, не го проблематизирал правото на одлагањето на служењето на воениот рок утврдено во овој Правилник бидејки оценил дека уредувањето на ова прашање е во рамките на Законот за одбрана во чии одредби се содржани и основите за негово уредување и тоа особено во одредбите на членовите 60 и 61. Имено, според наведените членови регрутите на служење на воениот рок по правило се упатуваат најрано по наполнувањето на 19 години на живот, а по нивно барање може да бидат упатени и ако наполниле 18 години живот, а додека регрутите запишани на факултет, или на друга висока или виша школа или од други причини можат да се упатуваат најдоцна до наполнување на 26, односно 27 години живот, а по исклучок наведен во членот 61 став 2, регрутот може да биде упатен на служење на воениот рок најдоцна до крајот на календарската година во која наполнува 30 години живот. Значи, во овие членови од Законот директно или индиректно се утврдени случаите и времето да кога најдоцна може да се упатуваат регрутите на служењето на воениот рок и движејки се во тие рамки, во оспорениот Правилник министерот само поконкретно го утврдил времето и начинот на одлагањето на служењето на воениот рок во секој случај одделно.
5. Според член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ?е ја отфрли иницијативата ако за истата работа ве?е одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.
Имај?и предвид дека Уставниот суд по предметот У.бр.135/95 ве?е ја оценувал уставноста и законитоста на Правилникот во целина, а во тие рамки и на членовите кои се оспоруваат со наведената иницијатива, а кој што бил оспорен од истите причини поради кои се оспоруваат наведените членови во оваа иницијатива, и при тоа оценил дека во Законот за одбрана се содржани основи за уредување на односите што се предмет на уредување на Правилникот, и тоа поконкретно во членовите 60 до 65 од Законот, поради што со решение У.бр.135/95 од 1 јуни 1995 година не повел постапка за оценување на уставноста и законитоста, како и тоа дека Уставниот суд во предметот У.бр.166/99 посебно ја оценувал уставноста и законитоста на дел од членот 8 од Правилникот, кој што, исто така, е оспорен со оваа иницијатива и за тој дел, Судот исто така не повел постапка за оценување на уставноста и законитоста, Судот оцени дека во кон кретниот случај не постојат основи за поинакво одлучување.
6. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами , д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.215/99
29.12.1999 година
С к о п ј е
ат.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков

Leave a Reply