84/1999-0-0

84/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 став 1 алинеја 3 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 28 октомври 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на членовите 4, 5 и 6 став 1 и 2 од Одлуката за утврдување тарифен систем за превоз во градскиот и меѓуопштинскиот (приградски) превоз на патници бр.09-262/1 донесена од Советот на град Скопје на 15 февруари 1999 година (“Службен гласник на град Скопје” бр.3/99).
2. АТШ “МАК-ЕКСПРЕС” Скопје преку Васил Наумов адвокат од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одредбите од Одлуката означена во точката 1 од ова решение. Имено, оспорените одредби од Одлуката подеднакво се однесувале на Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје” – Скопје како јавно претпријатие и на приватните превозници. Со утврдувањето на фиксни, а не максимални цени во градскиот и приградскиот превоз се ограничувала слободата на пазарот и претприемништвото спротивно на членот 55 став 3 од Уставот според кој ограничувањето можело да се направи единствено со закон. Приватните превозници по правило требало сами да ги утврдуваат цените на своите услуги. Ова нивно право можело да се ограничи заради јавниот интерес на превозничката дејност со утврд ување максимална цена на услугата (за да можат да вршат превоз и со пониска цена ако така одлучат) но тоа право не можело потполно да се исклучи со утврдување на фиксна цена на услугата. Оспорените одредби од Одлуката не биле во согласност и со членовите 3 став 4, 11 точка 6 и 46 точка 3 од Законот за јавните претпријатија, со член 6 став 1 точка 15 од Законот за град Скопје и со членовите 33 став 1 алинеја 4 и 88 до 92 од Законот за превоз во патниот сообраќај.
3. Судот, на седницата утврди дека Уставни от суд на Република Македонија со Одлука У.бр.47/99 од 6 октомври 1999 година ја укина Одлуката за утврдување тарифен систем за превоз во градскиот и меѓуопштинскиот (приградски) превоз на патници бр.09-262/1 донесена од Советот на град Скопје на 15 февруари 1999 година. При тоа, Судот утврди дека со утврдување на цените на извршените услуги кои се наплатуваат во градскиот и приградскиот превоз во оспорената одлука, градот Скопје отстапил односно го надминал законското овластување од членот 33 став 1 алинеја 4 од Законот за превоз во патниот сообраќај и оцени дека оспорената одлука не е во согласност со наведениот член од Законот.
4. Согласно член 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други пречки за одлучување по иницијативата.
Со оглед на тоа што Судот ја укинал оспорената одлука, Судот оцени дека има процесни пречки за одлучување, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.(У.бр.84/99)

Leave a Reply