47/1999-1-0

47/1999-1-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 14 јули 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Одлуката за утврдување тарифен систем за превоз во градскиот и меѓуопштинскиот (приградски) превоз на патници (“Службен гласник на град Скопје” бр.3/99), донесена од Советот на град Скопје под бр.09-262/1 од 15 февруари 1999 година.

2. Стојков Владимир од Скопје и градоначалникот на општина Зелениково на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијативи за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката означена во точката 1 од ова решение. Според наводите во иницијативата поднесена од Стојков Владимир оспорената одлука не била во согласност со Уставот затоа што со неа била определена еднаква цена на услугите во градскиот и приградскиот превоз што ги вршат Јавното претпријатие за сообраќај “Скопје” и приватните превозници и затоа што цената била определена од Советот на градот Скопје со што се нарушувале принципите на пазарната економија и на слободата на пазарот.

Според наводите во иницијативата поднесена од градоначалникот на општина Зелениково оспорената одлука не била во согласност со член 17 став 1 точка 12 од Законот за локалната самоуправа и член 44 став 1 и 2 од Законот за превоз во патниот сообраќај затоа што според овие одредби градот Скопје немал овластување да го уредува превозот, а во тие рамки и тарифниот систем, во населените места кои се надвор од границите на градот и припаѓале во подрачјето на други општини, а според одлуката влегувале во ИИ и ИИИ зона за наплата на услугата за извршен превоз на патници. Имено, според наводите во оваа иницијатива уредувањето на овие прашања за дотичните населени места согласно напред наведените законски одредби, било во надлежност на општините на чие подрачје се наоѓале тие населени места, а не на градот Скопје, така што со нивното уредување од страна на градот Скопје било узуприрано ова право на тие општини.

3. На седницата Судот утврди дека основ за донесување на оспорената одлука е член 18 став 1 точка 15 од Статутот на град Скопје, член 6 став 1 точка 15 од Законот за градот Скопје и член 33 став 1 алинеја 4 од Законот за превоз во патниот сообраќај.

Според член 1 од Одлуката, со неа се утврдува тарифниот систем за превоз во градскиот и меѓуопштинскиот (приградски) превоз на патници, а особено се утврдуваат зоните и тарифата за секоја зона.

Во член 2 е утврдено дека на подрачјето на градот Скопје и општините на чие подрачје се врши превоз на патници согласно Одлуката за условите за вршење на линискиот градски и приградски превоз на подрачјето на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје” бр.9/91, 4/93, 8/94 и 6/96), се утврдуваат три зони за наплата на услугата за извршен превоз на патници и тоа:

И ЗОНА ги опфаќа сите утврдени линии во градскиот превоз и деловите на трасите на сите линии во приградскиот (меѓуопштински) превоз од терминалите на локациите Гранд хотел и Транспортниот центар Скопје до автобуските стојалишта кои ги означуваат границите на првата зона.

ИИ ЗОНА ги опфаќа деловите на трасите на сите утврдени линии во приградскиот (меѓуопштински) превоз од автобуските стојалишта кои ги означуваат границите на првата зона до автобуските стојалишта кои ги означуваат границите на втората зона.

ИИИ ЗОНА ги опфаќа деловите на трасите на сите утврдени линии во приградскиот (меѓуопштински) превоз од автобуските стојалишта кои ги означуваат границите на втората зона до крајот на утврдената линија.

Во член 3 се утврдени автобуските стојалишта кои ги означуваат границите на секоја од трите зони поодделно, а во членот 4 се утврдени тарифните броеви и тоа тарифен број 1 = 15 денари, тарифен број 2 = 25 денари и тарифен број 3 = 35 денари.

Во членот 5 став 1 од Одлуката е утврдено дека за извршени услуги во превозот на сите линии во рамките на И ЗОНА, како и за превоз на релација само во рамките на една иста зона (само во ИИ ЗОНА или само во ИИИ ЗОНА), се наплатува единствена цена по Тарифен број 1. Според ставот 2 од истиот член, за извршени услуги во превозот на релација која преминуа во две зони се наплатува по Тарифен број 2, а според ставот 3 исто така од истиот член, за извршени услуги во превозот на релација која преминува во трите зони се наплатува по Тарифен број 3.

Според членот 6 став 1 од Одлуката превозот на патници може да се врши само врз основа на билет на кој е означена цената на услугата за соодветната зона и бројот на зони во кои патува корисникот на услугата. Според ставот 2 од овој член, за непочитување на одредбата од претходниот став по вина на превозникот, на превозникот ќе му се одземе правото на одржување на соодветната линија, а според ставот 3 за непочитување на одредбата од став 1 на овој член од страна на корисниците на услугите, надлежната контрола на превозникот ќе го задолжи корисникот да плати билет чија вредност е 10 пати поголема од пропишаната за соодветната релација.

Во членот 7 од Одлуката е утврдена обврската на превозниците во рок од 3 дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука, на Градскиот комитет за урбанизам, комунално-станбени работи, сообраќај и заштита на човековата околина да му поднесат ценовник за услугите на превозот на секоја линија одделно, кој што орган исто така, согласно член 9 од Одлуката е задолжен за спроведувањето на оваа одлука.

4. Со член 55 став 1 од Уставот се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото. Согласно став 2 од истиот член Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот.

Според член 115 и член 117 од Уставот во единиците на локалната самоуправа односно во градот Скопје граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење, односно од значење за градот Скопје од повеќе области утврдени со Уставот и со закон, а меѓу прашањата утврдени со Уставот се и оние од областа на комуналните дејности.

Во член 17 став 1 точка 17 од Законот за локалната самоуправа во самостојна надлежност на општините како единици на локалната самоуправа е утврдено уредувањето на начинот на превоз во градскиот, приградскиот, односно локалниот сообраќај во согласност со закон, со тоа што според ставот 2 на овој член работите од ставот 1, значи и работите утврдени во став 1 точка 17, ги вршат и единиците на локалната самоуправа на подрачјето на градот Скопје, освен оние што се во надлежност на градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа утврдени со Законот за градот Скопје.

Според членот 6 став 1 точка 15 од Законот за градот Скопје, врз чија основа е донесена и оспорената одлука, Градот Скопје самостојно го уредува начинот на превоз во градскиот и меѓуопштинскиот сообраќај во согласност со закон.

Според Законот за комуналните дејности (“Службен весник на Република Македонија” бр.45/97) јавниот градски и приградски превоз, под што се подразбира превоз на патници на линии во градови и други населени места, освен превозот со железница, е комунална дејност чие вршење е од јавен интерес (член 2 и 3 став 1 точка 5). Посебните услови и начинот на вршење на оваа дејност согласно член 6 од овој закон се уредуваат со закон па во таа смисла наведените прашања се уредени со Законот за превоз во патниот сообраќај (“Службен весник на Република Македонија” бр.7/99 – пречистен текст). Според член 2 точка 20 од овој закон “приградски превоз” е линиски превоз што се врши на подрачјето на градот и неговата околина и е наменет за дневна миграција меѓу град и населби што гравитираат кон него и претставува целина, а според точката 21 од истиот член “градски превоз” е линиски превоз што се врши на линии на урбанизираното подрачје на градот.

Условите и начинот на вршење на градскиот и приградскиот превоз посебно се уредени од членовите 38 до 46 од овој закон и во тие рамки е утврдено дека овој вид на превоз можат да го вршат правни лица кои ќе добијат лиценца за вршење на таков превоз. За добивање на лиценца правното лице мора, покрај условите предвидени во членот 7 (да е регистриран за вршење на оваа дејност, да има во сопственост, под закуп или лизинг одреден број на регистрирани возила, да ги има намирено јавните давачки во врска со вршење на дејноста, да има обезбедено соодветен простор за паркирање и одржување на возилата) да ги исполнува и условите предвидени во член 39 од овој закон. Понатаму, е утврдено дека превозникот може да отпочне со вршење на линиски превоз на патници во градскиот и приградскиот сообраќај откако ќе утврди и регистрира возен ред кај надлежниот орган во општината, односно градот Скопје и дека превозникот е должен да се придржува на регистрираниот возен ред и редовно да ја одржува линијата (член 40). Во членот 41 и 42 од Законот е утврдена и обврската на превозникот во возилото секогаш да има лиценца и регистриран возен ред во оригинал или заверен препис и качување и слегување на патници да се врши на автобуските стојалишта согласно со утврдениот и регистриран возен ред.

Во член 43 од Законот е утврдено општината, односно градот Скопје да го уредува превозот во градскиот и приградскиот сообраќај, при што особено ги уредуваат прашањата што се таксативно наброени во самиот овој член, а меѓу тие прашања е и утврдувањето на тарифниот систем и системот на наплата.

Во поглед на организацијата и начинот на вршење на јавниот превоз на патници во градскиот и приградскиот сообраќај, како дејност од јавен интерес, Законот во член 45 содржи решение според кое општината односно градот Скопје за вршење на овој вид на превоз може да основа јавно претпријатие, а вршењето на оваа дејност може да го довери и на друго правно лице кое ги исполнува условите од овој закон.

Од аспект на наводите во иницијативата на градоначалникот на општината Зелениково битен е и членот 44 од Законот според кој за превозот на патници што се врши на релации меѓу населени места на новонастанатите општини и општините од кои произлегле, општините можат да склучат спогодба за заедничко организирање на овој вид на превоз, а доколку не склучат таква спогодба линискиот превоз на патници ќе го организира Министерството за сообраќај и врски.

Од наведените уставни и законски одредби произлегува дека градот Скопје е овластен да го уредува освен градскиот, и приградскиот превоз, а во тие рамки да го утврдува и тарифниот систем и системот на наплата и на овој вид на јавен превоз, дотолку повеќе што приградскиот (меѓуопштинскиот) превоз се врши на подрачјето на градот и неговата околина и е наменет за дневна миграција на граѓаните меѓу градот Скопје и населените места во општините кои природно гравитираат кон градот и претставуваат една целина.

Имајќи го предвид наведеното, Судот утврди дека наводите на градоначалникот на општина Зелениково изнесени во неговата иницијатива за оценување на законитоста на оспорената одлука, според кои Советот на градот Скопје спротивно на одредбите од Законот за локалната самоуправа и член 44 од Законот за превоз во патниот сообраќај уредил прашања за кои тој не е надлежен, се неосновани и неиздржани, поради што и од аспект на наводите од оваа иницијатива не може да се постави прашањето за согласноста на оспорената одлука со означените уставни и законски одредби.

Меѓутоа, пред Судот се постави прашањето дали наведените прашања со оспорената одлука се уредени во согласност со Уставот и Законот за превоз во патниот сообраќај, односно дали со начинот на нивното уредување Советот на градот Скопје не ги надминал своите овластувања во тој поглед. Во тој контекст како најважно се постави прашањето дали законското овластување на градот Скопје да го утврдува тарифниот систем и системот на наплата за превоз во градскиот и приградскиот сообраќај во себе го содржи и правото на градот Скопје да ја определува и поединечната цена на услугите на јавното сообраќајно претпријатие, што градот го основало за вршење на оваа дејност, како и на другите превозници (приватни) што го вршат овој вид на превоз, имајќи предвид дека во оспорената одлука меѓу другото е утврдена и единствена цена на услугите за секој патник, во зависност од зоната во која се врши превозот, односно услугата и дали со вака утврдената цена се повредува слободата на пазарот, гарантирана со Уставот на Република Македонија.

Во одговор на поставеното прашање Судот најпрво тргна од самата формулација на одредбата на член 44 став 1 алинеја 4 од Законот за превоз во патниот сообраќај-пречистен текст, односно на член 33 став 1 алинеја 4 од основниот текст на истиот закон, што претставува еден од основите за донесување на оспорената одлука.

Имено, ако се има предвид самата формулација на наведената законска одредба произлегува дека таа зборува за утврдување на тарифен систем, а не за утврдување на тарифа на услугите, така што според јазичното толкување на оваа одредба тоа би значело дека во конкретниот случај не се работи за овластување на општината, односно градот Скопје директно да ја утврдува тарифата, односно цената на овие услуги, какво што овластување им е утврдено во однос на авто-такси превозот (член 57 став 2 од Законот), туку да го утврди само тарифниот систем, односно начинот (системот) на утврдување на цените, кој што ќе е единствен за сите превозници во градскиот и приградскиот превоз. Имајќи предвид дека и самиот закон за одделните овластувања на општините и Градот Скопје употребува два различни термина – тарифен истем и тарифа, произлегува дека и намерата на самиот законодавец преку овие различни термини, односно норми, била да обезбеди и различна цел односно интерес во овие два вида на јавен превоз.

Од друга страна, ваквото толкување на смислата и суштината на наведената законска одредба произлегува и од самото значење кое терминот “тарифен систем” го има во научна, односно теоретска смисла. Имено, и од научен, односно теоретски аспект утврдувањето на тарифен систем претпоставува утврудвање на критериуми и елементи за определување на тарифата на услугите во јавниот градски и приградски сообраќај, односно со тарифниот систем треба да се утврдат основи и рамки во кои треба да се вклопат сите превозници при утврдување на поединечната цена на услугите што тие ги пружаат.

При тоа, според науката и теоријата, а и од практиката на земјите со развиено пазарно стопанство, кон какво стопанство се стреми и нашата држава и тоа преку глобалните определби утврдени во Уставот на Република Македонија, како и нивното операционализирање и дефинирање во законите, како правна рамка за функционирање на пазарното стопанство во наши услови, конкуренцијата на субјектите во јавниот сектор се ограничува со неколку методи, односно типа на интервенции и мерки од страна на државата, а со оглед дека се работи за субјекти односно претпријатија кои ги задоволуваат потребите на граѓаните, потрошувачи и корисници на нивните стоки и услуги, кои се од јавен интерес. Оттука, овие претпријатија не се насочени и нивна првенствена цел не е создавање на профит, но примарно е и континуирано и непречено задоволување и обезбедување на јавниот интерес кој што претставува и основа, а истовремено и нужност, државата да регулира и одделни сегменти од работењето на претпријатијата што вршат јавноуслужни дејности, без оглед дали се тие државни, односно локални или приватни. Така, еден од облиците на државната регулација во овие области на стопанството е и ценовната регулација која теоретски може да е директна, со утврдување на цените (тарифите) на услугите или индиректна, со утврдување на критериуми и елементи, врз основа на кои овие претпријатија ќе ја утврдуваат цената на своите услуги. Ова се со цел да се сугерира некое ниво на цени кои, од една страна, ќе обезбедат рентабилност во работењето на претпријатието, а најмалку до проста репродукција на капиталот, а од друга страна, цени кои ќе се достапни за граѓаните и на тој начин тие ќе се заштитат од превисоките цени кои можат да ги репродуцираат пазарните законитости во услови на слободно пазарно стопанство, доколку државата, со вакви или слични мерки не интервенира.

Тргнувајќи од изнесеното, а имајќи предвид дека во конкретниот случај во оспорената одлука, градот Скопје, освен другите прашања, во членот 4 и 5 конкретно ја утврдува и тарифата, односно цената на услугите во градскиот и приградскиот превоз произлегува дека ваквото регулирање отстапува од законското овластување на членот 33 став 1 алинеја 4 од Законот за превоз во патниот сообраќај, поради што пред Судот основано се постави прашањето за нејзината согласност со овој член од Законот.

5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.47/99 ПРЕТСЕДАТЕЛ
14 јули 1999 година на Уставниот суд на Република
С к о п ј е Македонија
ли. Д-р Милан Недков

Судија-известител,
Бесим Селими

У.бр.47/99
14 јули 1999 година
С к о п ј е
ли.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков

Leave a Reply