68/1999-0-0

68/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 31 март 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на Законот за исплата на платите во Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/94, 62/95 и 33/97);

2. Васил Велковски од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што Законот се уште се применува иако според неговиот член 13 тој требало да важи само до исплатата на платите за месец декември 1995 година, а не и после тоа, поради што Законот не бил во согласност со Уставот.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со неа се бара да се оцени дали Законот може се уште да се применува, а тоа прашање, пак, според член 110 од Уставот, не е во надлежност на Уставниот суд.

Поради тоа, а согласно член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Судот, се одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр. 68/99 ПРЕТСЕДАТЕЛ
31 март 1999 година на Уставниот суд на Република
С к о п ј е Македонија
ли. Д-р Милан Недков

Судија-известител,
д-р Стојмен Михајловски Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 31 март 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на Законот за исплата на платите во Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/94, 62/95 и 33/97);

2. Васил Велковски од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што Законот се уште се применува иако според неговиот член 13 тој требало да важи само до исплатата на платите за месец декември 1995 година, а не и после тоа, поради што Законот не бил во согласност со Уставот.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со неа се бара да се оцени дали Законот може се уште да се применува, а тоа прашање, пак, според член 110 од Уставот, не е во надлежност на Уставниот суд.

Поради тоа, а согласно член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Судот, се одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр. 68/99
31 март 1999 година
С к о п ј е
ли.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков

Leave a Reply