153/1998-0-0

153/1998-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 71 и член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 11 ноември 1998 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план за населба “Дреновец” и Одлука за негово усвојување, донесени од Советот на Општина Тетово.

2. Група граѓани од Тетово, жители на населба “Дреновец” на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлуките означени во точката 1 на ова решение, затоа што биле донесени во постапка спротивна на Законот за просторно и урбанистичко планирање.

3. Судот на седницата утврди дека Советот на Општина Тетово воопшто нема донесено такви одлуки.

4. Согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија Судот ќе ја отфрли иницијативата доколку постојат други процесни пречки за одлучување по неа.

Со оглед на тоа што оспорените одлуки воопшто не се донесени и како такви не постојат, Судот оцени дека постојат процесни пречки за одлучување, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.153/98)

Leave a Reply