142/1998-0-0

142/1998-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 16 септември 1998 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиспитување на Решението У.бр.74/98, донесено од Уставниот суд на Република Македонија на седницата одржана на 10 јуни 1998 година.

2. Душан Тренески од Кичево, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива со која бара да се преиспита Решението на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.74/98 од 10 јуни 1998 година, со кое не се поведува постапка за оценување законитоста на Одлуката за измени и дополнувања на Деталниот урбанистички план за населба “Чифлик” – Општина Кичево, бр.08-785/8 донесена од советот на Општина Кичево на 30 јуни 1997 година. Како причина за преиспитување на оспореното решение, подносителот на иницијативата го наведува неговото незадоволство од таквото решение.

3. Судот на седницата утврди дека со наводите во иницијативата не се изнесуваат нови факти и околности кои би влијаеле за донесување поинаква одлука, поради што, согласно член 28 аллинеја 2 од Деловникот, одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.142/98)

Leave a Reply