89/1998-0-0

89/1998-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 27 мај 1998 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиспитување на Решението У.бр.45/98, донесено од Уставниот суд на Република Македонија на седницата одржана на 8 април 1998 година.

2. Независниот синдикат на сообраќајниот персонал на железничарите на Македонија, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива со која бара да се преиспита Решението на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.45/98 од 8 април 1998 година, со кое не се поведува постапка за оценување уставноста и законитоста на членовите 46, 47, 51, 117, 118, 143 и 145 од Колективниот договор на Јавното сообраќајно претпријатие “Македонски железници”-Скопје. Како причина за преиспитување на оспореното решение, подносителот на иницијативата го наведува неговото незадоволство од таквото решение.

3. Судот на седницата утврди дека со наводите во иницијативата не се изнесуваат нови факти и околности кои би влијаеле за донесување поинаква одлука, поради што, согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот, одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.89/98)

Leave a Reply