197/1997-0-0

197/1997-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 22 април 1998 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВААТ Задолжителните насоки бр.03-471/1 за воспоставување и одржување на катастарот на недвижностите, како и одржување на катастарот на земјиштето во врска со одржаниот семинар на 21 и 22 ноември 1996 година во Скопје, донесен од директорот на Републичката геодетска управа во декември 1996 година.

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

3 Стоименовиќ Никола од Скопје, а Уставниот суд на Република Македонија, му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од оваа одлука, затоа што основано се постави прашањето за неговата уставност и законитост.

4. Судот на седницата утврди дека со оспорените насоки се уредуваат условите и начинот за запишувањето во катастарот на земјиштето и објектите изградени на истото, како и правата на сопствениците на изградените објекти врз земјиште што е државна сопственост и прашањата за постапување по барањата на поранешните сопственици на кои не им биле одземени правата на користење на земјиштето со формален акт на надлежен орган и во постапка предвидена со пропис.

5. Согласно член 52 став 1 од Уставот на Република Македонија законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.

Ставот 2 на овој член од Уставот предвидува законите и другите прописи да се објавуваат во “Службен весник на Република Македонија”, најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.

Со оглед на тоа што оспорените насоки, по нивното донесување, не се објавени во “Службен весник на Република Македонија”, Судот оцени дека не се согласни со означениот член од Уставот на Република Макдонија, поради што одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

5. Оваа одлука Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Јован Проевски д-р Стојмен Михајловски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.197/97)

Leave a Reply